Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    Ако му била битна опција број 1, никогаш немало да бара опција број 2.
    А и тој што се нафатил да е опција број 2, верувам дека ич не му е битно дали после него ќе има опција број 3 или број 100. Не знам зошто одма мислите дека швалер(к)ите се заљубени во тој/таа што се гледаат. Можеби сакаат само авантура, а не гледаат во нив потенцијален партнер за да го поминат остатокот од животот.

    Така што, го делам мислењето на повеќето членки, апсолутно вината е на изневерувачот, ни на изневерената, ни на страната со која што се врши неверството. Мене маж ми ми даде ветување на верност кога ме зеде за жена, а не сите останати жени и мажи на светов, па тие да ми се виновни ако него газот му мрда настрана.

    И многу е глупаво тоа, маж е, нормално дека му се сака. Жените не се фригидни. Муабетот е дали некој може или не да го контролира нагонот. Ако некој не сака, никој не можи со сила да го натера да изневерува. И обратно, ако некој сака, никој не може да го запри. Одете правете сцени и циркузи, пишувајте статуси, објавувајте слики, заканувајте му се на швалер(к)ите... џабе ви е. Ако решил/а, ништо нема да го разубеди. Можеби моментално, ама долгорочно, тешка работа.
     
    На Nausicaa, TashSefton, thelittle17 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Зошто ова е МаЌедонија и голем дел од луѓево живеат во 18ти век, каде жената(швалерката) не смее да има секс од задоволство, туку мора да е заљубена и сака да го разведе кутриов, наивен маж на кој жената му е број 1 нели, на кој кучкава му мафнала со опавчето и овој лингуров потрчал по неа.
    Незнам дали вака се тешат или е од неедуцираност ама жално е.
    Не оправдувам плеткање со женет/мажена, да не бидам погрешно разбрана. Ама секој си одлучува за своите постапки и си сноси последици.
     
    Последна измена: 20 ноември 2020
    На S.W.A.G, honey.11, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    Така е, излегуваат тие швалерките и гледаат кој маж носи бурма и штом детектираат таков им се пикаат под кожа. Овие ги бркаат, ама овие швалеркиве па упорни, не се даваат. На крајот, маж како маж, оти нели за тоа е створен, за секс и репродукција, а не за стабилност и чување на семејството, на крајот, после долги борби се предава на предаторот наречен жена.
     
    На S.W.A.G, Nausicaa, nena2010 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. bibiiii

    bibiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.081
    Te laze maz ti,imal sigurno seks so nea ,pa koga si posumljala ja nakrivil nea.
     
    На Macito007, cresa-jagoda, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Најголемиот виновник е тој што изневерува, дефинитивно! Ама да бидеме реални, доколку ја нема таа со која би изневерил, нема да го има и тој што ќе изневери. Без разлика дали е маж или жена. Се додека шетаат без никаков морал и достоинство, погазувајќи се себеси трчајќи по туѓото, оние другите ќе изневеруваат погазувајќи го својот завет. И едните и другите се грешници, само што едните си грешат само на себе, другите грешат на целото семејство
     
    На eliesaab, Cholipam и edna_malecka им се допаѓа ова.
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    Мислам дека прочита искуство на некои членки погоре. Голем број од нив кријаат дека се женети, а на чело не им пишува.

    И страната со која што се изневерува не значи дека е заљубена и сака да растури нечиј брак и семејство. Сака малку авантура, ја добива и секој по свој пат. Ако изневерувачот не мисли на своето семејство, што е должен друг да мисли?
     
    На TashSefton и Just.do.it им се допаѓа ова.
  7. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Муабетот ми важи само за оние кои намерно трчат по зафатените, демек на такви се палат, не и во случај кога не се запознаени со нивната ситуација. Секој слободен човек има целосно право на авантура и не носи никаква вина кога другата страна го крие својот брак. А доколку прифаќа авантура и покрај тоа што знае дека личноста е зафатена, исто толку е виновна и таа, само што со нејзиниот грев не повредува друг. Тоа ми беше муабетот
     
    На eliesaab и edna_malecka им се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    Еве хипотетички фетиш ми е женет маж (ако постои таков фетиш воопшто :?:).
    Дали тоа значи дека вината ја делиме на пола со тој што ќе прифати да ја изневери сопругата и семејството?
    Дали тоа значи дека секој женет човек ќе сака да е со мене?
     
