Да бе. Или сигурно мислам дека е во афект кажано додека заминувал. Па рекол "срце ќе се вратам јас пак". Цк. Ништо од тоа нема да биде. Ќе заборави он за 3 дена тоа.
Неописливо тешко е, но никогаш повеќе нема да дозволам да ми се приближии.. Сама сум осамена, плачам, но времето ќе ми ја излечи оваа рана. Знам дека никогаш повеќе нема да бидам иста и дека ќе ми треба многу време да почнам да верувам некому. Овој удар што ми го зададе животот широко ми ги отвори очите. Леле кога ќе се сетам однадвор невина фаца а од внатре страшноо. По се изгледа љубовта ме заслепила и прекумерната доверба, да не можам да видам ништо. Точно тешко ми е, но некако внстрешно чуствувам некој мир спокој.
Колку дена плачеш ? Ден, два, три доста душо. Не тагувај многу, излези надвор или на нет комуницирај со луѓе, сево ова ќе помине. Доверба се гради и заслужува секој ден, не давај ништо на тацна. Дај шанса ама понатаму гледај што некој прави со таа шанса, слепо не. Слепо само доверба во Бога, во никој друг.
Уште не ми е маж ама верени сме и имаме веќе термин за венчање. Од пред некое време му пишува една колешка од работа со која се знае скоро 10 години. Таа има 3годишно дете и вереник. Ние имаме 2месечно бебе. Му рекла дека го сака, многу одамна и си пишуваат и вчера му го зедов скришно телефонот и имаше што да видам... И пишува како со мене да е ради бебето. Не сакал да ја изгуби ќерката, се друго му било неважно и уште што не... Кога го прашав се правдаше дека намерно пишувал така и ставал три точки на крајот на реченицата ако не го мислел тоа навистина туку сакал да виде дали би му фаќала јас во тел. Му верував многу и знам дека не би ме изневерил додека е со мене туку би раскинал прво. И пишав на нејзе да прекине со сњ (таа прва започна) и сега таа не му пишува ваљда се исплаши од мене(дека сум малку "лева") и не му враќа и сега тој ми е лут мене дњка сум ја повредила таа не била крива што се заљубила. И стално мислел на неа сега како се чувствувала. И вчера рече дека ако продолжеме вака да разговараме толку и да ја спомнуваме ќе почнал да чувствува нешто за неа Не знам што да правам. Стомак ме боли, срцето, цели два дена чувство за повраќање... И нон стоп си плакам Ми се извини штп така и пишувал намерно сакал само да виде дали му верувам Од една страна му верувам ама од друга страна нешто ми "смрде" Вчера се многу каравме и излезе да шетал сам. Го земав бебето во кенгур (немаше на кој да ја оставам) и го следев. Не ме воопшто забележа и навистина беше цело време сам. Ни телефонот не го допре. Ќе се шекнам. Не знам веќе што да правам. Тешко ми е Мислел на неа што правела и како се чувствувала сега... А јас... Се колне дњка не направил ништо и дека додека е со менњ нема ништо да прави ама не знам. Ме мачи сепак И заборавив да кажам. Некни ме праша дали би ми сметало ако се сретнат (сакал само да разговараат дека таа има проблем со мм и). Му реков дека ми смета и сега цело време мислам дека ќе де дретнат скришно без да ми каже. А обично се живо ми кажува. Да напоменам и дека сум во Германија, тој е германец. Ме ги знам баш правилата ни пак перфектно да зборам па ми е страв да не ми ја земе ќерката ако се случе нешто.... Не знам Мислел на неа како се чувствува. А мене што мњ гледа два дена како прачам тоа ништо... Јас сум била крива оти не му верувам а и не ми давал причина за да не му верувам. А и вистина е. Немам причина ама како што реков нешто ми "смрди' Не знам како да постапам веќе... Не можам да се смирам никако а морам ради ќерка ми, се' чувствува, ја приметувам како ме гледа... Се извинувам на долгиот текст и ако е напишан чудно. Мислите ми се расеани и не знам главата каде ми е...
Леле глупости. Се пишел со неа, и викал дека со тебе е само заради бебето и после ти рекол дека тоа не било вистина тоа го пишал само за да провери дали ќе му чепкаш во телефон. Леле колку е ова смешен изговор. Па уште мислел на нејзе како се чувствувала, па уште сакал да излезе со нејзе. Па уште ако сте зборувале за нејзе ќе почнел да чувствува ахаха. Тој веќе чувствува за нејзе нешто. Што бара да излегува со нејзе ако не се чувствува таа убаво со маж и, има психолози. Не се пишел со нејзе само затоа што сакал да провери дали ти ќе му го чепкаш телефонот. Тоа се глупости. Мене ми изгледа како да е заљубен во нејзе. Да имал барем малку муда и да ти признае одколку да те прави будала. Мој совет е да не и пишуваш нејзе. Зошто си и пишувала, тој не е мало дете ти да го чуваш од некого. Тој сам треба да се чува, немој да и пишеш.
