1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Муабетот ми беше дека она треба потешки последици да сноси по разводот, ако се деси тој развод. Вака искрено кажано.
    И патем истото ќе го мислев и машкото да беше изневерувачот.
     
    На ElenaOfRivendell, tina2018, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.294
    Допаѓања:
    20.771
    Пол:
    Женски
    Да јас те сфаќам него поради оваа дискусија се влече и муабетот за каков бил таткото, а воопшто нема ништо пишано за тоа. Затоа реков дека е без потреба.
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Мхм... затоа не ни пробале да побараат целосно старателство.
    Изговор.
     
    На Stressed Out, *Amethyst* и Idedemja им се допаѓа ова.
  4. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Може па на таткото не му пречи ваквиот живот на жената. Ако добро запамтив таа 7 години е со љубовникот. Мислам 7 месеци да те изневеруваат ќе приметиш, не па 7 години. Како и да е таа треба да разговара отворено со сопругот и да одлучи што ќе прави понатаму и тоа што го правела изминативе 7 години не е за пофалба, ама ете се случува се заљубила во некој друг освен маж и.
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Стварно и мене тоа не ми е јасно, 7 години и мажов не приметил
     
  6. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.294
    Допаѓања:
    20.771
    Пол:
    Женски
    Во брак се 7 години, не изневерува 7 години.
     
    На *Amethyst*, Idedemja и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    А не мислиш дека тоа ќе бидат и потешки последици за детето? Детето не е за казнување на оној кој згрешил, ова твоево така испаѓа. Ако се распадне бракот, детето останува плод на тој брак и не е криво за ништо, па да му се одземе еден родител како казна поради тоа што бил виновен за распадот на бракот.
     
    На *Amethyst*, H.VAGA, НаталиЛили и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.136
    Пол:
    Женски
    Ја распаднала заедницата,цел свет на едно дете.
    Има татковци кои бараат децата да бидат кај нив и никогаш не добиваат.
    Постои дискриминација,не е дека секогаш мајката е идеалниот родител.
     
    На Veta, thelittle17, H.VAGA и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Ама исто и вели никогаш не ми бил убав сексот со него и одма ми иде прашање па што воопшто се мажеше за него? @kate-84
     
    На thelittle17, LadyLollypop, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Можеби постојат, јас не познавам такви.

    А за тоа: Ја распаднала заедницата, цел свет на едно дете - повикај се на постот од @RainBow
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.136
    Пол:
    Женски
    Јас да,познавам.
    Детето има секогаш последици,ниту едно дете не сака неговото семејство да се раздели.
    Ниту едно дете не заслужува да има викенд мајка,но
    И таткото не заслужува да биде викенд родител на своето дете само заради тоа што мајката шврљала,или не и седел газот мирен.
     
    На Veta, thelittle17, ZAHRA и 9 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Па нека не се разведуваат, ко така.
     
  13. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    А што со тие татковци кои после раздод децата не ги сметаат за свои туку на мајката со која се разведени и не ги интересира понатаму ни таа ни тие?
    Имам пример во фамилија, едниот син се слуша еднаш годишно на телефон, другиов вели јас немам жив татко и така.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Се слагам со косми и танченце. Скоро секогаш детето оди кај мајката и таткото го гледа за викенд, и не се правете дека прв пат слушате за вакво нешто. На таткото му се прават филмови како детето е подобро да е со мајката, а мајката огорчена од разводот збори против таткото многу често и детето доживува или оттуѓување или рамнодушност или негативна слика за таткото. А таа била таа што изневерила. Може и сопругов придонел за распад на бракот, не мора да е само изневерување, ама многу сте нереални кога тврдите дека нема дискриминација, и дека секогаш таткото не ги гледа децата затоа што не му е гајле. Едноставно му се одземаат децата, не правно, туку кога живеат со мајката 5 дена, тие 2 за викенд не се доволни, па некогаш за викенд ќе сакаат да одат некаде со мајката, ќе испланираат нешто, па се почесто се игнорира таткото. Особено кога одат на школо блиску до домот кај што живее мајката, сите пријатели ги стекнуваат тука и слично. Ако детето не е да се казнува едниот родител со тоа што ќе му се одземи, зошто го одземаат од таткото?
     
    На noteforself, H.VAGA, ElenaOfRivendell и 3 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Има дискриминација, ама, како што кажав, не знам ни еден татко кој побарал целосно старателство за децата после развод.
    А познавам еден куп разведени.

    Значи, да побарале само, ако не судски, барем на партнерката да и' речеле дека сакаат целосно.
     
  16. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.253
    Пол:
    Машки

    Јас имам случај во семејството, каде таткото стана инстант ептен добар татичко (не дека не беше порано, ама не беше својствено), сегде ја носеше итн, за да индиректно посакува девојчето повеќе да останува кај него место кај мајка му. :)


    Има секакви исклучоци, не претерувајте овде.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    А од кај знаеш ти дека не и рекле, на сите разведени парови што ги познаваш им го знаеш детално текот на разводот?
    Јас познавам барем два пара скрос иста ситуација. Таткото се повлекува поради тоа што му се прави притисок дека подобро за децата е да се со мајката, и тој се посветува многу често на работа и им дава пари. Потоа децата нараснуваат во средина кај што се зборело негативно за таткото и многу од татковците немаат ни шанса за да се одбранат. Затоа треба да се свесни мајките да не зборат се и сешто туку да се благодарни што се привилегирани да останат со детето, а не додатно да го оттуѓуваат таткото. А да ги прашаш многу од нив се би дале да можат да си го гледаат секој ден детето.
     
    На candy.cane, Leat, LadyLollypop и 3 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Јас сум за договор во најдобар интерес на детето. Да не е детето алатка за казнување, ниту пак за одмазда.
    Мене маж ми и да ме изневери и да се разведеме, што и да е, би се договорила со него како е најдобро за детето. Едноставно детето ми е најважното нешто и не би сакала да пати поради наши грешки, би сакала тоа да се сведе на минимум.
     
    На Lolipop23, thelittle17, LadyLollypop и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.253
    Пол:
    Машки
    Вака теоретски да се зборува е лесно, али праксата е друго. Сметај тука имаат влијание и бабите дедовците и чат пат по некоје дофрлен муабет од некој братучед.
     
    На LadyLollypop и tina2018 им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.136
    Пол:
    Женски
    Сметам дека треба да се вклучат поактивно брачни советувалишта кај нас,ако не може брачниот пар сам да ги реши проблемите.
    Ако се надминува проблемот ок,ако не ,нека се договорат ко луѓе и нека се разведат место да живеат во фарса,деца чувствуваат кога нема љубов во бракот,лажејќи се себе си, партнерот ,бракот, го лажат и детето.
    Иако не секогаш проблемите во бракот ги тераат да изневеруваат,некои луѓе се едноставно такви,предизвик им се нови луѓе,им бустаат его.
    Близок пријател ни се разведе пред години,го изневеруваше жената,детето го доби мајката иако го бараше и тој.
    Мајката имаше дечко,детето го вардеа комшии навечер.
    Се вклучуваа социјални служби ,на детето му паѓаше косата во печати и ништо,пријателов остана викенд татко до 16 род на детето.
    Тогаш се пресели кај него.
     
    На LadyLollypop, H.VAGA, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.