Уф, не било лесно. Како нему му било лесно, така и нејзе. Што не мислел тој на минатото и на иднината? Или чекај ме фати, па сеа да пробам да ја изманипулирам таа да биде крива за се? Малку поминала со 9 месеци бременост, грижи, хормони, пораѓај, па пак грижи, хормони, непреспиени ноќи и уште неверство и фали. Абе дај мажи не заебавајте. Можам да замислам како е некој да ти го забие ножот кога најмногу ти треба поддршка. Еве и јас се породив пред скоро 2 месеци, и искрено ми се е*е, ми се плаче. Само се фаќаме со мм по дома ама морам да почекам зелено светло од доктор. И сеа мм да иде да ме извара пошо ја не можам? Мхм, баш ќе се прашам дали ќе му простам.
Многу ми се допаѓа овој дел, искрен совет од машка страна, колку и за другото што си пишал не се согласувам во се, сепак @Dianas може да најде и добри насоки читајќи го овој дел од коментарот. Со отворена комуникација, искрено и без срам можат да се решат и подобрат многу работи кои од прва не доведуваат да постапиме импулсивно, да го спакуваме некој и да му удриме клоци
Зошто тој не мислел на бебенцето? Да ме понижи пред други, да каже такви работи и да ме прави будала дека заради мене тоа го направил, како партал ќе го исфрлам. На последиците се мисли пред да се изневери. Кога има проблем се разговара со партнерот, не се бара решение кај друг. Да не го откриела ќе си продолжел и со други работи. Така лесно ќе го клоцнам и ич око нема да ми трепне, ако тој мислел на мене и бебето ќе разговарал лично со мене.
Вајлд, не зборуваме за отворен брак тука, кај членката е јасно што правел и што кажал на љубовницата. Тој не добил никакво одобрение ниту таа знаела. За такви работи од почеток се кажува
Во целава ситуација јас гледам дека и ја изневерил довербата, зошто реално не сме му во глава да знаеме дали ја лажел таа другата за да билда его дека ја има комуникацијата со неа. Како и да е мора отворено да разговараат зошто се дрзнал да и врти такви муабети зад грб, независно дали се вистинити или ради реда пишани.
Наместо да го среди проблемот со жена му тој ја обвинува неа, сакал да види дали му верува. Што има врска дали навистина го мисли тоа? Тој ја понижил и тоа многу. Каков маж е тој што наместо жена му ја мислел другата како се чувствувала? Па и средби дали ќе и сметале. Ако некој после вакво нешто има сили и доверба нека продолжи, јас не би.
И тоа нормално ли е што му го правиш, ако мажот не се олесни може да им сериозни физиолошки импликации Ако веќе не се снашол настрана, земи погрижи се за него. Па и резерва дупче имате
Абе шооо...сите мажи со еректилна дисфункционалност зш ние жените раѓаме 1-2-3 пати во животот #смајлишосекрсти
g Тие филмови ви се многу смешни како не отидов со швалерката тоа е доказ дека те сакам е нешто најманипулативно и само влијае на нискобуџетни умови, на паметни жени не и треба маж што му мрда опашот по други и го чекаат да се врати од друга, поарно сама отколку со таков вол.
Прва работа, маж ти е класичен манипулатор! Нападот е најдобра одбрана! Друга работа, што има маж ми да проверува колку јас му верувам, со тоа што ќе пишува на други? Нема ли друг начин да провери, ако толку се засегнал за тоа?!?!? Зошто ете ти од чиста мира, не зема да пишуваш на други мажи, за да провериш дали ти верува?!?!? Извини, ама лаги еден тон! И не, не треба да му веруваш! Да ти дадам совет: "остави го" или "разведи се" не можам, затоа што не сум била во таква ситуација (фала богу, никогаш да не бидам). Не е лесно сигурно, ама немој да му подлегнуваш на неговите манипулации, он со самото тоа што те претставил така пред неа, те понижил! На нас жените во природа ни е да потклекнуваме, пред неверства, и да се правиме слепи, очигледно. Јас мислам дека не би простила такво нешто, уште па и он да ме накривува и да биде лут, ахаааа "мало сутра". Размисли си убаво, со ладна глава, ама не му верувај на глупостиве, разговор и разговор само, не го оставам бре мирен да седи, има 24 часа да му зборам и на глава да му се качувам, и на крај и да го оставам, да се тера упм. Бес ме фати, само што читам вакви работи!
