Sekako nemash kapacitet ni poinaku da se izrazish ni da razberesh shto tuka devojkite ti kazhuvaat, koe e pravilnoto razmisluvanje.
Ај нова си, ќе научиш дека на форумов кој сака ќе ти коментира, ако не ти се свиѓа одјави се. Следно кога ќе те игнорира маж ти на камера, тоа кажи си го, имам момент на слабост кутриот, сигурно некоја пачавра го заведува. Сигурна сум дека маж ти обожава ваква сопруга ко тебе. Никогаш што нема него да го најде крив
За тебе не чини да ги правдаш мажите кога грешат. Мене исто ми се фаќа. Ама ти ако веруваш дека маж ти не е одговорен за своите постапки, што и да ти направи, ти ќе му простуваш, а тој и ќе те изневерува, и ќе те навредува, и ќе те истепа 'ако треба'... Ти си знајш...
Не, ти си крива, што си му простила еднаш и со тоа си му се постелила како чергиче да те гази, зашто зане дека пак ќе простиш, а он ќе си го лади кај други.
Така е му се сакало па отишол да си прави ќејв без да размислува за последиците...Кога ке немаш подршка од никоко сакаш нејкиш ке замижиж барем за себе го кажувам тоа
Ок, ќе замижиш. Многу жени едноставно мораат да „замижат“ пошто немаат кај да одат, такво ни е општеството. Тоа донекаде можам да го разберам. Ама да ја обвинуваш „другата“ наместо тој што ти дал завет не можам да сфатам. Бракот си го растура тој што изневерува, не третата страна. Не си правиш услуга воопшто што пробуваш да го оправдаш.
Јас машката страна не пробувам да ја оправдувам секако дека мажот е крив но сум имала болно искуство имав една пријателка сме јаделе сме пиеле спиеле заедно а она доагала дома само за да го привлече вниманието од сопругот јас тоа многу касно го сватив пошо ја почитував и да не должам кога еден маж одлучил да те изневери ке те изневери и кога едно женско ке науми ке фрли око немат спас а и секој што си прави за себе си прави
@M88 сакам само да ти посочам една случка од мојот живот. Се запознаваме на сезонска работа ..типот се преврти по мене ,бурма не носи. Нон стоп ми се јавува,пишува, комплименти дава чуда ,ама ете колку и да ми годеше вниманието некако ми беше одбивен. За еден ден одејќи накај работа во комбето седната жена му во 9 ти месец трудна,а колешка не запознава... Оваа е жена му на Фиљан . Е сега можеш да замислиш кој колку е крив. Од кај да знам јас тој дали е женет ко се понаша како ерген ? + После некоја недела дојдоа други девојчиња да работат и со една од нив изневери типот...секако дека некоја ќе падне. И не бил само тој таков пример ,ми се пуштале и други женети а се правеле дека не се ,само на овој ја запознав и жена му за другите или некој ми кажал или сум ги нашла на ФБ
Кога не знаеш е веке друг муабет потполно се согласувам имат многу идиоти лажат значи под кожа им је да флертуваат изневеруваат никако да пораснат некои мажи...но во случајот што пишуваме тие колку што прочитав работеле заедно и немат оправдување им се сакало на двајцата и тое то ...
@M88 денес била пријателка, утре може ќе е познаничка, следен пат некоја што не ја знаеш, некоја што тој прв пат ја среќава и така во круг. Вината барај си ја во маж ти. Тој те изневерил, не жените со кој бил.