Razocaruvanjeto e od toa, Sto toj I svrtel grb, nisto drugo. I sega ovde ratiste, kje si naredi ona, nesekoja moze 2 god. taka da zivee.
Mene ne me iziritira toa Sto varala, tuku Lele samo deteto me ostava vo zivot. Cekaj, malku, a na forum pisuva tolku licen problem za da dobie poddrska , zatoa Sto od nadvor ja nema izgleda. Jas ne smetam deka I treba sozaluvanje I empatija. I pisav I stojam na toa, od mene Lele greota nema, 2 godini aa ne.
Многу често врски за грд потекнуваат и од немоќ и од незнаење да се справи со ситуацијата. Пример, тој ја тепа, љубомори, се труди да ѝ ја ограничи секоја слобода - таа го изневерува затоа што може, чувстува дека на еден начин "му враќа", додека во реалност тој е идиот кој не треба никогаш да види жена. Дали заслужил некој да биде варан во таков случај? Не знам, ама знам дека ни една жена не заслужува да биде во ситуација кај што варање би и било "единствен излез". Оти не е излез, никаков!
И мажи исто виделе матка во учебник, па се сметаат повикани за абортус да зборат. Секој со своите опсесии...
Да,неспособност да го изразат незадоволството во бракот кој го завршуваат со изневерување,тоа и се случило со членката. Ова повеке оди во одговор зошто некој изневерува. Но има и изневерувачи кои го повторуваат образецот,тогаш причините се само во нив,нит во брачниот односниту во брачниот партнер.А скоро секогаш партнерите им се изговор, оправдување исто како кај насилниците кога жртвата е виновна.
Ама некогаш сексот е само секс. Некогаш сексот е не само секс. Многу непознати, нема единствен заеднички именител. Брак е комплексна работа, не постои мануал.
Не. Абе не е темава филозофска, зошто, како, кој, што, ама детето Некој ќе си ја пише маката, не му треба одговор на прашање што не го поставил. Ако го најдеш мислењето на засегната членка, гоу фор ит. Иако многумина веќе дале мислење на место, да не се повторувам кога веќе го кажале битното.
Ма не, јас уште преѓе го видов мислењето само не ми беше интересно да пишам зошто генерално се е кажано. Само на ова смеа ме фати оти како „старо мало“ читам на овие теми па и пишам пошто екшли за учење ми требат и читам да видам кој какви проблеми има и како околината ги прифаќа/ осудва. Па си реков дозвола да побарам.
Животот не оди по заслуги за жал . Битна е зашто и тој игра некаква улога , можеби и тој не ја сака, само ја трпи, можеби ја запоставувал, можеби сексот со него е до зла бога досаден, можеби е па фер човечиште и одличен татко а просечен сопруг или пак и во тоа брилијантен. Илјада можеби. Таа си знае што изгубила, што добила.
Не маж да е стварно полоши работи ќе беа она ќе треба да седне со него пак у кревет и да ќути .И машките се полоши ок ?Кој гарантира дека маж и не мрда лево десно ?Бракот им е лош читате сите.И швалерот ја обработил ја фатил на емоции за да ја легне и стварно е жртва кој дел од приказната не е јасна?Ама побитно е јер е жена да ја осудиме да удриме со камења.А Исус не го мешајте кога не знаете каков е ,самиот кажал никој не е добар .
Ајде бееее, ја фатил швалерот ја обработил, она е жртва. Не може увек да сте жртвички во се'. Зрело е човек да признае дека згрешил и да продолжи напред побогат за една лекција. Дали сопругот бил лош сопруг и членката била несреќна во бракот па поради тоа се одлучила на неверство или па он е добар сопруг ама таа пак сакала да оди со друг, во секој случај е нејзина одлука, а не швалерот ја обработил. Никој не може да те наведе на неверство ако не сакаш. Мажите кога изневеруваат не ви се свиѓаат муабетите дека швалерката курва сигурно го завела, јадниот. Епа не ги правете истите муабети сега. За брак се потребни двајца. Стварно некои луѓе имаат таков порив за изневерување во себе, ама ретко кога едниот сопружник е супер, брилијантен ама другиот го изневерува. Најчесто е незадоволство во бракот, од убавини поретко кој изневерува.
Пишав како што прочитав од неа ,она рече он ме фати на емоции ме сакал ,а една година биле пријатели .Не ја бранам неа имаш пост каде и велам да продолжи понатаму јер сама била со дотичниот швалер и да цутал бракот едноставно и она сакала но ете штом наведува дека он ја завел верувам дека е така.Има и наивни мажи има секакви случаи ок ?
Никој не можи да те заведи и да те натера да изневериш ако ти не сакаш. Оној што изневерува е најмногу виновен, без разлика дали е маж или жена. Можи да се стави крај прво па после да се прави што сака, наместо да правиш будала од некој кој ти верува.
Да и посветувал мажот доволно внимание таа сигурно немало и да помисли на друг. А и тој бил во странство една година од каде знаете дека и он не ја изневерувал или оние 4 месеци кога пак таа не била во земјава . А он и да изневерувал ,кога ке дознае дека е изневерен пак тешко ке му падне кога тој е изневерениот.
Ако вара мажот тогаш е сељачина која не знае да ја цени жена му што му родила деца. И да не им идел бракот, требал да ја обезбеди и да се разведе. Ако вара жена тогаш што има врска, сигурно и мажот ја вара, швалерот ја завел. Сигурно не им идело добро у бракот, а на неа и се прие*ало. Да, важи. Ептен е фер.
Не ми јасно што се фативте за мене, типот не ја легнал да се разбереме, имале врска 2 год., јас се разбирам ама 2 години се во прашање, ќе лаже тој денес, утре, задутре, еднаш ќе пресечеш, а се додека вие се лажете со утехи и изговори и се овој е крив оној, така ќе биде, варав ама не бев ја крива, ја у подрум бев. За 2 години таа успешно успева да скрие се,плус пишува по форуми, а не успеала да му го измери пулсот, еве, не фатија, на улица сум со детето доаѓај земај ме... па, да знае на што е. Не можам да ве разберам, што фајде да ја лажеш сега, ќе ја утешиш, ќе ја смириш, ќе го решиш проблемот? Не. Ако била толку наивна, а тоа тешко да поверувам и дека тој бил толку јак швалер ... не ми се верува. Едноставно, оплескала и тоа дебело, и не ја боли уво неа за маж и да се разбереме. Се е зошто таа итрица е фатена, што пиша една членка од јака фраерка сега најдебелиот крај го извлекла. И најлошто е зошто тој тип и свртел грб во таков момент. Па, тој можел да каже еее душице, да те земам па, после и мене истото да ме најде, нека фала. Цел проблем е од тоа што таа нема храброст да заврши со тој брак или некако со маж и да го оправаат. А не, место со маж и да разговара, овој и бил пријател, да. Маж ќе ти биде пријател, ама ако не држиш растојание и да се знае до каде, отиде пријателството по вода. Сега и дошло време да порасне, џабе мене ми се закачивте овде