Веќе се случило, на тоа нема назад. Ама мислам дека е коректно да не го измачуваш ни маж ти ниту самата да се измачуваш.
Не се губи старателство заради неверство во никој случај. Многу дезинформации се шират околу ова, не ми е јасно. На мајка може да ѝ се одземе старателство само доколку е психички неспособна, се подразбира да е сместена во лудница, ако ги малтретира децата и физички и психички или ако е докажано дека е зависник од дрога, алкохол и сл. Е сега кај нас законите не се во полза на таткото во случај на развод, но доколку и двајцата партнери се разделиле на колку е можно поцивилизиран начин и делуваат во интерес на децата, сѐ понатаму е предмет на договор меѓу нив двајцата. Доколку не се дојде до договор, тогаш постапуваат социјалните служби или судот.
Ради неверство да изгуби старателство?! Нека ја игнорира маж и, нека ја навредува, не ја почитува, па она ќе биде крива. Не поврзано со овој случај, општо зборам. Не оправдувам неверство во брак кој има дете, разведи се, бркај си работа. Не за друго, нема зошто да си правиш проблеми, ме фатил, ме видел, нервози, кажи си искрено и готово. Секому може да му се случи да се заљуби, ако љубовта е обострана зошто да не биде нов живот за една личност? Нема потреба од несреќен живот со некоја личност, детето утре задутре ќе биде посреќно со родител кој е љубен, сакан, почитуван, исполнет, задоволен...
За жал се губи но во одреден случај. На пример: Доколку мајката го напушти семејниот дом подолго од 48часа и зад себе остави малолетни деца со кое прави и кривично дело. А уште полошо е ако децата се малолетни и во рана фаза на возраст, помали од 7г и бебиња.. Подфази се, ако не го информирала мвр дека го напушта домот поради нарушени семејни односи..... И.т.н Кога го напуштила домот каде отишла? Ако е отидена кај некој ,,х ,,100% ги губи зошто е можно повторување на делото погоре... Кое е кривично. Ако мажот докаже дека таа е во некаква врска со 3 лице.... И има уште под точки.... А сега и ова да го кажам, но не е закон од кај нас Во турција Ако ср докаже неверство,, каде се е прифатено како доказ. Не само што ги губиш децата, губиш и материјално што е стекнато во брак и плакаш глоба за истото. Нормално ако преживееш
Искрено и не е... Бар за мене А ова што го прикажуваат во нивните е серии, мислам дека е нереално и користат американска политика. Нез дали уште им важи забраната за емитување на амерички филмови....
Јас нигде не прочитав дека маж ѝ ја тепал, навредувал или слично. Она си кажа дека изневерува. Поентата ми е дека ем она е крива за распадот на бракот, ем детето кај неа ќе остане. Значи татково не по негова вина ќе има помалку права.
А ако он е изневерен, не значи дека е лош татко. А во брак едниот колку сака може да се труди, другиот за еден миг може да упропасти сѐ.
Не би рекла. Не зборам за неа. Ама знам за татко кој ја изневеруваше жената и да знаеш колку лош родител е. Секакви гнасотии правеше. Каков пример им дава тој родител на децата? Во однос на членкава.....очигледно е дека не е среќна во бракот со сопругот. И не верувам дека причина за тоа е само швалерот. Се знае кое е решението за ваквиот проблем. Не сум за да се остане во брак само заради детето.
Има случаи (лично ги познавам) кога децата се со таткото зошто мајката отиде да живее со дечко и. На темата, биди искрена со себе дали сакаш да останеш во брак. Ако да, прекини ја врската. Ако си посреќна со дечкото, разведи се. На детето секако ќе му останеш мајка и ќе бидеш тука за него во секој случај.
Не е фер спрема мажот, мора да разговарате за ова. Треба убаво да размислиш со кој од нив двајца се гледаш заедно во иднина да пресечеш и одлучиш што понатаму. И нема да полудиш, се случило да засакаш друг, одлучи што сакаш во животот и продолжи понатаму.
Те сфаќам што сакаш да кажеш и стварно жално за таткото во случајов, а за секој родител во иста ситуација. Ама тоа е, којзнае што се дешавало, другата страна не ја знаеме, можеби и сопругот не бил најсјаен сопруг па не дека таа е целосно крива за распадот.
Не можеш да впериш прст кој е крив, а кој не. Ете се случило развила емоции спрема некој друг. Детето пак ќе има прилика да биде со таткото, но мене позагрижувачки ми е тоа што кај нас по развод татковците најчесто забораваат на своите деца. Како револт кон жената си ги казнуваат децата со незаинтересираност кон нив при секоја средба и на крај оди до таму што средбите не ги ни има.