  9. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Прво не разбирам како некому му е фетиш да има авантура со тој што 1 - ќе си легне покрај друга веднаш штом се раздели со неа. 2 - го чекаат 2-3 мали невини дечиња чиј што татко (или мајка) го сметаат за светец. Најголемата вина е во тој што изневерува, ќе се повторам, повредува многу луѓе со таа кукавичност, ама пак да посакаш да легнеш со него и утре на улица го видиш со децата за рака, тоа нормално ти е тебе? Еве мене не, се прашувам имат ли душа? Каде тој несовесен за се што прави, па уште ти со тоа што си дел го подржуваш како многу јак фраер, за авантура. (Тоа сето ти не е за тебе, ме сфати мислам)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    Те сфатив, јас себеси се зедов за пример како страна со која што се изневерува, не дека сакам женети мажи.
    Уствари го сакам маж ми, ако се важи. :)

    Не можам да им ја објаснам психологијата, ниту пак сакам да знам дали нешто чувствуваат кога ќе ја видат својата авантура со дечињата за рака. Искрено мислам дека ништо не чувствуваат, бидејќи тој бил за секс за една вечер или повеќе вечери ако им се допаднало на двајцата, не за градење ново семејство и одземање на мајката/таткото на децата.
    А за точка 1 има луѓе што не се врзуваат и бараат стрикно некој/а за да задоволи животински нагон и секој да тера по свој пат.

    Пак ќе напоменам, не ги разбирам, не сакам да ги разберам. Нема да зборувам околу моралноста, секој си одговара за себе и своите постапки.

    Ама ако маж ми ме изневери со тебе на пример, зошто да ја барам вината во тебе? Тој ми дал завет, не ти, ти не ме ни познаваш.
    Дури и да си му се упикавала и правела сплетки (што искрено не верувам дека некоја би се трудела толку околу незаинтересиран маж што сака само да го легни), тој ако не сака, нема сила што ќе го натера да е со тебе. Тој е човек од крв и месо, со нагони, да, ама има развиен мозок со кој може да се контролира и тоа е тоа што го дели од животните. Не е ни куче, ни зајак, човек е.

    Од лично искуство зборувам. Не во брак, во претходна врска имав дечко кој ме изневери. Му простив, 'сѐ беше океј' сѐ додека не најде друга девојка за да ме изневери. И друга, и друга.
    И мене сите тие ми беа виновни? Не можи цел свет да ми е непријател, ако тој не знае половиот орган в гаќи да си го држи.
     
    На TashSefton, *Amethyst*, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.420
    Пол:
    Женски
    Kakva glupost...dokolku ja nema taa so koja bi izneveril, nema da go ima i toj shto ke izneveri...ako ne e edna, ke bide druga. Ednostavno postojat takvi lugje koi pokraj semejstvo, gledaat nastrana, ako edna gi odbie, ke najdat druga. Osven ova taa ne im dala zavet, tuku onoj koj e vo brak, taka da celata vina e na toj sho izneveruva.
     
