Ич да не ти биде гајле за другите што ќе речат или дали ќе ти веруваат. Ти НЕ заслужуваш да трпиш такво ѓубре!!
А ти што не го прашаш како би му било него да не може да се препознае пред огледало по ова што го направил? Не ми се верува што читам дека ти рекол Почни повеќе да вложуваш во себе и да не реагираш на вакви гадости.
Нема шанси да останам. Би останала некоја што може да врати со иста мера, око за око, заб за заб, ама јас не сум таква личност што би го исцрнила својотобраз
Сега ми преостанува да размислам, што и како понатаму. Дали да останам овде кај што сум или да се вратам во мк
Зошто да се враќаш назад ? Оформи ли живот ти таму? Девојче, маж е ова, за маж збориме и неговите постапки, не можеш својот живот и правец да го менуваш поради маж и то аво ваква состојба, полекааа, се ќе дојде на свое.
Те молам те молам разведи се. Значи јас никогаш не давам совет за раскинување освен ако не е во прашање насилство. Си имаш работа со психопат. Знам дека ти е тешко претешко, ама верувај дека си препаметна само не можеш тоа да го видиш во моментов. Да беше некоја смотана немаше ни да пишуваш тука. Сум видела и јас луѓе што цел живот глумат пред сите и никој не знае какви се стварно. Ако му дадеш сега шанса буквално му велиш, преку мене можеш да газиш кога сакаш. Веројатноста дека пак ќе те изневери е огромна. Веројатноста дека ќе те удри или истепа за нешто во животов е огромна. Имаш платена работа, знаеш ли колку жени без работа успеале да се спасат? Ти ќе се спасиш биди сигурна. Човек што се кае светот ќе го преврти за да му простиш. А не да ти каже дека нема да се препознаеш во огледало ако го направиш истото. Зошто да си со некој кој не те сака? Верувај ми заслужуваш многу подобро. Човекот е психопат. Одма тргај се од него. Не објаснувај, не разговарај ништо повеќе. И посетувај психотерапевт за да го пребродиш полесно ова.
Ај биди искрен и кажи дали имаш некој проблем со мозокот? Пошто ми личи дека имаш. Онака по инерција ми дое. @Makeup12 мене реченицата со тепањето ми беше пресудна од се што имаш напишано. Нели му паднало тепање на крај памет.Ај што му паднало, па и што ти го кажал.. Од таков (не)чоек ништо не очекувај.Мислам,бар ја така мислам. Ај шо те варал, па и би те истепал ако го вараш. Ја мајката, кој си бе ти дечко?Шо мисли дека е он бе?Султан?Крал некој? Батали го. Боље врати си се овде него да живееш со таков. Плус, ја лично бар пошто не поштувам проституција, би се згадила од таков чоек. Не би можела да легнам на иста перница со него или да го бацам/гушнам/имам односи, знаејќи дека бил со некоја која била со уште 100 други. Фуј Гаден е како и да е. Извини за зборовиве ама ова е мое најискрено мислење
Да се враќа назад ? Она? Зошто ? Она се мачела таму и сега за некој недоносен да остави се ? Па, тоа е развод, не е потоп па, ајде да бегаме.
Па ако нема кај да седи, нека се врати. Ако има работа и има можности да остане нека си остане, али подалеку од него како и да е. Што и да праи подалеку од говедото
Би опстансла, можам да се издржувам себеси. Несакам да се вратам во мк највеќе заради осудувањата од околината
Сериозно? На толку претрпено од некоја стока ти ќе се замараш шо ќе ти кажат? Ако си ти чиста пред себе нема зашо да те погодува туѓото мислење. А и карма постои.И да те судат безвезе некад може истото да им се деси на нив или нивен близок.Ич да не се секираш, тие што се ситат на туѓата несреќа полошо поминуваат од самите кои биле осудувани
Можам да ти набројам барем 200 причини, зошто да не се враќаш во мк, околината не е ни една од нив. Негде во еу си, ако разбрав. Пиши ми лп ако ти треба совет, не знам се, ама ќе смислиме нешто. Само без нагли потези, пошто очигледно со мајмун живееш, да се извлечеш од ситуацијата без инциденти
Само едно ќе ти кажам. Не продолжувај да правиш една иста грешка, само затоа што си потрошила многу време правејќи ја (иако во голем дел не си ни била свесна дека е грешка). Но сега си, и сега е моментот да пресечеш. Немој да си дозволиш да се изгубиш себе, барајќи добри страни во некој друг. Си го должиш тоа на сама себе. Животот е еден, и сите ние бесмислено и наивно мислиме дека има време... Соочи се со новата реалност, прифати ја, не замижувај и не пробувај да ставиш кармин на свиња. Едноставно некои работи мора да ги прифатиме, за да можеме вистински да бидеме среќни. Сѐ се случува со причина. Можеби ова е само еден начин на кој Универзумот сака да ти каже дека нешто многу подобро те очекува. Твое е дали ќе ја прифатиш таа шанса, или ќе бидеш вечно несреќна и пасивно агресивна. Жените на вистинските мажи се среќни. Останатите се силни. Толку.
@Makeup12 Жал ми е што се чувствуваш вака разочарано и депримирано. Ама после ова... Не сакам никогаш да му кажам на некого разведи се, бидејќи не е моја работа. Ама овој освен што е манипулатор е и насилен. Не знам, кога некој сакам вистински никогаш, ама баш никогаш нема да ми текне вакво нешто да кажам. Мислам дека и тебе веќе ти е јасно се тоа, мислам и дека си спремна да го оставиш. Не го гледај ова како лоша работа. Човек што те лажел, понижувал и искористувал се исчистил од твојот живот. Веќе нема да трошиш време на таков, а и веќе си научила како брзо да препознаеш манипулатор во иднина. Знам дека се чувствуваш изгубено сега, ама тоа е затоа што цел живот само мислиш на другите. Време е да се посветиш на себе и на тоа што ти сакаш. Немој да ти е многу гајле што ќе кажат другите. Тој што навистина те сака, ќе те поддржи и ќе сака да бидеш среќна. Остави си простор да тагуваш, сепак 5 години не се малку. Би те советувала и да поразговараш со терапевт, да почнеш да си ја враќаш самодовербата. Нема потреба да очајуваш. Цел живот е пред тебе и никогаш не е касно за ништо. Вистинскиот човек ќе ти влета во животот кога најмалку ќе очекуваш.