Јас сите жени во мојот живот си ги сакам и ги почитувам. А живот во Патријахат и Матријахат е изговвор за неспособни и неисполнети луѓе без разлика на полот кој на тој начин си бараат оправдување И намали со тонот и нервозата...
Мајката и таткото ти се прв пример за светот околу тебе. Ги слушаш што зборуваат, не само тебе што ти зборуваат, туку и меѓу себе и со други. Ги гледаш како се однесуваат. Со медиумите и дружењето со други деца, ти се отвора нов свет, па и од таму учиш. И цел свет е базиран на поделени улоги на машки и женски. Има машки и женски алишта, играчки, бои, однесување, изразување емоции, улоги... Се е во тој контекст. Секојдневието е во контекст на 'жените плачат, а мажите не'. Што е жива глупост. Сите имаме исти емоции.
И си во право и не си, барем од мое гледиште, ама не би дебатирал за машко женски играчки и гардероба на оваа тема
Ама околината не учи сите тие емоции да не ги изразуваме на начин како што можеме и имаме потреба, па прикривај ги и пикај под тепих па после имаме генерализации и класификации што е апроприат за машко, а што за женско што од старт прави раздор меѓу половите отколку да спојува и обединува во рамноправност и еднаквост.
Дел е од целиот концепт за 'машки' и 'женски' улоги. Многу е просто. Само треба да се научиме дека сме сите луѓе...
... со тоа што нема да наметнуваме различни услови на живот за машките и женските, туку сите исто ќе ги третираме. Само се надоврзувам.
Е така, тоа подразбира да не ги повредуваме и изневеруваме тие најмили, ако сакаме и целта ни е да се бориме за подобро утро.
Јас мислам дека мажот ти има психички проблем. Монотоно му е се. Дома знае дека има жена што ќе го испере,нахрани и бакне за добра ноќ. Па сега си вели во глава дека работите што ги правел пред брак почнуваат да му недостасуваат. Психата подсвесно му вели дека треба да отвори порно сајт да гледа и да мастурбира. Тој смета тоа е правилно,нема ништо лошо ниту злонамерно оти главата така му кажала. Ужива така. И не е изнерверување ако гледаш порно. Ама, изнерверување е да одиш во јавна куќа, испиеш пијачки и да си го исполниш ќефот. Изнерверување е, ама психата му налага не е. Мажите се такви како копче за палење светло,ако го притиснеш се пали,ако го изгасиш се гаси. Simple. By the way, потполно ти ја разбирам разочараноста. Се чувствуваш бедно,се прашуваш што ти фали,се преиспитуваш,ти стои кнедла у грло. Се обвинуваш, не знаеш што да направиш. Се чувствуваш како ти да ги држиш конците во раце,а тој лабаво ги отпушта и не те погледнува. Тоа те боли,имаш милион прашања а одговори немаш. Грдо чувство. Ех, не е за порничите толку колку за пишувањето и јавната куќа. Разговарате и милион изговори ти дава,ти пак си со кнедла во грлото и никако не ти олеснува. Ама ја голташ си викаш “ се е океј сега” ама до кога? Доверба разнишана, почит нула, те гледа во очи те лаже. До кога??? До кога така вештачки ќе глуми пред тебе, до кога може да си дозволува. Кога ќе биде сигурен дека другата ќе му ги дава истите задоволства како ти сем сексот и тогаш ќе те напушти. Пред тоа убаво ќе ти ја сруши самодовербата и ќе те остави во тон солзи. Спречи отколку лечи. Само со едно прашање ќе знаеш многу одговори и дали со тој човек вреди да остануваш во брак. Прашај го нареден пат: “Во добро и во зло до крајот на животот додека смртта не не раздели дали сакаш да опстанеме заедно?” Ќе го замислиш верувај ми,може и ќе му светне сијаличката за постапките. Затоа што маж штом со една нога влегува со прекршлив чекор,нареден пат ќе влезе и со двете. Среќно! Во Европа, у Мкд табу е
Му ласка дека и друга го сака па сега се мисли. Јас напишав во претходниот пост ако маж помислува на друга со една нога е веќе влезен во неверство. Со тебе ниту нешто му фали ниту пак има причина да ти зборува така и да обвинува. Нему му е што сега таа нема да му се лигави за нејзините чувства и затоа се врти против тебе.
Shutni go kako kamche na ulica, ne ti treba takov Ako ednash izneveril, sekogash ke izneveruva, so mislata deka ti ke mu prostuvash i sekogash ke bidesh tuka za nego
Има една книга од стручно лице напишана, Танц на гневот/бесот нешто така. Паметам еден дел имаше, толку се служиме со навреди да опишеме гневна жена, а дури навредите коишто се упатени кон мажите содржат женски виновник (на пример ,,кучкин син", ,,копиле")...
Мажите што обично ја*ат го*мна за јавни куќи и таквимити работи уствари се тоа имаат видено само на списание и по интернет. Најјаки ми се оние кој што велат "ејј брат ја е*ав таа, онаа, оваа" Цк, ништо не ебале. Напротив. Немам соодветен збор да кажам у каква група припаѓаат. Поентата ми е дека лаат баш оти ништо не праат а посакуваат.
Дали би прифатиле брак дома да сте со свекор и свекрва и дете а мажот да ви е во странство да работи и да се врака еднаш годишно и така да е со години? Ова ми е најзаостанасто и просто и мислам дека во таков дисфункционален брак има многу неверства