Ти го памтам и најпрвиот пост кога пиша и толку бев згрозена од тебе тоа не се опишува, точно памтам дека имаше пишано дека секојдневно го изневеруваш маж ти, како успеа секој ден цели две години? Покрај работа, гледање дете, куќа и други обврски плус и време за швалерот? Неверство ни во лудило не би оправдала, и првиот пат ти пишав кажи му се на сопругот, разведи се и продолжи после како знаеш и умееш, и сега се дозна и паѓање во опатија, зошто не мислеше на ова цели две години и секојдневно кога одеше да се гледаш со швалерот, помислуваше на детето, на последиците? Вредеше ли тој секс толку многу за да си го растуриш семејството, и детето да ти страда сега? За еден обичен секс и задоволство да растуриш нешто што траело, се градело со години, си основала семејство со тој човек, за да после некое време ти текне дека него не го бива за еб*ње, па чекај швалер ќе си најдам. И во ситуацијава јасно е кој е жртвата, мажот ти, сирот цели две години при очи слеп, наивен и сирот, додека он ти го чувал детето дома мама на провод со швалерот. И не воопшто не си за жалење, како што си правела некого будала сега на крај ти испадна најголемата будала, и без маж и без швалер, а може и без дете. Во иднина ти посакувам се најдобро и памет за друг пат.
Vaka sea dve godini od koi godina e so seks , mnogu e slozena prikaznata. Poise bese emocionalna vrska, prijatelska. Dolgo i slozeno e za raskazuvanje. Me fati na slabosti jbg. I definitvno ne e sekojdneven seksot. Mozebi dva pati mesecno. Sekojdnevno se gledavme bez seks
Фокусирај се на детето и на себе си сега. И не прави друг пат вакви грешки, ете лекција ти е ова, сите учиме од грешки. Зошто не се разведе од маж ти ако ти бил лош бракот? Не мораш да ми одговориш, само се обидувам да ја разберам и твојата страна на приказнава, во што беше проблемот со мажот ти?
Најмалку важно е тоа колку бил чест сексот, ти секако и емоционално си го изневерила. Неверството не го расипал бракот, по твоите зборови бракот бил готов, само што ти си нашла утеха, а мажот (веројатно) сам поминувал низ тоа. Малку нефер, но пак ќе ти кажам се случило и назад нема. Би ти рекла да пробаш да го спасиш бракот, но за жал мислам дека е невозможно. Нема доверба веќе, нема љубов, нема почит, разделбата е најдобро решение. Да се изјаснам за прашањето погоре околу детето. Доколку мажот изневеруваше во приказнава, немаше да го поддржам да биде со детето зашто таткото не може да се грижи за малолетно дете после развод (со исклучоци). Членката единствено ја охрабрувам само и само заради детето. Инаку, од ваква подла работа и ножеви во грб на најблискиот ми се гади.
И сеа емоционалново као не го рачунаш? Само сексот е изневерување? Не те фатил он на слабост, не си ти невина тинејџерка. Ти се присакало, он се нашол у комбинацијава и тоа е тоа. Не се представувај сега како некоја жртва која паднала на симнување ѕвезди. Не ти е крив он, сама си се зезнала, ти си била таа која изневерува. Сега дечкото не сака да се најде во fucked up ситуација и те остава на цедило. Му одговарал секс на изволте кога сакал, но не сака ништо повеќе со тебе. Better luck next time
Е да, баш така, ножеви во грб се. Да беше мажот тој што изнрверил итоа како ќе го распнеа тука, ќе кажуваа како не бил татко и сл. А зошто жена за ова да се поштеди? Не разбирам зошто некои се контрдикторни? Само едно 20 страни поназад, најстрашно го вреѓаат мажот што изневерил, го прават не татко, го навредуваат и сл. изневерувањето е исто и од маж и од жена, и чим се бара совет на јавен форум, секако дека треба да се очекуваат осуди, не сакам да поштедувам никого од било што, за да искажам свое мислење, не судам и многу ми е гајле што сами си се уништуваат, ама нека не очекуваат дека од сите ќе бидат НЕ-осудувани. Потполно се согласувам со тебе, затоа те цитирав.
Sea koj rece deka ne e? Rekov dve godini izneveruvam znaci i emocionalnoto go smetam. E kako se desi se desi. Mazot mi ne bese tuka godina dena e taka...
Е добро де, не бил тука маж ти, и тоа не е причина за да го изневериш, нели? Се тоа си има своја позадина. Јас не поддржувсм неверства, и од мене не си поддржана, ниту пак те осудувам, ама не барај кривица во тоа што маж ти не бил тука едно година, па затоа си го изневерила, си го изневерила затоа што така си сакала, и тоа е што е, замисли да било обратна ситуација и тебе да те немаше една година, а маж ти за тоа време да те изневеруваше, па да бараше кривица во тебе, затоа што не си била тука? Глупави изговори. Разведи се, и тргни се на страна од мажи некое време, посвети се на детето, мој совет и мислење, сакап прифати го, сакаш не, твоја работа. Со лесно.
Ne e izgovor i jas ne bev tuka 4 meseci samo sakam da kazam kako se desi. Mi trebase pomos ova ona togas bese samo enociobalnoto, nemase seks, i jas koa zaminav isto me barase poatojano sekoj den. I ne baram opravduvanje ili krivica se desi ednostavno....
Во ред се деси, сега мажот ти сака да се разведете претпоставувавам? А со овој другиот немаш контакт сега? Мисли на детето, и фокусирај се на него, друго нема што да направиш, мислам дека немаш баш и што да направиш и поправиш повеќе.