Добро тој колку години има и ти колку години имаш? Па ова се детски игрици- и пишувал тој дека ја сака за ти да му отвориш и видиш во телефонот па да провери колку му веруваш? Што има тој толку да се грижи за неа, па и ако си му ја зборела ќе почнел да осеќа нешто за неа А кога те прашал дали би ти сметало да излезе да ја теши/советува што и да е, што не го праша ти дали би му сметало и ти да им се придружиш да ги потешиш/посоветуваш и ти?
Вие немате доверба што е најлошо за една врска, зошто сте продолжиле чекор напред? И зошто ја бараш кривицата кај неа? Ако некој не сака да комуницира, нема да враќа. Овој си бара оправдувања, ама после сè напишано сака да те обвинува дека поради тебе ќе ја засакал Не го оправдувај, не дозволувај да те врти како што сака.
Кога ти се случува вакво нешто на тебе прво ти доаѓа шок,па пробуваш да го оправдаш,па не сакаш да веруваш во се тоа што го слушаш и читаш.Ама некој кога ќе те прочита,нели не му се счучува на него и е со ладна глава веднаш ќе ти каже дека поглупи изговори од неговиве нема.Дечково верувам и дека нешто има со неа.И нема да се заљуби него е заљубен во неа.
Тој веќе има чувства за неа, иако не сака да признае. Да те сака стварно, нема да дозволи да дојде до ова. Ти си таа на која треба да мисли како ТИ се чувствуваш. Жал ми е, ама подобро решете го проблемот на време, да не трчате после свадба по разводи. Довербата во него веќе ти е рушена и туку-така да ти се врати, нема. Секогаш ќе се сомневаш и ќе се гризеш во себе, ако мислиш дека си доволно јака да го поднесеш тоа во натамошниот живот, продолжете со плановите, но ако не, најдобро е да расчистите. Бебето нека не ви биде причина за да останете заедно, потешко ќе биде ако ве гледа нон-стоп да се карате поради недоверба. Нема да го изгубите, нити ти, нити тој. Детето ќе остане со тебе, тој ќе може да го гледа пак.
Факт е дека си повредена и те боли. Дали и го пикнал, или не, е најмал проблем. Криел и лажел. Со тоа се губи доверба. Ако те боли, значи е проблем кој треба да се реши. Прашај го дали сака да работи на врската, или сака слобода? И ако првото го одбере, следи му ги постапките, не она што ти го зборува. Ако повторно ти ја изневери довербата, тогаш... крај. За да знаеш како точно оди процедурата околу старателство на деца после разделба, тркни до надлежна институција кај што живееш, и распрашај се.
Многу ми е жал за тоа што се случило, можам да замислам како се осеќаш. Но, според ова тој веќе чувствува нешто за неа и со тој манипулаторски напад сака да испаднеш ти крива за се. Многу детски. Као ако ја спомнуваш ќе почнам да чувствувам нешто за неа... Од кога така се развиваат чувства за некој? И како очекува од тебе да му веруваш кога тој те проверува дали му веруваш? Извини ама те излажал тој на велико. Јас не би му верувала. Имаш доказ од тоа што пишувал? Имаш документи и работа да останеш таму? Јас би го заплашила дека ќе се вратам со бебето во Мк чисто за да се нервира, а во меѓувреме ќе се осигурам дека сме заштитени од него. А да, и ќе му го пратам разговорот на маж и just for fun.
Земи го човеков и женава и тресни ги од тараса. Прашај ја таа како би се осеќала маж и да пишува со други а таа да му чува раѓа деца. Прашај го и маж ти како би му било ти да пишуваш со други. Земи блокни ја од сегде и од именик и од сите социјални мрежи. Кажи му на маж ти дека имаш веќе пуштено човек и цело време го прати што прави и каде оди. Направи му да го загризе совеста. Кажи му дека ти имаш дома жена имаш и дете и тој треба да се грижи прво за вас и секогаш да сте му на прво место. Биди малку дрска со него. Нека се осети виновно.
Не знам од кој филм ти се сцените, ама врати се во реалноста Нема што таа да се понижува и да пишува, ниту да блокира. Тој сам ако нема памет и ако сака да контактира ќе најде начин.
Dobro be, ovie mazive normalni li se ? Auuu kapa simnuvam na onie vo brak, od sto im se nervite covece auu
Hahaha sto mislis ti ja nemam nervi kabli слободни сме да бидеме индивидуалисти ама не и туристи животот е премогу краток за губење време