1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    И другиот маж ли треба да знае во што се впушта? :?:
    Ова е малку несериозно во однос на новиот брак и на двајцата.
    На секој нормален човек би му сметало сопружникот да си се шета со бившата/иот жена/маж.
    Ова ти е исто како да си се фатила во нова врска со дечко и му викаш извини имавме заедничко куче со бившиот дечко, па да одиме заедно да го прошетаме.
    Нема логика, нели...
    Ако си ја прекинал таа врска или брак, значи прекината е, нема потреба од понатамошни контакти.
    Тука се ризикува и за љубонората на брачниот партнер, а љубомората знаеме сите какви конци влече. :)
     
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Не, не би му сметало на секој нормален.
    Би му сметало на секој човек без самодоверба и со комплекс на ниска вредност.
    Јас ако се ценам себе си и ако знам дека врската со партнерот ми е здрава и полна со љубов, нема што да ми смета еднаш да шетаат заедно знам дека тоа го прават за децата.
     
    На I.vana, mira.mira, Annora и 17 други им се допаѓа ова.
  3. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.624
    Допаѓања:
    8.509
    Пол:
    Женски
    Имаш деца? Сериозно ја правиш споредбата на деца со куче? Имањето деца е нешто нераскинливо па макар партнерите и 10 брака после тоа да имаат, и најважно од се е децата како ќе се чувствуваат, а партнерите кои ќе доагаат понатаму треба јасно да им биде дека додека пораснат децата така ќе биде, кога станат возрасни со семејство е друго. Ако не им чине не мора да се впуштаат во таква врска, брак.
     
    На Ellyy, Annora, PurpleMind и 6 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.427
    Пол:
    Женски
    @Компир Манџа за децата е. Било кој иден брак, претходен, врска или шобило друго се прилагодва на фактот дека ситуацијата е за децата.
     
    На flawless., candy.cane и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    А тука нема ли ризик дека тој раскинат брак нема повторно да се обнови или нема да се зближат повторно разделените страни?
     
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Од тоа може да стравува само човек до ниска самодоверба.
    Зрел партнер сам би му рекол, оди види си ги децата. Маж ми да беше разведен и да имаше деца пред мене, јас ќе сакав да оди да си ги види децата пошо тоа мене ми кажува дека јас сум со човек кој е одговорен татко.
     
    На Annora, Nausicaa, flawless. и 7 други им се допаѓа ова.
  7. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.624
    Допаѓања:
    8.509
    Пол:
    Женски
    Ако така размислуваме секогаш ќе постои ризик и во прв брак, и во врска во која сме 100 % сигурни дека има полно љубов. Штом дошло до развод, значи не им успеало. Љубомората и разнишаната самодоверба само односите ќе ги влошат не само во втор брак, секогаш...
    Еве на мене сопругот постојано работи, на пат, состаноци, со луѓе, ако постојано му вршам притисок и го стегам до мене каде ќе ни биде крајот. Јас не сакам некој да ме притиска, па не сакам и на друг тоа да му правам. Доверба и разговор на прво место, а ако некогаш нешто не штима се познава, барем ние жените го имаме тоа шесто сетило, а веројатно и мажите.
     
    На Annora, candy.cane, noteforself и 3 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Ако ми смета нема да земам за маж некој што претходно имал деца.
     
    На tinka-mace, baby-star, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  9. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Додека децата им беа мали , родителите беа сингл . Баш од таа причина да не дојде до смирување на бившите сопружници . Вторите бракови се случија години подоцна , девојчето веќе беше прва или втора средно . Плус , ако бившите сопружници решиле да стават крај на бракот , не гледам зошто би пречело на новите партнери да бидат пријатели меѓусебно ( гледај на тоа вака : ти и другар ти излегувате со вашите девојки , и иако едната ти е бивша девојка со која си бил пред 100 години , а сега е девојка на твојот другар би расипал ли другарство за бивша девојка која ете по тек на нештата не е со тебе веќе долго време , и не постои шанса да биде пак со тебе ? ) .. Така и во случајот на луѓево . Немале исти погледи кон животот , не се согласувале , и се разделиле . Иако секој по својот пат , за децата решиле дека е најдобро да продолжат како пријатели , и ако еден ден стапат во брак со сосема други лица , нивната рутина и пријателство нема да се промени , ниту истото негативно да влијае врз новиот брак .

    П . С . Маќеата и очувот исто имале брак и деца зад себе , така да верувам дека многу добро ја прифатиле ситуацијата , бидејќи и самите имале слична животна приказна . На крај краева , имале избор , доколку не им се допаѓало , не би прифатиле брак , нели ?
     
    На mira.mira, Annora, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Леле споредбаваааа :drunk:
    Дали знаеш што значи да имаш дете?? Колку сакаш мрази го брачниот партнер од кого си се развел, ама не можеш да немаш контакт. Детето е тоа кое секогаш ќе ве поврзува. За него мора како негови родители да контактирате. А не да бидете смртни непријатели. Од лош однос меѓу бивши сопружници штета има детето ни криво ни должно.
     
