Луѓе без да се распрашаат кој од какво семејство е каква историја има нивниот иден партнер и слично стапуваат во брак и после страдаат епа ќе страдаат, ќе боли. Не се јаде се што лета. Незнам зошто луѓе кои водат расипнички живот воопшто создаваат семејство и деца. Ајде партнерот што ќе го изневерите ок, и тој е виновен бидејќи невнимателно ве избрал.. Туку децата го јадат стапот ни криви ни должни секогаш....
Не е точно, секој сам знае каква тежина носи, јас сакам само да исчезне мојата болка и толку, така сметам дека е полесно. А зошто да не го направиш истото што и тој? Сакам да ми е полесно само, вака е тешко. Развод не сака. Е па како да продолжам јас понатака. Јас сакам развод тој не.
Ма кој го прашува него што сака. Кога одел кај друга да му ги соблекува гаќите, ти што му ги переш, те праша некој што сакаш ти?
Сакаш невозможно. И јас сакам моите 200 евра во паричникот да ми се претворат во 2000 ама тоа е само замисла... Таа мисла ќе ти остане засекогаш, незнам како би заборавила дека те изневерил. Пишав убаво дека се пази кога се бира брачен партнер. Не е срамота ништо, се прашува кој е од каде е, минато сегашно случки татко мајка кои се како се. Јас лично не би земал девојка која е проблематична или имала проблематично минато, која не е добро воспитана или слично, да не зборувам ако дојде до изневерување. Незнам што уште бараш со него ама ти си знаеш што е најдобро за тебе. Само не спиј на тоа уво дека ова му е прв и последен пат. Оној кој еднаш направил такво нешто веројатно не чувствува ништо кон тебе така да пак ќе се теши и задоволува со други.
Калуѓерки не се мажат. И не сите морални жени се калуѓерки. А слава Богу таква ќе барам, мајка за деца, паметна, морална, да се почитуваме и сложуваме, сигурно нема да е некоја што се прибира дома во 5, што ќе бара дозвола од феминистичко друштво за брак со религиозен човек и што и сама не знае колку партнер/ки имала. За секое тенџерче има и капаче нели?
@Vitaly колку добри луѓе излегле од дом со лоши родители. Замисли секој да гледаше по тоа какви се родителите. Па и минатото. Има разлика од мрачно минато и неверство во минатото. А уште полошо па ако земе маж од добро семејство, а тој уствари не е толку добар. Плус никогаш не можеш од муабети да ги запознаеш луѓето.
Извини припаднику на ариевска раса за тебе само девици со кралско потекло, по можност некоја прапрапра правнука на Пердика.
Е па и ти не мора толку верен да е на Десанка, може и да ја вара со Леванка во духот на темава да се вклопува бар кога станува збор за неверства Инаку тоа Десанка си постои како женско име и сум имала ситуации кога ќе ми се претстави некоја така да ме фати смеја, а на фаца озбилен лик да морам да имам. @Lovele јас имав познајничка која редовно на варање на дечко и го вараше и таа со друг некој и јавно си кажуваше, тераа така со години па раскинаа. Муабетот ми е дека и да го изневериш нема да го избришеш од срце тоа некое гадно чувство што го имаш. Ти еве изневери го слободно, ама тоа не е решение на вашите проблеми или барем на твоите проблеми, може тој не го гледа и доживува неверството како проблем штом го практикува и не се согласува на развод штом велиш сте разговарле и си му спомнала.
Јас нема да го направам тоа за да му кажам дека и јас сум изневерила, го правам за свој душевен мир, не сака развод сватил дека ме сака мене, еве и јас го сакам ама не можам да заборавам тоа што ми направи. Ако останувам во овај брак така ќе е полесно. Така мислам барем јас.
Нема не сака,ти очигледно не сакаш.Ниеден закон не може да те држи во брак со сила,може да трае разводот некој месец подолго, ама не може да не се разведеш,ако сакаш нормално. А тоа со враќање за варање е многу детско и неизживеано. Мислиш дека ако му вратиш ќе ти биде убаво?Пониско нема од тоа да мораш да легнеш со друг со сила само да му вратиш... А него баш ќе го заболе таквото,ѕој ќеифот си го направил,а ти чукај си ја главата
Не те познавам тебе лично за да знам навистина како размислуваш, но еве јас на твое место да ме изневери споругот не би го изневерила. Едноставно би ми се згадило од самата така да направам, заради него и за да јас се смирам да пробам секс со друг. Мене тоа ми е бесмислено и начин да си ставам уште повеќе товар на душа.
Па добро, ако тоа те смирува оди варај го. Не сфаќам дали и каков совет бараш. А дека некој на сила те држи во брак сама се лажеш, нас тука не можеш. Не дај боже да ме снајде истото ама јас неверство во брак не би простила (барем така мислам). Ете и сама кажуваш не можеш да заборавиш и не знам зошто само се измачуваш кога исходот го знаеме.
Има воспитувачи во тие домови кои професионално си ја работат својата работа. Само плава коса да има и сини очи. Висока да е, стројна. СС дивизија ќе правиме дома.
А зошто мислиш дека болката ќе ти исчезни и ќе заборавиш дека те изневерил ако имаш секс со друг? Јас пак, напротив, мислам дека не сакаш секс со друг, ако сакаше ќе го направеше тоа досега. Ама зошто? Ако некој се понижил себеси (за мене понижен е тој што е неверен), ти да не останеш покуса? Ако сакаш да си во брак со него, прости му и заборави што се случило, ако не можеш поднеси документи за развод. Едноставно е.
I jas ne te svativ zosto bi ti bilo polesno taka. A za razvod ima nacin dokolku edniot saka a drugiot ne. Ne se sekiraj. No, ti ne sakas ocigledno, toa e toa. Sekoj so svojot izbor. Licno ne bi se odmazdila na toj nacin,dovolna kazna ke mu bide zivotot bez mojata podrska vo bilo koja svera od zivotot (za mojot brak konkretno). Ti kako mislis taka pravi.
Искрено, сум чула луѓе да велат дека полесно го поднеле изневерувањето на партнерот, затоа што и сами изневериле. Може има нешто и во тоа... @Lovele ако си решена, направи го тоа, па кажи дали ти помогна да се чувствуваш подобро. Баш ме интересира...