Каков е тој брак каде мажот се пали жена му да има секс и обратно? Или се оправдувате сами себе за да сте душевно помирни покрај изневерувањето од вашите партнери. Нема тука почит, најмалку па љубов!
Апсолутно... Ти повеќе знаеш за нашиот брак, од нас. Прочитај на интерент, ќе видиш дека отворениот брак не е невообичаена пракса. На порно сајтови има посебни категории кои 'ја обработуваат' тематиката. Не ги поставил некој оти така му текнало, туку оти има публика која ги гледа.
Извини вака, порно сајтовите и порно филмовите ги поистоветуваш со брак меѓу маж и жена?! Тука почнуваат сите проблеми, кога едниот од брачните партнери ќе се замисли дека жена му/мажот и треба да биде како тој/таа од порничот што го гледа. Реалниот живот нема врска со порно филм среќо
Не, туку кажувам дека побарувачката ја прави понудата. Односно, има доволно луѓе во светот кои се возбудуваат да го гледаат партнерот како има секс со други, што дури и посебни порнографски катергории има кои 'ја обработуваат' таквата преференција. Пошто рекоа дека 'не било можно' да е љубов во прашање, доколку некој има таква сексуална преференција. Исто како да рече некој, дека не може да е љубов во прашање, доколку сексуална преференција му е да има анален секс.
Мажите нонстоп коментираат за други жени, во поглед на облини и ред други работи, и 80 % од нив би направиле нешто да можат, зборам од мое искуство, ама да знам дека жена ми се онади со друг и да бидам ладнокрвен, нема шанси.
Па не е љубов во прашање, мажот на членката која пиша дека ја изневерил отворено признал дека чувствува нешто за другата жена....
Ако и' рекол дека сака друга, а не нејзе, тоа е друго. Демек, ти смееш, жена ти не смее? или...? И жена ти се загледува по 'облини' на мажи... не е слепа, не се секирај...
Да ама има голем број на луѓе со cuckold фетиши. Има причини зошто сите тие порно категории постојат-луѓето имаат различни вкусови, не е се легни во мисионерска и изгасни светла.
Само сакам да кажам нешто што сум забележала. Нели велат жената се запоставила, куќата е запустена па мажот се оддалечил од домот. Запустеноста е последица, не причина. Кога јас бев најсреќна, научив еден куп нови јадења да правам, сѐ беше беспрекорно во секое време и работев пеејќи. Потоа кога се измешаа нештата сѐ правев со оф-туф како пензионер. Жената кога влегува во таква фаза, мажот одамна почнал со глупости и таа го чувствува тоа.
Нема да те осудувам , твој брак и твој избор е како ќе постапиш . На твое место , јас би го оставила . Секој што изневерува е свесен што прави , свесно стапува во контакт и има сексуален однос со некој на страна . Јас сум таква , ако простам , ќе станам контролфрик и бракот ќе стане неподнослив за двајцата . Затоа би се развела . За своја среќа и пред се , за доброто на децата . Нормално дека ќе останам во контакт ( ако има деца во бракот , за нивна среќа ќе поминам преку омраза и се што носи неверството со себе ) но нема да останам во тој брак . Мислам дека , нема да ти биде подобро ако и ти му вратиш со неверство . Ако му вратиш , бракот ќе ви стане пекол . Од едно неверство , ќе стане натпревар кој кого повеќе пати изневерил и понижил , а ако имате деца , тие ќе страдат најмногу . Ако веќе и ти не сакаш развод , тогаш разговарај со сопругот на тема " отворен брак " како што има @WildMk . Можеби така подобро ќе функционирате . Ако ништо друго , барем ќе сте на чисто еден со друг . П . С . Ма дај ви се молам какво запуштање од страна на жената . Ако некој се " запуштил " не значи дека треба да е извеверен . Треба да се седне и да се разговара со отворени карти . Еве јас сум пред породување , отечена сум како балон , кога имам време и можности се трудам да се средувам , ама со стомак до заби не секогаш успевам во тоа , стрии и целулит ми се на најјако пуштени , не паметам кога сме имале сексуален однос последен пат со маж ми . И ? Треба да ме изневери ? Не . Наместо тоа , ме праша зошто одбивам секс , дали сум добро или нешто ме боли . Му реков дека не се чувствувам привлечно , дека личам на слон . Утехата од негова страна беше " ајде ти биди здрава и жива , а за килограмите немај гајле , мене и како слон си ми убава , и без бебе да си , а камо ли сега со бебе . Ќе вежбаме по породување , ќе воспоставиме режим на исхрана , и ќе се вратиме во нормала " ( инаку и тој малку качи на килажа , заедно сме бремени ) . Највеќе се нервирам кога некој ќе рече " се запуштила , затоа маж и ја изнрверува " . Не , изневерува затоа што е зелена тиква , не затоа што жена му се запуштила . Можел отворено да и каже да се среди . Затоа се вика брачен другар/партнер .