    На ...Arthemisia..., marija305, flawless. и 3 други им се допаѓа ова.
  11. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Пишував едно време тука за мојата сестра како лигушот од зет ја изневери, таа реши да не се разведува и да продолжи понатака у животот со него. Многу и беше тешко да прифати се ама ете некако се справи. Е сега е проблемот што тој лигушот и ако кажуваше дека ставил крај со таа всушност не е било така. Тој сега започнал да се расправа со таа дотичната и да не сака да е со неа. Ама сега таа швалерката ја бара сестра ми и кажува и пишува навреди и како сестра ми немала достоинство на жена како таа знаела дека мажот не ја сака ама таа била без почит и морал што не му давала развод како го држела со детето како адут. Замислете швалеркава се дрзнува да пишува на женава на сестра ми како таа не била морална и немала достоинство требало да се разведе. Мислам дека овај пат сестра ми ќе ја исчука. Уште вакво нешто не сум видела. Она можда е очајна сега ако овај лигушот ја остава па сега све и свашта она пишува на сестра ми.
     
    На mira.mira и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  12. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Заедно соберете и се. Заедно утепајте ја. Ако ви треба друштво како што сум со вишок негативна енергија има сол да ја направам.
     
    На Feminka22, mira.mira, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.
  13. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    1.139
    Пол:
    Женски
    Извини ама стварно многу детски ти се советиве. Знам дека си дете, ама смири хормони.

    Нека ја блокира секаде и нека избегнува контакт. И таа и мажот.
     
    На Alisa22, thelittle17, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  14. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    @martina4 мислам дека е повеќе од јасно кој е крив во ситуацијава. Сестра ти нека ја блокира жената. Маж ти нека и каже на таа да не замара. Нема што сестра ти да ја исчука. Не знаеш зет ти што филмови и свртел.
    А и да е стварно така, нека си го зачува достоинството сестра ти.

    @edna_malecka поразговарај со психолог. Вакви размислувања не се добри по твоето здравје. Не е океј да чуваш бес и гнев во себе, па уште и да размислуваш да го истуриш на непознати.
     
    На thelittle17, Stressed Out, poppie и 6 други им се допаѓа ова.
  15. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Саркастична бев.
    Немора одма дијагнози да ми препорачувате |((facepalm)
     
    На simoncelicius, Leat и BlackNight им се допаѓа ова.
  16. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    5.300
    Пол:
    Женски
    Јас те сфатив дека си саркастична и сакаше да и дадеш boost на членката:). Онака, како што си зборуваме во вообичаен муабет
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Нормално дека нема да си валкаме раце нема да се спуштаме на тоа дно, само колку е мизерно да бараш такво нешто таа да навредува и да кажува за достоинство. Сестра ми требаше да шутне овај лигуш за да не дојде до ситуација како ова, Она да ја понижува и вреѓа. Тоа што лигушот увидел каква е таа па сега ја откачува што е должна невина жена на која и е нанесена неправда да изживува се одново.
     
    На edna_malecka, Роберт 7 и candy.cane им се допаѓа ова.
  18. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    А не ја откачува затоа што сака да си го среди бракот?

    @edna_malecka се супер, ама ова се сериозни теми.
     
    На tinka-mace, tina2018 и tambelina им се допаѓа ова.
  19. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Незнам дали ја откачувал или не, долго време се влечкаше со неа ама очигледно веќе поминала страста или што и да било па сега не сака повеќе со неа, па она сега можеби е разочарана дека го губи па сега удира на жена му. Јас навистина неможам да разберам што швалерката очекува од женет маж? Дека ќе ја земе неа за жена?
    И како можат да се дрзнат да пишуваат такви пораки кон жената. Жената немала достоинство и чест и морал а она го имала штом започнала врска со оженет човек со дете. Ццццц
     
    На thelittle17, poppie и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @martina4, револтот и фрустрациите насочете ги кон зетот, швалерката е небитна во ситуацијава. Тој што ја предал сестра ти е нејзиниот сопруг, швалерката нема никакви обврски кон никого, освен кон себе. Тој е кривецот што сега сестра ти е вознемирувана. Е не одат така лесно раскинувањата, особено ако ја лажел и другата девојка дека бракот му е готов и дека ќе се разведува. Што ме води кој ова

    Ти вистина за друго побара совет ама дали зетот навистина има прекинато со неа? Зошто од напишаново делува како зет ти да ја сатанизира сестра ти пред швалерката и ја претставува како ужасна жена која го уценува со детето за да не ја остави, иако тој и кажува дека не ја сака (те ја сака другава). Најпрво, ова е страшно безобразно и кон двете, и кон сестра ти и кон другата жена. Можел да каже дека, и покрај се, сватил дека ја сака сопругата, свесен е дека направил грешка што имал афера вон бракот и сега сака да работи да си го зачува семејството. Со ваквите глупави приказни ем ја навредува сестра ти, ем и дава надеж на швалерката дека, само ако сестра ти се согласи да биде нормална и да не го користи детето како уцена, тогаш лиглето ќе и се врати и ќе бидат многу среќни заедно. Имајте во предвид дека (можеби) тоа што сега ви го пишува другава не се нејзини навреди, туку зетот баш со тие зборови ја претставува сестра ти - недостоинствена жена без морал и чест.

    Исто, проверете да не седи уште тој на две столчиња, само што сега бара трпение од швалерката додека сестра ти да се помири дека тој не ја сака. Дека детето нели, ако ја остави, сестра ти немало да му даде да го гледа. Останува во брак само поради детето, штом жена му се согласи на развод одма неа ќе ја побара за жена. Лаги и правење филмови нормално, кажува тоа што мисли дека другава сака да слушне ама па да беше швалерката паметна немаше да се впушта во врска со женет човек. @martina4 , срц, вакви ко зет ти има милион, сестра ти убаво нека си размисли што прави, зошто кратот е животот и не вреди да се троши на расправање со глупости.
     
    На thelittle17, Stressed Out, simoncelicius и 12 други им се допаѓа ова.