@Lovele Нема што тој да сака или да не сака развод. Поаѓаш кај адвокат и поднесуваш барање за развод. Викаш сакаш да го изневериш за помалку да те боли. Сакаш да се симнеш на негово ниво за го вратиш балансот во бракот? Еве да речеме ќе го изневериш. Ако чувствуваш грижа на совест само од помислата да го направиш тоа, како мислиш дека ќе се чувствуваш ако навистина го изневериш? И освен тоа пак ќе го гледаш по дома и пак ќе се потсетуваш како те повредил. Само ќе си накалемиш додатна болка. Оваа болка сега нема да исчезне на овој начин. Пошто веќе кажа дека сакаш развод, би ти рекла разведи се. Тргни се подалеку од него и посвети се на себе си. Би ти препорачала и еден разговор со психолог.
Ќе ве молам за помош ... Со мажот ми се познаваме 13години но во брак сме смо 2 , имаме и дете . Извесен период нема никаква страст помеѓу нас , ништо спонтанно ... Започна да излегува ,да се средува знаете како тинејџер, знаев дека има друга , ме изневери и на мое инсистирање ми призна . Бев во шок . Долго разговаравме ... кога ме изневерил не мислел на последиците просто се впуштил страстта да го води, и не еднаш повеќе пати со истата жена , убаво му било било само секс , е сега почнал и да има чувства за таа жена и не знае што сака дали се уште ме сака или јас сум му навика , најдобар другар . Го мразев зошто ме имаше сменето со друга , но во ист момент започнав да го посакувам повеќе , тој ми предложи да имаме 3 ка со неа , секако не прифатив , самата помисла дека ебел друга не ми дава мир , го прашав и за детали да ми каже како се се случило и се што правиле , и некако од една страна ме пали тоа од друга сум бесна и љубоморна , Сака време да види дали има уште чувства за мене или не ... се обидуваме да ја вратиме страстта правиме почесто секс , мислата дека ќе се разделиме после се што имаме постигнто не ми дава мир , не можам да замислам да живеам сама без него , не сакам да го пуштам толку лесно ... Што да правам , како да постпам ?
Да му дадеш време за тој да види дали има чувства за тебе? Па ти не стоиш на закачалка!! И што ако тој одлучи дека нема повеќе чувства за тебе? Па уште и секс во тројка....абе тој нормален ли е или забегал одамна?? Девојче, најдобро да не си го губиш времето со него. Штом има друга, остави го. Бракот е завршен. Ќе ти биде тешко, но полека ќе поминува. Не вреди да си го уништуваш животот, еден и единствен. Имаш и дете на кое му треба здрава и среќна мајка.
А тој ,,извесен период" да не започнал после породувањето? Во прва прилика штом се почувствувал запоставено се впуштил во нова авантура? ,,Не можам да замислам да живеам сама без него" VS. ,,Не сакам да го пуштам толку лесно" Овие две некако не ми одат заедно. Ако те води мислата дека со развод и го даваш на тацна на другата, имај предвид дека тој веќе сам и се предал нејзе. Да било ,,момент на слабост"(ако може воопшто така да се нарече) ќе имал грижа на совеста уште првиот пат ,и немало ни да има следен пат. А ако те води мислата дека сеуште го сакаш,верувај со тек на време ќе избледи. Со секое следно изневерување. Дури и да престанат неверствата,под огромен знак прашалник е дали ТИ ќе можеш да заборавиш . Ќе можеш ли да продолжиш да живееш со него ,без секој нареден ден да му префрлаш за неверствата? Ќе можеш ли да заборавиш,и едноставно да продолжите понатаму? Тргни ја настрана швалерката и него. Прашај се ТИ што сакаш,ти што можеш. За простување може ќе му простиш, но тешко дека ќе заборавиш(поготово ако си импулсивна и преемотивна по природа). И како ќе ви мине животот, со префрлања,обвинувања и кавги?! Јас имам едно правило: Ако се најдам во ситуација да почне да ме јаде сомнеж ,да имам потреба да му шпионирам тел,фб итн. тоа значи дека довербата отишла веќе јабана,во неповрат. За мене лично тоа би било крај. Без доверба бракот ми нема никаква смисла. Изгубената доверба,многу тешко се враќа. Ама тоа сум јас. Што и да одлучиш,имај предвид дека имате и дете. Колку и да е мало и да не разбира- ве чувствува.На секое дете му требаат среќни и исполнети родители. А не секојдневно фрустрирани. Happy wife happy life
Јас знам како би постапила за себе. Секако дека би се развела, ама ти си моментално хаос. Затоа би рекла прво дистанцирај се малку од него периодов. Ако веќе имате односи, се надевам дека користите бар кондом. Веќе не можеш да бидеш сигурна што има а што нема маж ти. А не е лошо и ти да појдеш да се испиташ да не ти пренел нешто. Ни прва ни последна што е изневерена, па се развела. Тешко е, ама се навикнува човек на животот понатаму. Ќе се фокусираш на себе си и на детето. Не значи дека понатаму нема да сретнеш некој друг што нема да те изневерува. За болдираното, не можеш да држиш или пушташ некого. Тој веќе те напуштил, само треба да го прифатиш тој факт сега. Да, венчани сте и живеете заедно, ама тој веќе се затрескал во друга. Сега треба да си ги средиш мислите и да решиш што ќе направиш во врска со изневерувањето.