Добро бре жени , како закачувате вакви идиоти ? Уште полошо , како не приметувате дека нешто " не штима " пред да бидете изневерени ? Абе го фаќам како слеп зајак на дело ! Или јас имам шесто сетило за неверство , или вашите се запушиле , трето нема . Еден дечко ме имаше изневерено , приметив јас и се посомневав , го прашав дури , измислуваше некои приказни за деца , ајде си викам , неделава ќе видиме како ќе биде , ако не оди крај . Така и би . Ни до крајот на неделата не догуравме мислам . Се пофалил фраерот , дошло тоа до ушите на мој другар , и ми кажа детето каква е состојбата . По два дена од првиот сомнеж ја направивме големата . Од мравка - слон . Капак на се , девојката со која ме изневери ми го плесна тоа во лице , мислеа ќе ме понижуваат со тоа . На крај таа беше понижената , кога овој како попарен си дојде пред мене да моли за прошка , да ми вели дека единствената девојка што некогаш ја сакал искрено , а ја изневерил сум била јас . Секако дека не поверував . Па не сум јас дете од 2 години па ќе ме мота како сака . Додека типот се освести дека " ме сакал " јас бев таа што плачеше . Додека тој е*еше на страна , јас апстинирав и се обидував да си ги средам чувствата . Додека тој и девојка му ме исмејуваа , јас ги лечев раните . Кога јас ги излечив раните , чувствата за него исчезнаа потполно , си фатив нов дечко и бев нова личност , среќна со себе , нему тогаш му текна дека ме сака ? Смешно . Тогаш и патот да ми го поплочи со златни плочки , џабе му е . Една трепка нема да свртам во негов правец , око е многу . И овој маж ми еднаш додека ми беше дечко проба да ме изневери , го фатив жив . Од тогаш се плаши да проба такво нешто , зад мој грб . Вика абе човек од тебе ни со маж не може да се допишува , камо ли со жена . Жив ѓавол си за вакви работи . Не знам дали животот ме научил на тоа , ама ете на првиот обид , јас ги насетувам и знам кога сум изневерена . Го чувствувам тоа , како карпа на градите ми тежи .
Apsolutno ne se soglasuvam so napishnovo od Kire i Dani. Glupi opravduvanja za tipot sho saka neshto nadvor od brakot so treta lichnost, a pritoa nema hrabrost da se razvede, vo smisla zhena mu doma si ja ima kako rezerva i taa sekogash ke bide tuka, a toj mozhe da pravi gluposti so drugi, da ja ponizhuva nea pred drugi, dodeka taa se mu prostuva i go tolerira
Секако дека не сме сите поштени . Има и жени подеднакво што изневеруваат , лажат и слично . Да бевме поштени , ќе не баравте во Рајчица . Муабетот е , да не дојде до неверство , туку да се расчисти со моменталниот партнер , па прави што сакаш после .
Како еден смрдле од минатото (сериозна врска во периодот по разводот). Родители, роднини, упозмаени све збор ќе дававме. Еднаш правевме одоколу муабет, ексклузивност ти реков ми рече, блиски наши дискутиравме и ми вика (подолго време не можевме да се видиме, четири недели) ,,Теси, машко е машко не може да се издржи, кој би издржал.'' Ја му викам ,,Еве тебе ти верувам, зрел маж шо не видел женско само у списание и знаеш шо сакаш''. И он ми рече ,,Шо ако ти речам дека со две други бев?'' Јас искочив од контакт и самата не се гордеам со тоа што реков, ама искочив од контакт и му викам ,,Би рекла дека имал голема среќа некој со твој физикус и твој новчаник за четири недели да најде дури две поголеми будали од мене. '' Он тука као многу се навреди и го искористи како изговор. Раскинување по порука (нај шо мрзам и не очекував од 45 год магаре) и месец дена го нема. После изгледа од двата обиди добил шут отпозади и ми се лигавеше ,,Јас го реков тоа да те тестирам да.видам колку ми веруваш, ти знаеш никад никого не сум изварал. Му реков ,,Само ти се извинувам за толку остро и ниско што ти се обратив, не ми е стил и срам ми е. А таа реакција ти е баш и доказ дека ти верував и тоа многу и затоа излезе толкаво разочарување.'' После мајка му, сестра му, јавуење,лајковање по соц.мрежи, ама од мене толку. Јас молам, плачам, дворам, 12 пати викам остани, 13иот пат помагам у пакување, тешко се откажувам, ама се откажав ли, погреб и сите парастоси ти завршиле у срцето мое, така што, не потпаѓајте на манипулации. Подобро дете да расте со еден здрав родител, отколку со двајца со издрндани нерви. Искрено разочарувањето во маживе ми е крајно и не ме ни интересираат веќе. Не бадијала една баба на 107миот роденден ја прашале која ти е тајната, она рекла дека танцува по јадење, здраво се храни и најважното, никогаш не се омажила и општо се држела на страна од мажи.