    На hermosa, jarec6, Just.do.it и 2 други им се допаѓа ова.
  12. KristiFolks

    KristiFolks Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Теоретски сите ќе си кажеме колку сме ние современи жени, одма мажот ќе го мразиме а кутрата швалерка сакала само да си има авантура, па 21 век, најака, појака од мене бидејќи јас живеам во 18 век и сакам да се еб*м само со дечко ми а таа во 21 век па сака да се е*и со дечко и па и со кој ќе стигне итн.:angel: Уште браво ќе и речеме на швалерката што е современа дама и си ужива во сексот, и пренајака е. Е арно ама кога ќе биде со ваш дечко или маж не е така чувството дека воопшто таа не ви е виновна. ( не хејтам кој што сака нека си прави само ја кажувам моменталната емоција што ја чувствуваш кога си изневерен).
    Е кога ќе се најдеш во ваква ситуација, не дај Боже, подруги се размислувањата ;). Нема со ладен мозок да мислиш на почеток како сега кога се работи за други луѓе.
    Замисли си личност која се ти значи вистински ја сакаш од срце и таа личност те изневери. Дали навистина си мислите дека одма можеш да почнеш да ја мразиш, бидејќи роботи сме ние, да.
    Прво чувство се јавува гадење спрема мажот, ти се гади од него не сакаш да те бакни не сакаш да те допри знаејќи дека допирал, бакнувал друга. Второ чувство е огромна омраза, љубомора спрема другата жена, не дека била со твојот маж, туку што таа има а ти немаш па мажот посакал на друго место да го бара. (Ова се фазите реални, не теоретски како ќе постапите).
    После се затвораш во себе посматраш се околу тебе да сфатиш од кога како што се случувало. И после веќе си викаш дека макар што го сакаш тој човек, не можеш да поминеш преку чувството на гадење, не ни можеш да замислиш секс со него, одвратно ти е.
    Жената во твојот мозок е курва, која во моментот си мислиш дека ја бива за нешто многу повеќе од тебе, нормално е да е курва во твојот мозок, не се правете еманципирани. Некој на работа покачување ваше да добие го мразите како најголем непријател, што не ни било сеуште ваше покачувањето на плата, не камоли да биде со ваш сопруг, дечко.
    Е веќе одлучуваш го напушташ човекот кој тебе те изневерил, не те изневерила швалерката да, ама нормално бре луѓе дека и неа не можеш да ја смислиш. И кога гледаш дека животното што било со тебе те правел будала и си уживале тие двајца, а ти и дечкото на таа си живеете во заблуда дека вие сте во среќни врски пред брак, е богами ти се откачуваат неколку жички. После оладуваш малку и гледаш дека нешто со години што си градел се срушило поради двајца идиоти (дечко ти и другата) и си викаш бившиот дечко и таа се во ред, таа може да си се гледа со него и да си има долга врска со дечко и пред земање, е тогаш црвот во тебе ти вели, а чекај зошто па да не знае и нејзиниот дечко (не исклучуваш можност да знае и да си имаат отворена врска) и тоа конкретно какви работи правеле со слики со се. И нормално дека ќе го направиш тоа, а не гајле ми е кутрата швалерка што ми е мене виновна, само дечко ми е крив yeah right. Биди во ситуација па ќе ве видам што мислите тогаш за швалерката :D.
    Ќе го оставиш гнасниот нормално, бидејќи е гнасен веќе за допири и бакнежи и секс (кога ќе видиш слики веќе гадењето не поминува :envy: ) but if I can make those fu*kers to feel a little bit of my pain, I sure will do something. И да тој е курвар и таа е курва во моите очи засекогаш. Фактички таа ми направи услуга, ми ги отвори очите идиотот во брак сигурно со друга ќе ми го направеше истото, но, и јас му ги отворив очите на дечко и :$ фер сум бе 8)
     
    На mKdevojce, *Amethyst*, honey.11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.636
    Пол:
    Женски
    Тука во ниеден пост не беше кажано алал да и е си го прави кејфот,си го живее животот.Само сите се сложивме дека нема што да одиш со швалерката да се објаснуваш мажот ми го зема,животот ми го униште,детето остана без татко ради тебе и слично.Кратко и јасно неверство е направено од страна на мажот,од оној кој ти ветил вечна љубов.А дека таа особа неможеш да ја сакаш е факт.И никој не бара да ја сакаш.Тука никој не ги величеше швалерките,само ја кажаа реалноста.
     
    На Anie93, princess02, S.W.A.G и 11 други им се допаѓа ова.
  14. KristiFolks

    KristiFolks Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Не цитирав никој, само мое искуство кажав. :wasntme:
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  15. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    @KristiFolks никој не рече дека ја сака швалерката на маж ѝ, ни дека е рамнодушна спрема неа, ни дека не ја смета за најголем непријател... Сите муабети беа околу мислењето на @M88 дека маж ко маж ќе изневери, крива е таа што го завела.
    А ако маж ми го става кај стигни, не можи мене сите жени курви да ми се, а тој страдна душичка што не може и не смее да ги одбие.

    Мене може да ме повреди некој што сум го сакала, што сум му верувала, а тоа е само маж ми, не можи јас да сум повредена од некоја жена што била швалерка на некого, нели? Во ред е да се чувствуваш бесно, можеби и бедно, но сето тоа е резултат од чувствата кон сопругот, не кон некоја жена. Ако не била таа, ќе била друга.
     