Ви благодарам за одговорите на исто мислење бев и јас , само решив да побарам совет мислејќи дека грешам , секако дека нема да можам да продолжам да живеам со помислата дека ме има изневерено ,цел живот ќе му префрлам за тоа , ќе ме мачи како и сега , а и нема да можам да му верувам повторно ... Во еден момент ми предложи и на мене да идам со друг нешто како да сме 50/50 и можеби ќе ми се допадне таму ќе ми се разбуди страстта и на мене па ќе видиме дека не сме еден за друг ... И да после породувањето почна се , нормално е дека јас изгубив страст за време на бременоста , после тоа со мало дете ми треба време и на мене , но тој нема време за чекање ....
Ми се чини дека си добила предлог за т.н. отворен брак(има и тоа ) ... Вие двајца најубаво си знаете што очекувате еден од друг како брачни сопатници.
Абеее, за ова лесна работа е... Инвитро и решен проблем. Твојата не е родена, изгледа. Од вакви размислувања братучед ми остана сам, има 45-6 години. Вакви беа размислувањата на тетин ми. Кога братучед ми на 28 сакаше да се ожени, тетин ми не ја бендиса девојката, зш баба ѝ на времето била „послободна“ девојка, а девојчево беше на место, со завршен факултет и неколку јазици зборуваше. Зборувам за време на '90-те
На нерва сигурно и јас би помислила на истово, но ако размислиш подолго колку и да е тешко развод е решението. Освен ако сметаш дека би му простила без да ти пречи истото понатаму во животот.
Аман бре @Vitaly и тука ли? Која тема да ја отворам за брак и семејство ете ти го @Vitaly со неговиот избор на идеална партнерка. Ме насмеа море да си ми жив, денот ми го направи
Јас читам и малку не ми се верува што читам. Да те пали тоа што маж ти те изневерил? Според мене такво нешто не постои, такво чувство не постои. Па уште ти вика да одиш и ти да го изневериш, абе ајде... Одма се гледа колку те сака и почитува. Јас малку ќе сум директна и ќе ти кажам дека маж ти повеќе не те сака, а твое е да одлучиш дали сакаш да продолжиш со човек кој постојано ќе мисли на другата и ќе те гледа како пријателка која ќе изиграва куќна помошничка.
Изгледа проблемот не е од вчера, ова е пред 5 години. Уште пред да се земете ви биле оладени односите, не знам зошто навреме не се прекинало ова плус претходно ти со чувства колега, а тој со друга. Поради детето или бидете во отворен брак, секој на своја страна или разделете се. Ова пред 8 години. Се ми изгледа дека овој од навика бил со неа.
Мене ме пали маж ми ако има секс со други. За тебе ако не постои такво нешто, за други постои. Ти не го претставуваш цело човештво.
@Li Na Јас би се развела. Тој човек не те цени,ни почитува,не ти дал ни време за да се опоравиш од породувањето. Чекал прилика и посегнал по друга. Ни тројка ни десетка,што ќе ми го таков во иднина!?
@WildMk некако контрадикторна ми си со изјавиве. Нели вашето не е изневерување, така се имате договорено и си терате како што сакате. Нема смисла да ни укажуваш колку сме заостанати и глупи, кога изневерувањето на членката не е исто како во твојот случај. Да беше и тоа ствар на договор ајде, навредувај нè сите по ред, ама вака се бламираш само. Плус и мала контрола на речникот не ќе е на одмет. После ќе се жалиш во прашања на форумот за речниците на другите а не си ништо поарна од нив.
Мислењата ви се изришани затоа што се надвор од темава, има и навреди, кавги. Ќе ве молам да се воздржите од коментирање на тема која не предмет на дискусија овде. За отворен брак има друга тема. Секое продолжување со вакво однесување ќе биде соодветно санкционирано.
Kako tie so vas taka i vie so niv. I jas ne veruvav deka nekogas soprugot ke mi go napravi ova ama zivotot mi dokaza obratno I zosto sega jas da stradam a on da uziva? Ako saka zaedno togas i jas treba da izramnam smetki. Oko za oko zab za zab.
Не ви кажав дека сте заостанати и глупи. Туку дека има луѓе кои се палат партнерот да има секс со други Еве и на @Li..Na маж и' е еден од тие.