Што сте фини, просто се зачудев маж да беше жив ќе го запалевте. Не е битна причината. Битно е што самата на себе си нанела зло, а покрај тебе патат и мт и детето. Кога веќе си приметила на кај оди работата, си требала да пресечеш и да расчистиш со време што сакаш амаа... јбг... Седејќи на два стола, падна на земја. Јбг ќе станеш. Се надевам ја научи лекцијата.
Во ред се деси, сега мажот ти сака да се разведете претпоставувавам? А со овој другиот немаш контакт сега? Мисли на детето, и фокусирај се на него, друго нема што да направиш, мислам дека немаш баш и што да направиш и поправиш повеќе.
Забранетото е послатко. На вториот си му била добра, додека си била 'туѓа '. Нема никакви обрвски према тебе, никакви очекувања од тебе према него, едноставно само секс. Општо, статистиката покажува, а и од примери од лична околина, изневерувачите губат интерес еден за друг, у моментот кога биваат слободни. Твојов, стандард. Ставил прстен на рака и завршил своето, тука е таа/тој нема кај да иде, започнува една летаргија и незаинтересираност за партнерот, исчезнува сето она што постоело пред да блесне прстенот. Во идеални услови, си требала да прекинеш веднаш штом мислата за друг станала дело. Вака.. извини се, прифати си ја грешката и продолжи понатаму. Сама.
И дека не беше една година тука мажот ти, ти наместо да си го гледаш детето имаше потреба од швалер, и ова е некакво оправдување? Добро не знаеме колкаво ти е детето претпоставувам е уште мало, ама утре кога ќе разбира и кога ќе биде по големо како ќе му објасниш зошто си му го уништила семејството, целиот свет им се руши на децата после разводот на родителите. Додека е мало ќе го лажеш, еден ден ќе дознае зошто ти и татко му сте завршиле, знаеш со какви очи ќе те гледа тоа дете? Понатаму во животот само од тебе зависи дали на тоа дете ќе му бидеш мајка што ќе се гордее со нејзе, или мајка што ќе ја обвинува и ќе се срами од нејзе.
Колку полесно на маж му се простува неверство отколку на жена, зачудувачки. И никој немаше на маж да му вергла "детето, детето". Детето си е дете, како децата на разведените да се некоја проколната категорија, па сега по секоја цена да треба да се угуши некоја во несреќен брак ради детето. Мислите детето посреќно ќе беше ако таа прво се разведеше со мажот па тргнеше со љубовникот? Демек попоштена во негови очи ќе беше? Советите : прво расчисти, ( за брак со дете зборувам) ми се од така понеприменливите , бар во мк. Јас не познавам маж или жена во брак што бил со дете што прво расчистил, па се заљубил/а во друг. Освен, ако не се работело за физичко/психичко малтретирање претходно. Никого не знам чисто од емотивно/сексуално незадоволство што се развел. Не дека за сите се знам , или ми се исповедале сите разведени, туку за жал не е вообичаено тоа. Осудувањето од средината би било исто "е што му/и фалеше, дете има , оти не гледаше кога бира" и слично. Затоа се одлучуваат полесно за тајна врска. Таа не си го сака мажот, тоа е очигледно. Е сега, дали требала пред или после "расчистувањето" љубовник да има, не менува многу. Детето до одреден степен секако ќе пати. А љубовникот е во поедноставна позиција од неа и сега, и кога би била разведена од претходно. Со прстен одма да се појави по аферата, и да го прифати детето како дел од животот на партнерката, а сам нема дете е реткост. Пак зборувам за балкански менталитет оти сите знаеме што е идеално, а реалноста е нешто друго.
Многу осудувате. Околу вас има десетици кои се во паралелни врски, во моментов. Многу полесно се 'убиваат' предрасудите, ако се обидете да ја разберете ситуацијата. Шо корист од муабетот: Шо не мислеше претходно? За се' истиот шаблон го користите: - ја тепал, шо не мислела порано - изневерила, шо не мислела порано - цел ден шетал и не чувал деца, шо не мислела порано - имала проблеми со свекрва и', шо не мислела порано Вие шо не мислевте порано за проблемите во кои сте сега? Ви личи на совет муабетов?
Леле смешки. Глава сечам ако една овде застане на страната на мажот кој изневерува и да рече - не мислите дека сам доволно страда уште вие да му кажувате колку згрешил!! Какви убавки двојни аршини. Мажот ќе беше на клада стаен истата минута само што ќе пишеше коментар. Џаст сеинг. Иначе да. Неверството е аргумент на суд кога се одлучува кому ќе припадне детето, на тоа богами треба да се мисли со време, оти не сите завршуваат брак пријателски и во договор. За конкретниот случај што да кажам. Било што било. Си се залетала. На љубавник му било арно без обврски, сега нормално сака слобода. Не си мислела тогаш, сега почни да мислиш. Не те осудувам, грешка или не, време е да си расчистиш со себе. Што, каде, како понатака ќе тераш ставајќи ги потребите на детето на прво место овој пат.
Не осудувам само едно ќе прашам. А зошто ти мораш да имаш маж у животот? Сопругот те остава, ок и онака не бил погоден ни бракот, а ни мажот. Нели треба да чувствуваш олеснување сега што ќе те ослободи он од обврските. Второ љубовникот те неќе веќе, ок тоа нели беше пријателски и за секс. Па ти сега немаш проблем, треба да се чувствуваш слободна и не зависна. Зошто е проблем да бидеш сингл?
Претпоставувам дека секогаш почнува се пријателски,ама како поминува времето се раѓаат чувства барем кај едната страна.Скоро никогаш таквите секс пријателства не завршуваат без емоции.