    На S.W.A.G, Nausicaa, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  16. KristiFolks

    KristiFolks Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Не цитирав никој од претходно што си кажал, исто не се согласувам со мислењето на @M88, се разбира дека тој што одлучил да биди во врска или брак со мене ќе е виновен и тој ме изневерил. Кажувам мое искуство, полесно е на почеток да ја мразиш таа што не ја знаеш бидејќи наеднаш не можеш омраза да чувствуваш врз човекот што го сакаш. После со ладна глава е друго размислувањето и нормално дека го откачуваш. Истото го пишав и јас таа ми ги отвори очите бидејќи знаев во иднина дека тој истото ќе го направи со друга или со неа пак без разлика. Но, исто нема никогаш да ја оправдам и другата страна, другата жена. И двајцата се виновни, се разбира мене конкретно ми згрешил дечкото, но и таа греши општо, не кон мене, мое гледиште е да не прифаќам неверста било да е машко или женско, затоа пишав во мои очи тие двајца секогаш ќе останат к*урвари. И таа и тој.
     
    На *Amethyst*, IRBBB и simona_baby им се допаѓа ова.
  17. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Точно, и јас не мислам дека некој може на сила да се натера, тоа е обострана желба.
    Во секоја авантура постои можност за нешто повеќе, со никого никој не може да биде сигурен каде и како ќе заврши таа авантура. Тоа е мое мислење, за авантури има колку сакаш слободни типови што го барат истото. Не сум тип на човек кој туку така може да го оправда овој современ живот.

    Сум била изневерана повеќе пати во врска, сум простила, ама секогаш станувало се полошо. Исто сум изневерила. И знам како е да те боли неверството, ама и како е да се гадиш од себеси поради неверство. Не можам да замислам со мм сега да си го направиме тоа еден на друг, знам дека тогаш веднаш би ставила крај, сигурна сум дека нема да можам да живеам со таков човек повеќе.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    Гледај, воопшто не поддржувам таков 'современ' начин на живот. Точно е дека има и жени што знаат дека влегуваат во авантура со женети мажи, и такви што поим немаат дека се оженети, и такви кои сакаат само една вечер да си поминат убаво, и такви што сакаат да се разведи нивната авантура од сопругата... Не ги оправдувам, ама дека мажите не се виновни, туку жените, мало морген.

    Има и мажи/жени што имале милиони прилики да изневерат, па никогаш не погледнале настрана и такви кои биле одбивани од милиони, па на крај завршиле со платен секс.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Сосема си во право, не ги оправдувам ни едните ни другите јас. Тој што изневерува е најголем виновник, само сакав да додадам дека и жената во овој случај не е цвеќе за мирисање, си носи вина и таа
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.231
    Допаѓања:
    124.512
    Пол:
    Женски
    Ова што ќе го кажам е од мое искуство. Се запознав со еден, бурма на рака немаше, а и не ни гледав зашто освен еден мубает здраво-здраво не планирав. После некое време ме побара на телефон, и ни еден миг не спомна дали е женет. Јас не бев нешто заинтересирана за негов статус па не ни прашав, не ми беше тогаш до врска. Упорен ме канеше на кафе. Кога ќе кажам упорен мислам 10 пораки на ден, во секое време од денот. Ајде излегов на кафе. Во истиот кафиќ пријателка моја која го знаела. После ми се јавува ме прашува што имам со него бла бла, викам ништо досаден беше, па излегов да му дадам до знаење дека не сакам врска. Ми вели, добро е, зашто е женет!! Јас толку и ми требаше. Ама овој не прекинува. Му велам, знам дека си женет, дека имаш деца, не сакам да бидам со женет оди гледај си фамилија. Ми вика, ама јас сум во бракот само ради децата.
    И сега драги мои: Јас сум малку егоиста па не сакам да сум втора, и го одбив. Друга да беше може ќе паднеше на тие патетични муабети дека бракот не функционира, дека не спие со жена му .. јас му реков разведи се, па побарај ме. Јас друга да бидам, не планирам.
    10 години подоцна, се уште е во бракот што не функционираше, доби дури уште едно дете со жена му. А сигурно имал и други, а оваа му простувала.. или па не знаела.

    Па сега видете кој е крив.
     
    На S.W.A.G, Nausicaa, buba4e89 и 10 други им се допаѓа ова.