Тоа е живот бетер од птица на жица, мислиш гајле му е нему дали ќе изгуби нешто или не? Уво не го боли, ќе го болеше ако оставеше, сите така прават хахх е, тогаш тој ќе си ја лупаше главата, вака не верувам. По некоке време пак и ќе се полигави, поплаче колку му било тешко затоа тој и не ни бил ловец, тој отишол на сервирано на тацна и ќе очекува пак, пупу не важи и се во круг така, до кога ...додека таа може да трпи.
Му дадов до знаење дека ова навистина му е последна шанса. Свесен е дека ако недајбоже го повтори тоа, без око да ми трепне ќе си заминам. Тотално ништо не е исто, на пример откако дознав за се јас неможам да му речам те сакам. Сите работи си ги преезедов под моја контрола. Тој нема веке пристап до мојата сметка. Не знам дали ке се промени или не, но едно знам а тос е дека јас никогаш повеке нема да сум иста. Што и да се случи во иднина, јас сум таа што ќе остане со чист образ.
Без везе е муабетов ваша работа е. Ама важно е ,дали тој сега има "проблем" или сега се е топ, бонбона си. Без везе е, не мораш да одговориш. Внимавај како де однесува на тоа поле, секаде ќе глуми ама таму потешко.
Да, точно е. Додека јас сум работела и по 12-14 часа на ден, тој си шеткал по јавни куќи и точно за сите услуги си има наплатено од мојата сметка. Болно е многу болии, но само една и единствена шанса му давам... На пример јас сум од тие жени што знаат штпо чуваат дома., но кога ке се сетам, мои блиски пријателки не се ни свесни што им се случува. Нивните мажи исто како мојот им симнуваат ѕвезди, а зад грб... Разликста е што јас се разбудив од тој лажен сон, а тие и понатаму ке живеат во лага. Можеби се погазив себеси, но тоа е само поради ронка надеж, во име на некои вистински моменти.. Ако повторно се случи тоа, нема јас да си заминам, туку ке му ги спакувам куферите и тој нека се изгуби од мојот живот.
Верувајте, многу е тешко на своја кожа човек да го осети тоа.. И јас порано сум си велела ' еј ти да ме изневериш толку, ни еден ден не би те трпела' , но не било баш така..
Не ти ја судам одлуката. Сепак, твој е бракот, твој е животот. Само би сакала да не се изгубиш себеси, во 'потрагата' по него.
Оф леле ,самп изговори бараш за курваров.Трагедија.Ти да одеше во јавни куќи со мажи,ќе те мафнеше сместа
Ako ona smeta deka moze nie ne mozeme da i sudime,eve jas ne bi mozela,nemam takva doblest. Ke prostam no neka se izgubi od mojot i od zivotot na nasite 3 deca,koi i ne gi zasluzuva (dokolku se sluci toa).
Тоа што ти знаеш што чуваш дома во однос на блиските пријателки кои демек не знаат нивните мажи што прават не те става во поповолна ситуација. И тие се изневерувани и ти, исто е. Разликата е што ти си се соочила со него и ти признал и се решила да дадеш втора шанса. А може и нема разлика, може и тие дале друга шанса па се повторува се, не можеме да знаеме точно за туѓи бракови. Мене ме чуди само едно нешто зошто од твој пари плаќал за услугите по јавни куќи, а не од неговите? И добро што нема пристап до твојата сметка повеќе, ама како ќе си сигурна дека еден ден не си уплати пак услуги од неговата сметка?
Твоја одлука, но мислам дека е погршно што му даваш шанса на човек кој со твоите финансии, кои и сама знаеш како мачно си ги заработила, да плаќа други жени, да те понижи заради нив. Јас мислам дека тој манипулира, само за да остане, да има кров над глава, и колку толку нешто за јадење и каква таква сигурност. Во вода ќе паднат сите убави моменти, надежи, планови, сонови, во моментот кога ќе помислам дека мм бил на такво место. И ич не би ми било грижа за него воопшто понатаму низ животот
Мислам дека е непотребно се да се става во ист кош. Лажење е едно. Криење е второ. Јавна куќа е трето. Други проблеми( финансии, неплодност евентуална) се четврто. Јас сум жена, но да бев маж, можам да замислам дека ЕДНАШ во живот ќе посакав да платам за секс. Некои од простотутките во прозорите во Холандија се како пластични надувани кукли, но некои се вистински убавици. Такви што просечен маж тееешко дека ќе има прилика да допре. Е сега одлучиле да наплаќаат за секс. И имаат клиенти. Не правдам трошење женини пари на проститутки. Можам да замислам дека "другарите" го фалеле искуството... Лажењето би бил поголем проблем за мене лично. И криење. Ама не сме сите исти. Плус тоа што и велел" другарите тоа и тоа прават" ко демек пострашно,а сам уствари и тој правел, збори дека е лицемерче некое. Ако му простиш, прости му. Ама тоа што си му простила ниту значи дека си врзана за него, ниту пак дрка не можеш да го оставиш ако не си среќна со него . Вие што мислите дека е глупава, и Викторија Бекам е глупава што прости? Ил на Дејвид лакше му се прашта? Со добро обмислување и време да спореди плусеви и минуси , подобро ќе може да одлучи. А дека типот треба да се свести, треба.
Ako si pametna ostavi vreme da pomine no, jas da sum na tvoe mesto sega ne bi brzala da pravam dete..
Се залажуваш себе си со тоа "ама моите другарки немаат појма нивните мажи што прават". Имаат. И ти имаш. Нема жена што не знае дека мажот ја изневерува, има такви што одбиваат да веруваат, оправдуваат, простуваат, се прават слепи и глуви и неми. И штом си седите со тие мажи животот ќе ви минува пред очи. Никој не заслужува понижување од тој степен. Да курви, изневерување, јавни куќи, тројки се што сакал да проба требало да проба и што се не ама кога бил ерген. Нема да е последен пат и ти сама знаеш. Само пустиот страв да излезеш од комфорот и да почнеш нов живот. Зашто тешко се одвикнува од сигурноста дека кога ќе си дојдеш од работа тој ќе е тука, за свадби и собиранки ќе имаш партнер, за пред народот. Запрашај се утре да имаш ќерка и да ти сподели ваков проблем би била ли среќна ако остане со тој човек?
Јас не би простила неверство, а особено би попиздила уште повеќе мои пари со макотрпна работа да троши по други жени. Е дури тогаш нема да знае што го снашло, а не па да му простам и да останам со него и да му давам друга шанса.
И што живот е тоа да имаш маж, а да не можеш да му речеш те сакам или да споделиш нешто со него. Си му дала уште една шанса, но и самата викаш нема да е како порано. Не е работата ајде еве ти шанса, па ќе живееме како странци во иста куќа. Ти веќе не го гледаш него со исти очи, сигурна сум дека и целосно да му простиш ти постојано ќе се навраќаш на неверството. Едноставно колку и да се трудиш нема да можеш да заборавиш што направил маж ти. Можеби сега те моли да му простиш и ти кажува колку те сака, но верувај да те сакал никогаш ама никогаш немало да му падне на памет да те изневери.
Во право си за ова... Посебно, ако е емотивна по природа... и зависи колку е љубоморна, по природа... Нема ништо полошо од неизвесност.
Јас повеке ке се гордеам со мене ако го напуштам копилето и почнам нов живот среќен тоа ке е најголема одмазда.. Незнам како можете да се дивете на такво нешто..