Ова е целосно пропуст на социјалните служби. Како и секоја институција кај нас, апсолутно неспособни за извршување на работната задача. Катастрофа. Поарно да не кажеше. Се изнервирав сеа
И јас се нервирам, а и како де се кадарни кога гледаме како оди вработувањето во тие служби и како се земаат дипломите по социјална работа и политика. Веќе се вработени тие таму и вонредно тераат до земање диплома кога фиксно осигуруваат работна позиција. Кога ќе се укине моделот на партиски вработувања во вакви битни служби и ќе се вработува кој е волен и учен за таа позиција и се има повеќе пари од буџетот издвојувано за овие служби се би било поинаку. А не само изговори и префрлање на топка од една на друга институција за сите пробеми од овој домен.
Ја начнав темава вчера. Ги гледав работиве во социјално, а на службите не им чуе уво. Овде не се прави апсолутно ништо ако приметат дека детето е малтретирано без разлика во какво семејство живее детето. И со двата биолошки има за жал. Но особено со маќеи- очуви е почесто. И што е најлошо, не сме ни блиску тоа да се смени
Јас ,да јад и реков дека има еден живот и да си го живее како што она сака Што јас и ти ли ке и кажеме како да живее?
Како и да е, детето ќе остане кај ЕДНИОТ родител како што е најчесто, а другиот ќе го гледа повремено. Да се подели на пола детето, не може. Значи едниот родител ќе има помалку права од другиот. А зошто? Ете постот поназад. А ако некој е казнет, мајката, детето или таткото, вината е во мајката, колку сакате бранете ја. Да, детето ќе биде казнето помалку да го гледа татко му ради мајката. Зашто децата многу многу ретко остануваат со таткото, колку и да е таа виновна. Едит - јас глава сечам ако некој на изневерена жена ѝ каже дека детето е подобро да остане кај таткото ако е добар татко. Сите најголемо ѓубре ќе го направеа, имаше скоро таков пример. Јас тука се повлекувам.
Izvini koj stereotip e ovoj za besot i nasilstvoto. Zosto etiketiras? Jas kako licnost edinstveno neshto sosonuvam e da imam topol dom, a toa go nauciv od toa so me opkruzuvase!
Ne e stereotip zivi primeri okolu mene se. Ne rekov deka sekoj e takov, rekov neretko, sto ne znaci site i od sekoja situacija.
Ако беше светица членката па се замараше само со маж и и беше опседната со него дали детето ќе беше запоставено? Толку и го извади од контекст мислењето што упорно после тоа се вергла без потреба,сигурно љубовникот не и е побитен од детето и тоа што мисли на него постојано никако не значи дека детето е и во втор план.
Не се најде сеуште некој да ја замени Мелиса на темава? Расположен сум за давање совети, а она ми беше срцка...
Морав да се вратам назад да се потсетам за што зборуваш. Темата е зборена и завршена поодамна и нема потреба да верглаш пак ист муабет.
Извини што не сум секој ден на форум па денес имав малку повеќе време па расчитав повеќе страни,не верглам,пишувам. Кај пишува дека е завршена?
Имав школска во основно што нејзините родители беа разведени . Тие беа две деца брат и сестра . Синот живееше со татко им , а девојчето со мајка им . Секако за викенди често се состануваа и одеа на прошетки , на излети и слично . Едноставно , двајцата родители немале меѓусебно разбирање во брак , едноставно не можеле да функционираат како брачни другари , па решиле дека за децата е најдобро секој по свој пат , но дека ќе останат пријатели и заедно ќе ги израснат децата , иако се разделени еден од друг . Ден денес така функционираат , иако и човекот има друга сопруга , и жената се омажи со друг човек , еднаш неделно сите се состануваат и шетаат заедно . Можеби го имаат избрано најсоодветниот начин како разведени луѓе што имаат заеднички деца . Не велам дека е идеален , но јас мислам дека на децата никогаш не им недостасуваше љубовта на родителите .
Добро е за децата, но дали и за нив? Веќе ако и двајцата имаат (или ќе имаат) сопруг/сопруга, како тоа би влијаело на нивниот брак со таа друга личност... Малку незгодно е...