Ако некој сакаш и ти е драг, на крај памет нема да ти дојди да го изневериш. И то не само физичко изневерување, не само со човек. Изневерување можи да е лажење. Криење. Секс со друг. Секстинг со друг. Било какво изневерување на довербата. Е сега замисли најдрагата личност на свет ова да ти го прај. Гром од ведро небо. Знам осакатени луѓе ради ова, мава на психа. Така да ако ви е во природа, земете си ја природата и носете се кај сакате оти не заслужвате некој да ве сака и да се грижи за вас. Оти ако сакаш некој активно ќе пробваш да не го повредиш, а не "Не Го ОбВиНвАј НеГо" - копилето изневери и нема друг виновен, тој и само тој е виновен; и "мАшКа ПрИрОдА" - да ви се плукнам во апатичноста кон партнерот. Нема аМа МаШкА пРиРоДа. А п а т и ч н о с т.
Се разжестивме на темава, не е до природата туку до тоа на што човек ќе се посвети. За изневерување лесно е, што потоа ? Никој никого не вара, само сам себе. Типов во случајов ептен претерал и не наелектризира овде здраво.
До природата е. Природно, не сме моногамни, ама имаме церебрален кортекс, кој не дели од животните и ни дозволува да одлучуваме за своите постапки. Природно е да те привлекуваат други луѓе. А што ќе правиш во врска со тоа, од секој посебно зависи. Пошто не сме сите исти, природно е да има и такви, кои ќе следат инстинкти, а не логика.
Не е природно за човек да биде паразит, затоа што во овој случај, тој се однесува како типичен паразит или како син да и е. Не му одговара жената, му одговара комодитетот. И се под плашт, срамежлив, има проблем, каква природа е таа , нагрбачи се некому. А не е ни срамежлив ни има проблем во јавна куќа, на нет ... Што вежбал машкост а? Не е тоа човечки и затоа кон него и не треба човечки однос. Ајде ќе речеш згрешил еднаш, ако увидел што направил таа немало ни да дознае. Ама овој фраер, душа напатена. И кога ќе каже некој ама сите прават така,а бе сите ако сакаат и во Вардар нека скокаат, ти гледај ти што правиш.
немам капацитет да прифатам дека злоупотреба е природна работа. Каква и да е причината и не знам што.
Знам.. затоа и постојат концептите на 'Зло' и 'Добро'. На луѓето им е полесно да се дистанцираат од луѓе кои девијантно се однесуваат и со тоа да се убедат себе си дека е во прашање некое таму 'Чудовиште', а не обичен човек ко нив.
Прво многу лоша генерализација, од каде тие 90%? Второ лош начин на кој сакаш да ја намалиш неговата одговорност од неверствата со тоа што го оправдуваш дека не станува збор за емоционално неверство. Како и да е тој ја изневерил во повеќе наврати, а во меѓувреме ја убедува дека најмногу ја сака неа и со неа му е најубаво. Нели е тоа врв на лицемерието? Ако му е најубаво со неа, нема да имал потреба да кисне во јавна куќа како што и признал на крајот се' како било и што направил. Може се кае, ама довербата тешко се создава, а уште потешко се враќа назад, така што тоа што си дробел сега ќе го срка.
Не станува збор таква перцепција, се разбирам, сите правиме грешки но, такво нешто не оправдувам и не барам начин да го исперам со ниедна психологија. Нема луѓе што се само добри или само лоши, меѓутоа за се треба да се има мерило и обзир за другата страна.
Природна е нашата желба за истражување, осознавање, исполнетост и тн. И се е малтене свесен избор, сакале ние да си признаеме или не. И ова низ што минува женава еден ден ќе каже, фала што ме научи за што вреди да се борам. Тешка школа ама тоа е.
Знам дека надвор од тема е, ама ова ми падна во очи. Не функционира реалноста вака. Можеме што сакаме да кажиме во лутината и да се заканиме со што било, ама таткото законски има право да го гледа детето и после развод . Испаѓа празна закана и блеф. Ти може и ич да не го видиш, но за детето судот ќе одреди. Сурово е сопствено дете да го труеш психички до толку што нема да сака да си го види таткото. Едно е на 18 години да избере така, а друго е ради неверство било кој родител да спречува контакт со другата страна. Значи, не те напаѓам, само забелешка како функционира во стварност. Немам лично искуство , само од познати луге.
А зашо се женеш ако сакаш на страна да си ебнеш или поудобно ти е дома да имаш слугинка а надвор шо сакаш да праеш а таа истата деца да ти раѓа биди слободен и еби колку сакаш бе брат нити се криеш ни ништо. Па ако според тебе машката природа е да биде ловец и да изневерува да ебе се шо му е под рака која е женската природа да го чека дома?
Јас да сум на твое место кога ќе го грабнам и ќе му речам дај прај ми тоа што го гледаш на порничите и така затворени во спална цел ден и нема неможам да го грабнеш цел ден без престан Прашање е дали ќе му текне пак да гледа порничи
Јас и камшик и лисици би додала, па не ми е по ќеиф удри по газ со камшикот. Има бре да го научам како да ми удоволи па што сака нека бидне
Кај мажите, барем гротo, да не вадам проценти пошто ептен сте по статистика па треба да докажувам, сексот и љубовта немаат допирни точки. Така да воопшто не ми е чудно да ја сака неа и да има сексуални фантазии за други.