Мал совет. За своите постапки сврти го вниманието кон себе, не ти е никакво општество криво ако изневериш.
Оди по улица, карши него некоја цура се сопнува и он по инерција за да ја спаси од повреди ја оплодува
Јас да мислам, а маж ми да плати ? Или ти да мислиш жена ти да плати, она може, ти слабо се снаоѓаш хахха овде работата не е така едноствна, брак е ова.
Помислувај колку пати сакаш. Ама немој да мислиш дека сите го прават истото за да се тешиш дека твоето е ОК.
Денес ич, а и да помислам најмалку тоа значи дека ќе ја земам картичката на мажот и оп плати си за задоволството, зошто сите пријателки така правеле. Па не е тоа ко на маникир да се оди, неверство е кое и те како е осудено од општеството, не мора да ти се случи за да осудуваш. Се знае што е грешно, а што не.
А бе свртете се малку околу себе , свесни ли сте што се се случува околу нас , какви трагедии во браковите , сте се фанале за некој што отидел во јавна кукја и бил глуп да плати со картицата на жена му , јас мислам дека таков човек треба да е оставен оти е глуп а не затоа што изневерил , ама пак и кога ке размислам , штом се оженил , сигурно со некоја што му била блиска и според тоа мислам дека тој брак треба да се задржи
И јас сум за, ама нек си истера и она ќефот со некој прво нема да го повтори тоа 16 месеци гарантирам
Ако неверство и насилство не се доволни причини за развод, тогаш навистина не знам кои би биле доволни причини за развод на бракот..
Ми вели храбриот, јас тоа да го доживеев од тебе, нема да се препознаеш пред огледало. А што јас да замижам за се, да си продолжам со нормалниот живот, а тој како сака..
Прво мислев дека си жена и се чудев како можеш така да размислуваш, ама после видов дека си машки член и сè ми стана јасно... Се надевам дека си сингл и не те трпи таков некоја наивна жена... Ти ништо не се разликуваш од мажот на членката, глуп бил што не успеал да го скрие неверството затоа треба да биде оставен, а не зашто ја изневерил и згора на тоа трошел нејзини пари по јавни куќи Абе идете скријте се негде и не појавувајте се во јавност. Заслужувате сами да си останете цел живот, а не некој да ве трпи.
А зошто така тој сурово ме чуди па, сите одат по бордели, зарем нема разбирање за тебе хахаха шутни паразит, сам себе да се гледа во огледало. Двојни аршини, совршена жена ќе трпи и ќе ќути и ќе пропаѓа ден за ден ама совршена со душа и срце. Ти види каде си и што можеш што не. Сакаш да бидеш со срце и душа или лед ледна за таков.
Те молам стварите собери му ги у некоја кеса и шутни го преку врата. Копиле едно, ти немало да се препознаеш пред огледало. Срам да му е. Ако по ова уште се мислиш дали да пресечеш или не ондак не знам што да ти кажам, со лесно роговите тогаш...
Нека почне уште сега, e, тој ум да го има уште, таман. А инаку тоа го чека, ќе бидеш бивша со некој друг
Идиотизам. Кај шуто па и боде. Може да си го истреси к*рот кај ќе стигне па и уште ќе се јачи шо ќе направел тој да е на твое место. Ќе ти биде подобро без него, верувај.
Ако и после ова останеш со него, ќе ти се чудам најискрено. Не е доволно што те изневерил, што трошел твои пари по јавни куќи, па уште и згора на тоа има лице да ти каже дека ако ти си го изневерела ќе те претепал (со други зборови). Ама обратно е, па ти сега што треба да му направиш? Што не ти каже што да му направиш на јакиот маж
Пет години и да не можам да проценам што сум имала до себе. Да им го кажам тоа на роднините на блиските би ми удриле шамар, би рекле лажешш, не е можно тоа од тој човек. Добра маска ништо друго