Од искуство... на мажите кои изневеруваат, не им прави разлика колку и дали им е 'одржана' сопругата.
Во никој случај немој да паѓаш на исто ниво како него, заради самата себе не. Ти најдобро си знаеш како ви е во бракот и какви ви се односите, кумуникацијата. Ако мислиш дека нема да се повтори сето тоа дај му шанса ако мислиш дека не заслужува секој по свој пат. Не сум соодветна личност што треба да дели совети овде бидејќи и јас бев изневерена ставив крај, еден месец живеевме разделени и што пак ме победија емоциите и пропуштив. Сега сигурна сум дека не ме изневерува но почна други лоши дела да прави. Пие, ме навредува знаејќи дека сум во многу лоша здравствена состојба, не се знае што и како ќе биде.. . Но не ставам крај, немам време
Sto se sluci? Neli se razdelivte, bese zadovolna od odlukata? Dobra li si? Ne mu dozvoluvaj da te navreduva zosto?
Се разделивме, еден месец бевме разделени. Почна повторно да ми симнува ѕвезди, такви сцени направи што си помислив, тој навистина се кае ајде уште една шанса да му дадам. Се врати кај мене и еден месец беше се ок, но потоа почна со други лоши работи. Почна да пие да ме навредува, психички ме малтретира. Дозволив да ме победат чуствата и еве ме пак повредена понижена. Нема никаков повод да ме навредува незнам што му е. Единствено не знам што човек ке беше, знаејќи ми ја и здравствената состојба така да ми прави. Но до мене си е сум го сакала е сега трпи си и не се жали
Истовремено со сите проблеми, се борам и со карцином на дебелото црево кој неодамна ми беше дијагностициран.
Dusho mila, oslobodi se od site toksichni vrski.Sekoj koj ti zema energija I te polni so negativa ishutiraj. Da pobedish I Gospod so tebe da e!
Извини вака, ама ти немаш маж, ти имаш монструм покрај тебе. Штом ти е ваква ситуацијата, секоја дополнителна нервоза и стрес тебе ти го отежнува оздравувањето. Тебе ти треба сила да се бориш со болеста а не со неговите навреди и алкохолизирање. Нели можеш да отидеш кај твоите? Не мора да одговориш, ама со останувањето со него си правиш противуслуга во борбата со болеста.
Шутни го на улица и веќе не го примај покрај себе . Не заслужува говедото . Кај крив уште и боде . Кога тебе ти треба највеќе поддршка и сила за да се бориш со канцерот , со таа страшна чума на денешницата , тој вака да прави ? Е нема да може ! Што поскоро спаси се од него . Немој да си го трпела во ниту еден случај . Абе по под ќе се влечкам за чаша вода , со таков идиот не живеам .
Не е човек. Ни ронка човечност нема во него. Ме доведе во состојба да не сакам да оздравам. Се е до мене се јас дозволив ако ми е