Барем си искрена, со сама себе, не е поради тоа што го сакаш. Јас не гледам зошто да бришеш било што, тоа е дел од твојот живот, имало и добро имало и лошо. Секоја чест што уште му веруваш, ме чуди што не си бесна, немој да запаѓаш во депресија и апатија. Така си решила, така прави. Не сме сите исти, секој си е приказна за себе. Јас сум го слушнала ова, зарем ова време се ќе фрлиш, јас да, и кога ќе дојде до таа точка тој не би ни знаел. Немам јас ваков капацитет како тебе, ни величина. Само едно запамти, тој што по било која линија злоупотребува, не мора да ти е маж, тој со твојата љубов, твојата грижа, со тоа убива. Порано или покасно секој заслуженото го добива. Чувај се девојче.
Свака част на силата да му дадеш шанса после понизниот потег со јавните куќи. Али, нејсе тоа е твој живот, твој избор и твоја одлука. Јас би ги избришала и годините и времето и плачењето со таков неверен човек, кој не верува во сопствената верност уште помалку во твојата великост. Секое добро.
Ако си решила да простиш, оставете се' зад вас. Секој заслужува шанса, заслужувате и вие двајца да сте среќни, посвети си се на себе, посвети се на него и тој така треба да прави. Но што и да ви се случува секогаш внимавајте да имате добра комуникација, со отворен разговор и отворени карти се е полесно и немој да му пререкуваш за тоа што било. Ако на моменти ти е тешко добро е и да посетиш психолог, да се олесниш од сиот товар кој се нафаќаш да го носиш на твој грб.
Тоа што го направи тој не е за простување. Кога ќе се сетам ќе си седнеме со кафе и долго ке си разговсравме за нашата иднина. Разговори за проблемот што сеуште не можеме да добиеме дете, планирање на иднината.. Можеше да се разговара со него, беше и добар сопруг и пријател и подршка. Никогаш не би помислила дека е тоа ми го прави зад грб, бидејќи е мирна личност. Тој станува затворена кутија само кога е виновен, баш е мудар.
Мора да си многу вљубена и добра личност за да простиш вакво нешто .Дај Боже да ви успее бракот ,со вистинско покајание се е можно .Јас да сум бурно ќе реагирам ама секако ќе попуштам ама прво има душата да му излезе
Се зависи од него што и како ке биде понатаму. Ако вистински се кае мислам дека би можело да биде добро, да имаме добра иднина да си ги оствариме нашите соништа, но ако повторно тргне по тој пат, дефинитивно без око да ми трепне ќе биде крај. Сега само молам бога да биде се во ред. Ви благодарам на подршката и на прекрасните зборови.
Секоја чест за големата храброст и сила да дадеш втора шанса по се што направил . Јас не би можела ниту да го погледнам мм кога би открила такви работи . Би ми се гадел искрено . Но , гледам дека ти имаш големо срце , и си решила да дадеш уште една шанса , и тоа е сосема во ред . Без разлика на се , посвети си внимание на себе , секако и на твојот сопруг , оставете го овој тежок период зад вас и почнете ново поглавје во животот . Како што кажаа и членките погоре , кога ти е тешко посети си психолог , за разговор чисто да си ја олесниш душата . Ќе ти биде од корист и тебе , ќе имаш со кој да се посоветуваш . Сега , се надевам дека твојот сопруг ја научил лекцијата и од сега па натаму ќе внимава на своите постапки и ќе биде отворен со тебе , дека за се ќе разговара . Сепак , и годините заедно не се малку , па редно е и тој да вложи нешто во таа ваша заедничка иднина . Ако не финансиски ( не знам како стоите , а и не е важно тоа ) барем да ти биде психичка и физичка поддршка , како за домот , така и за борбата за добивање на бебенце . Тој треба да се бори рамо до рамо со тебе , во секое искушение во животот . А не при првата поголема пречка да сврти грб и да замине по матни работи . Со среќа , и секое добро . На крајот од денот , тебе совеста ќе ти биде мирна и чиста .
Чекај ти можеби ке ти побелее косата додека тој се смене. Гледај си бре за себе каков маж, што ти треба тој маж да те канале само?
Не е храброст. Прегазување на себе си е. Ама ако не може/не знае/не сака поинаку... со среќа нека и' е.
Дали добро разбрав? Женава има тешка физичка работа за да им овозможи и на двајцата удобен живот, поради тоа се запоставила себеси, а типот ги троши парите во јавна куќа?!? Каде да си најдам и јас една оваква жена? Мејкап, сонце, колку и да си приврзана со некој, можеш без него да продолжиш во животот и еден ден да дојдеш до степен да ти биде никој и ништо, како да не се случило, ти гарантирам! Сепак, твој живот и твоја одлука. Од дното на душава ти посакувам типот навистина да се покајал, да се смени и да те држи на дланка, да те третира со репсект каков што заслужуваш и да ти ја пружи сета љубов на светов. Во спротивно, таков човек не заслужува ни трошка љубов и разбирање од тебе. Сите грешиме, никој не е совршен, ама овој човек ти погази на достоинството, очи отворени да не се случи друг пат. Колку и да сакаш некој, треба да се сакаш себеси повеќе од него. Внимавај на кое место се расфрлаш со љубов, цени се себеси повеќе и тоа што го даваш од себе.
Храброст треба бога ми, да те изневери и да останеш, да те изневери и да кажеш од него зависи се. За такво нешто треба многу храброст. Место него себе да се подгазиш, а мажите денес и тоа го очекуваат од жена (генетиката им била таква де) себе да се прегази за соништата што ги има за дом и дете. Она е совршена жена, со срце и душа, а како и е на неа таа знае. Дај боже да ги биде.
Богами јас го сметам за доблест , бидејќи не секој би го направил тоа . Како пример се земам себе . Јас ќе простам и неверство и се , ама никогаш не би останала со тој човек во брак/врска , што и да е . Собирам партали ( а може и нив ќе ги оставам ) и да ме нема . Таа има храброст да му довери уште една шанса и да му верува дека нема да ја прокоцка . А довербата е нешто што многу лесно може да се изгуби , а тешко се добива .
Така е, меѓутоа не живееме сами за себе на светов, ние имаме очекувања и имаат за нас. Штом ќе се разминат очекувањата многу работи се разидуваат. А еден дел од мажите ако не и сите преќутно вакво нешто очекуваат тоа е факт. Е, сега која може да го даде тоа, тоа е др. тема.
Баш заради тоа што доверба лесно се губи, а тешко се добива... не знам колку е во прашање храброст, а колку 'замижување'
Е да , замижување има , во име на бракот . Она ги има картите во рака , и треба да научи да ги користи истите . Не да биде слепа после овој случај , туку да ги отвори очите широко и да ги следи неговите постапки . Да го научи да не се вади на тоа дека е " затворена кутија " , дека ова е последната шанса што му ја дава , и ако не знае да ја придобие назад , ќе ја изгуби засекогаш .