Само гледај да не дојдеш до 50та година од твојот живот и се да е паднало во вода што е правил и заборавено поради децата и народот што ќе каже, да сум на твое место би започнала нов живот без него само би ми пренесувал негативна енергија во иста просторија. Не те заслужува по тоа што го пиша ти ти си величина човек за таа гнида.
Значи вака: причинта што наплаќал од моја сметка е тоа што немал на неговста. Ние имаме еден режим пола од сметките ги плаќам јас, пола тој за да ни остсанат и на двете сметки пари, пошо ние само од картичка плаќаме, никогаш не вадиме кеш( после една случка кога си го заборавив новчаникот на железничка) Тој уште на средината на месецот нема пари и ми ја бара мојата. Ми кажа самиот дека секој месец ке ми вади извештај од банка... Ако сака ке го повтори тоа свесна сум, џабе се ако вистински не се покае
А како така од пола месец му ја даваш картичката, ти после остануваш без пари ако не вадите ќеш?. Мора да имате отворена комуникација после се ова, мора и да поразговарате со стручно лице. Тебе во исто време ти се рушат многу замисли, надежи во овој брак, ете и планот за дете ти е на пауза...Ајде нека биде се во ред, нека се опамети па пополека да се средите, но и нека биде понастрана од тие другари кои редовно си ги изневеруваат сопругите по јавни куќи. Мора да го смени опкружувањето, да не потпаѓа во искушенија.
Ова ти е многу добра одлука. Оти, ако подоцна се премислиш, и сакаш да заминеш... со дете ќе ти биде многу покомплицирано.
Промена можеби ке биде ама глума после некое време пак ке се пробуде чудовиштето не верувај на такви бајки промени, промени направи со себе. Те замисли тој повеќе да заработува од тебе што би правел па би одел со проситутки секој ден.
Не ми ги трошел сите, а и не ми било битно бидејќи немало кај нас мое твое... Лошото е тоа по што ги трошел.. Се плашам баш од тоа, дали ке препознаам дали е глума или вистински чуства и промени.. А со правење дете дефинитивно паузираме. Нсјмногу од се на свветов сакам бебенце, но се додека не видам што и како, додека не ми испари и последната капка надеж... Мачење е, и со него и без него, но јас сум личност што тешко се врзува но кога ќе се врзе за нешто...
И јас се многу тешко врзувам ама и одврзувам за некој ама кога е на моја штета мора да има ставено точка јас бев со таков изрод во врска колку и да имав чуства ставив точка и на инста објавував слики од одмори, забави, дури повеке се и средував и копилето ме молеше и сега е сам без никој запуштен и алкохоличар.
Се приметува дека си многу емотивна личност, но сепак биди внимателна и имајте секогаш отворена комуникација за се.
Олабавете ја малку, сепак било брак, планови, дете ... време треба да свари некои работи. Немало мое твое за во јавна куќа, она р'нта овој во јавна куќа ли, каде сака нека е, без взаемен договор дреме, тој ќе го плати тој ќеф на овој или оној начин. Се бори да спаси нешто што ние не знаеме со сигурност, дали се спасува или не. Со ладна глава и срце како жилет ќе сече, уште и е вжештена, полека.
Тоа не се прави кога си во брак. Ако му е на некој дојдено до тие вистински убавици, нека си го проживее тоа па после нека се ожени @Makeup12 Твојот маж е типичен манипулатор. Ти можеш да си правиш филмови, ама нема да биде подобро. Мене би ми било понижување мажот на мое име да плаќа проститутки, за тебе не знам Џабе ми е чист образот и совеста кога си дозволувам да се нервирам заради некој кој гледа да си ги задоволи своите потреби и не мисли на мене.
Bo право си. Бракот не е за неизживеаност . Ама ретко кој се изживејува пред брак како што си сака...и после глупости се прават.
Па тие што се така навикнати и кога ќе бидат во брак исто ќе си прават, само се женел пошто годините го бркале. Нема правило, до човекот е. Ај да било во стриптиз клуб еден Lap dance ајде, ама овој..
Не бидува, не бидува ништо. Два дена као се трудеше, сега пак како ништо да не се случило. Некој што се кае би се борел, би правел се само за да се подобри состојбата. Му велам ти како некој што згрешил не се бориш. Ми вели " што да правам, се правам, молам за прошка, се каам, што повеќе?!" Оф, Оф, Оф, ме излудува, ќе полудам. Во право сте сите што велите дека ништо не бидува од нас тукууу незнамм.. Мислам дека е време да се стави крај на се.. Очигледно дека тој брзо и лесно ке го преболи тоа... Јас... Јас ќе останам сама и скршена, без доврерба во ништо и никого... Не ми се живее, нее.. Не го заслужувам ова. Се прашувам што лошо сум направила, за вака да сум казнета.
До луѓето и нивните карактери е тоа. Не мора секогаш да значи дека ако тоа го правел пред брак ќе го прави и кога ќе најде некоја компатибилна на него. Епа баш затоа што не заслужуваш така, стави крај, подобро да го прежалиш сега отколку уште еднаш да поминуваш низ истото.
Смири се, нема да остенеш сама и скршена, не си сама се имаш себе си. Вложувај повеќе во себе, разговарај со него, кажи му што сакаш од него, насочувај го. Промените не се случуваат преку ноќ, треба време за се само ако се сака.
Подобро стави крај сега, отколку да се измачуваш. Додека немате деца подобро, ќе преболиш, ќе помине време, ќе се средиш. Кога ќе имате деца, е тек тогаш никогаш нема да го оставиш. А нема да се смени. Таквите не се менуваат. Уште ќе те направат ти крива да се чувствуваш.
Најлошо е тоа што ги обвинува и клевети пријателите, а он истото си го правел, веројатно и би продолжил ако не бил фатен. А ако бил во јавна куќа и си признаел наредниот ден, тогаш поинаку се гледа на работата. Барем маж ќе испаднел.
Мислиш дека бракот секогаш е исполнетост и среќа? Мислиш ако си со некој се ќе е таман ? Ова е школо, не е казна, школо да видиш во што треба да вложуваш, а во што не. А што очекуваш тој да каже, тој нема што да каже, од тебе зависи можеш или не можеш да се носиш со тоа. Дај му ти нему ваков терет па, тој нека се носи. Бев срце многу се каам хаххаа па, ако ја можам можеш и ти да се носиш со тоа. Зошто се оптеретуваш како ќе му биде нему? Ако е крај, а ова е крај само тебе ќе ти треба време малку, и да останете заедно, крај е на она што било некогаш. И ти нема што да се оптеретуваш како му е нему, како ќе си ја нареди така ќе му биде. А ти ќе си најдеш некој друг, не почнал светот со него па, со него да заврши, не е тој толкава величина. А вредна уште помалку, чист паразит.