Ти не си воопшто крива, и браво за одлуката и постапките, ретки се такви како тебе. Жално за жените што трпат вакви говеда. Баш тоа ми беше и муабетот доколку сите постапуваат како што си постапила ти, овие мажуленца не ќе стигнат далеку со нивната замисла колку се фраери
Ама ете таа дознала дека е во брак, а и плус не сакала ништо со човекот. Што ако друга не добие таква информација и што ако и се засвиѓа човекот? Во очите на изневерената најверојатно пак таа ќе биде крива, па можеби и ќе сака да и се одмазди.
Токму така.. со постапките воопшто не делуваше на зафатен човек. Јавувања во секое време од денот, муабети како слободен човек.. е кога прочачкав видов дека има заеднички профил на фб со жена му, оние со по 4 имиња..
Такви кои функционират како слободни и го кријат бракот ги имало и ќе ги има. Зборувам за жените кои знаат, а сепак се гледат со нив, а и воопшто не им смета тоа бе. Може и јас некогаш сум била со женет, може ни тогаш не сум знаела ни денес не знам, кој знае... Ама да знам, тоа е друга прича. Како и да е, жално за тие нивни жени, па и по три дечиња им раѓаат, а овие не се татковци на едно, ќе бидат на 3
Завршена работа, сега нека им е со среќа на двајцата. Направив спогодбен развод заедно земав со себе адвокат и отидовме на работа кај нив. На него му фрлив документот на неа и фрлив клучеви од дома и кажав нека ви е со среќа нема потреба повеќе да се криете по хотели, и коли. И си заминав гордо достоинствено.
@KristiFolks а ако била слободна, без обврски? Како ќе и се одмаздеше? На кого ќе покажеше слики? Ќе се кубеше по коси на плоштад? За 50 гр месо ќе се правеше будала? @Lovele браво!! Жена, кралица!! Крени си глава високо.
Потоа следеа еден куп пораки на подршка и неверување од нивни колеги. Не одговорив ништо освен Благодарам
Ne bi sakala nikogas da bidam izneverena, zatoa i ne izneveruvam. Ako veke se sluci toa, razvod i prijarno. Druga opcija za razgleduvanje nema, ako imam 3 deca, nikogas nema da se stavam vo taa uloga. Prvo zaradi sebe i decata,a posle poradi toa sto e zivot strasno sranje od koe nema beganje do posleden den!
Не знам колку прочита од тоа што напишав, ако сакав неа да и се одмаздам ќе и ги објавев сите слики кај што изиграваше порно глумица, јас му ги отворив очите на дечко и. Не ја објавив цела јавност да ја знае, и фацата и се гледаше на сликите прелесно ќе беше. Сум корнеа коси за 50 гр месо? Молим ти се прочитај убаво што имам пишано Убав ден!!!
Те прочитав. Ама те прашувам, ако таа немаше дечко, ако беше слободна, на кој ќе ги покажуваше тие слики?? Како ќе изреагираше тогаш?
Во денешно време многу лесно се дознава кој е женет/мажена. На другата страна останува да одлучи дали ќе биде соучесник. Швалерот/швалерката секогаш имаат одговорност,не кон брачните завети туку што свесно влегуваат во врска со маж/жена која има брачна заедница со друг. Нена одлучила да не биде туѓа забава во монотон брак,не паднала на вообичаените слатки лаги дека бракот е само на хартија,такви знам што и после 20 год. се заедно. Е сега не знам колку е вистина изреката дека "Не се гради среќа на туѓа несреќа" па обично швалерите/швалерките од како ќе го освојат пленот,врската пропаѓа бидејќи тоа им бил главниот мотив,да се подобри од законскиот.(тешки комплекси)
И што ќе постигнеше?? За што? Таа кога решила свесно да падне ниско да е друга, зошто и ти како неа. Дигни си глава, не вреди заради такви да си газиш сопствено достоинство. Остави тоа. И на твојот бивши ќе го направи истото. Карма ..
Јас кажав како постапив зошто да не знаеше дечко и? Крај краева човекот ми пиша благодарам. Ти кажав ако сакав да и се одмаздам што можев да напрам и не мораше никој да знај дека јас сум и ги објавила, со лажни профили или маил крај краева ехе се можеш да испратиш. Нејсе, не ми е да се објаснувам кажав што направив. Свесна сум дека ништо немаше да постигнам ако ја објавам секаде затоа тоа не ни го направив. Можев многу лесно да и го нарушам угледот не сакав. Затоа прочитај ми го и првото мислење на темава. Ако некој знаеше дека дечко ми ме изневерува среќна би била што ми ги отворил очите. Сама дознав и сега е тоа зад мене.
Не дека после мажуленцата ќе се откажат од изневерување,туку ќе си најдат такви како нив. Жени кои се во брак,а сакаат да пробаат нешто на страна,исто како нив.Секое тенџерче си наоѓа поклопче.