море нека се соберат сестра ти и швалерката и нека му ја изчукат лејката и нека го шутнат и двете јак филмаџија овој
А што ќе направиш со ќотек? Ќе го истепате, ќе го удрите со нешто и после што? Ете можеби ќе ви врати со ќотек, па поголема беља и до каде води ова знаеш? Срамота е за женско со вакви мисли.
Јас во цела ситуација не ја разбирам изневерената жена, која и покрај се и сите навреди и понижувања сака да остани во брак. Во брак, ама со кого? Со еден недостоинствен изневерувач, лигуш кој очигледно нема раскинато со швалерката!
Замисли стварно сестра ти да ја исчука швалерката, овој со две жени си го тера филмот, жениве се тепаат ако сестра ти сака тоа достоинство за кое збориш да го зачува, нема да прави ништо со швалерката. А мажот прекинал а швалерката не може тоа да го прифати па ја замара сестра ти или воопшто не прекинал? Ако прекинал, а таа уште ја замара сестра ти, треба мажот да се јави на швалерката и да ја отера у три лепе Тој почнал, тој треба да заврши А ако воопшто не прекинал со нејзе Тогаш зошто сестра ти да се тепа со швалерката? Сопругот ја изневерил, ама швалерката е крива Во секој случај, мажот треба да среди ситуација, не сестра ти да се тепа
"И се извинил". Можам да се извинам ако закаснам некаде, ако заборавам нешто итн итн ама за неверство нема извини. До гроб ако сака нека ми се извинува џабе му е.
Сестра ти може само да и одговори реши си ги проблемите со маж ми самата ти јас немам никаква врска со вас двајца и вашите недоразбирања Само мене ме чуди зошто сестра ти продолжува да има и понатаму нешто со него како сопруг? Не и пречи дека е во врска со друга?
Mnogu me interesira ti da si na nejzino mesto sto bi napravil?? Bi se pravelo lud, deka niso ne se desilo??
Ја на нејзино место, до сам крај би се правела дека немам појма која е и што сака од мене (кога дотичната се јавува), зашто мислам дека така најлесно можеш да повредиш его на швалерка... би и’ рекла дека имам крајно посветен маж дома и дека уопште не ми е јасно за што зборува. Би ја направила ненормална. Онака, ноншалантно, без викање. А него би го шутнала ко стара чорапа.
Многу љубов има човекот во срцето, не може да ја дораздаде Ај одговори ми те молам, кај е зетов во ситуацијава, не сфаќам, овие две се препуцаваат по телефони, тој што прави?
Јас знам како ви изгледа ова и мене не ми е ова да кажам опростливо од моја гледана точка но сите сме различни во своите размислувања и ставови. Значи сестра ми е заедно 17 години со зетов имаат и дете, се земаа од љубов и се да кажам беше во ред со нивниот брак барем јас колку што сум видела, ама ете после толку години он наоѓа друга и сестра ми дознава се, одлучи и покрај се да остане во брак поради детето поради годините поради љубовта кон него, она и покрај се вика дека неможе да замисли да го остави и гледа со некоја друга, што значи она уште го сака може не како порано ама го сака. И да скршена беше страдаше многу ама ете реши така да остане покрај него, он развод никогаш не ни побарал од неа а таа не ни помисли па да се разведе. Одлучи да молчи и да преживува се. Е сега помина доста време можеби овај шутраков од зет сватил што и каква е таа другата и што може да добие или изгуби па решил да ја отакчи можеби незнам. Па сега оваа напаѓа на сестра ми, каква била она дека он ја сакал неа таа знаела ама немала достоинство на жена таа му била љубов а тој бил со сестра ми поради детето па како она демек го уценувала со детето и еден тон глупости. Сестра ми апсолутно ништо и нема вратено ама ја гледам дека не и е сеедно дека врие во себе, можеби и овај лигушот така да и зборувал на неа ама па каква вина има сестра ми да ја напаѓа некој неа.
Мене пак ова ми боде очи. Да ме изневерува мажот, да решам да му простам ама само затоа што сфатил каква е другата а не затоа што се кае и затоа што сака да е со мене... Пак ќе кажам, не ја оправдувам неа што ја замара сестра ти ама не ја ни обвинувам. Мислам дека е повеќе од јасно дека зет ти и зборел глупости.
И ја би постапила ко сестра ти, но со еден битен исклучок. Не би се развела додека не си ископаат очи мажот и швалерката. Да видам како тоа долго време некој ме подјебавал и што филмови правел зад мој грб. Навредите на швалерката се уствари филмовите на зетот. Она прво ќе и се пушти на сестра ти и кога ќе види дека не пали, ќе го отера него у пм. Сестра ти да е паметна и стрплива, ќе сочека да помине хаосов и на крај ќе му даде документи за развод коа ќе остане сам и ќе сака да пере совет. И не ради тоа што ја изневерил туку зашто е патолошки лажго.
Па можеби веќе и си копаат очи што знам, тој не се разведува таа сигурно притиска ако он и ветувал работи и ја лажел, на неа веќе и отчукува биолошкиот часовник затоа што е слободна девојка на 37 години и ако сака да се остварува како родител времето и поминува, сестра ми па нема сега намера да се разведе ако го правеше тоа ќе го направеше на почеток сега мислам дека и веќе и инат ја има фатено да не и го дава на послужавник така да се можам да разберам ама швалерка да бара и вреѓа жена неможам обратно да е би разбрала ама вака се чудам што психологија е таа.
Инаетот на сестра ти е на место. Нека раскопаат очи, нека се осигура дека таа веќе не е во неговиот живот (ќе фати дечко, маж) и развод ако му спреми да не се изненадите. Ваквите мажи само тоа заслужуваат.