И никогаш не се запрашал зошто е тоа така и дали жените се предмети на дугме со кое се контролира расположението? Најозбилно прашање, зошто си уште со него кога нема ни грам почит кон тебе?
Затоа што немам храброст да си заминам, еднаш собрав сила се спакував и почна да плаче да се колне, попуштив згрешив и останав, беше по добро некој месец и пак се врсти на старато.. Проблемов само тука што го пишувам, немам на кого да кажам, немам блиска личност со која да разговарам
Не е правилно. Ти имаш проблем со мажот ти, замисли како би било мажот ти да има швалерки и ти наместо да ја решаваш ситуацијата со него, одиш кај сите швалерки дома и пробуваш да им кажеш на нивните мажи. Малку подостоинствено треба да постапиш. Во туѓ брак мешање не, ако му смета на нејзиниот маж, негов проблем, ако не му смета, исто негов проблем, со него или пак со комшивката разговарање - не. Ти имаш проблем со маж ти, не се обидувај да го "браниш" маж ти од жени, тој треба сам да се "брани", не треба ти ниту да разговараш со други освен со него, ниту па случајно да си одела кај комшивката дома за да ги фатиш на дело. Маж ти доколку те сака, треба сам да му текне да ги откачи сите кои сакаат намерно да те изнервираат. А не милион пати да му кажеш и да не му е гајле за тебе и да ти каже дека си за на психијатар. Ти гледај да најдеш работа и место каде би можела да живееш без него. Да станеш финансиски независна. За ако некој не те почитува, да си одиш, толку. Немој да пробуваш да го спасуваш бракот со помош на трети луѓе, како мажот на комшивката, ако твојот маж не сака. Нема тој што да се колне и да се лигави кога заминуваш, зарем немаш читано дека сите истото го прават, а уствари не им е гајле? Се лигави пошто кој ќе му пере гаќи после, кој ќе прави ручек. Имај малку повеќе самопочит и следниот пат кога ќе одлучиш да се спакуваш, не се враќај.
Плус многу кажува за ситуацијата на чија иницијативна сте почнале да се дружите со комшиите, дали тоа е на твојот маж и нејзина иницијатива или па ти иницираше средби, одење на одмори и слично... доколку на нивна иниијатива сте почнале да се дружите односно на нејзина и на твојот маж, логично е дека имало нешто од порано, па заедничкото дружење било само алиби за тие да си поминуваат време заедно.
Жал ми е што е така. Ама има многу членки на форумов што ќе те ислушаат ако сакаш да си се олесниш. Може да ми пишеш кога сакаш ако ти треба разговор. Не вреди да се мачиш и да трпиш се. Ако имаш можност да си отидеш, седни го и кажи му озбилно дека не планираш веќе да трпиш непочит. Ако не прекине да се гледа насамо со неа, дека не можеш да го поднесуваш тоа и дека ќе си отидеш за стално. Ако си продолжи пак по негово, навистина отиди си.
Она прва ме викна на кафе, па после јас нејзе, не поканија фамилијарно на гости, па ние нив и така се зближивме, на одмор бевме со други, но мажот ми ги викна и нив за да не се налутеле, цел одмор беа заедно они.. Ви благодарам на сите за советите, премногу ви благодарам Сега останува на мене да се смирам, и сама со себе да одлучам што да правам
Нема тоа врска, не замарај се со глупости. Најбитно е - ако те сакал, ќе прекинел без да му кажеш со луѓе кои намерно сакаат да те повредат. Ако не му е гајле, ќе оди ќе лепи плочки иако ти сто пати си му кажала дека ти смета. Ко демек ако не беше маж ти, ќе останеа плочките незалепени, мажот и нејзин нека ги лепи, мајстори нека викнат. Твое е да одлучиш дали сакаш да си во брак со некој кој те чува како капка на дланка или со некој на кого не му е гајле.
Devojko, nema plachenje, nema zhalenje, imash dete komu mu treba silna majka. Prvo smiri se, nemoj postojano da si gi vrtish mislite vo glavata. Vtoro soberi sila, napravi plan, dali ke razgovarash so nego za razvod ili ke najdete zaednichko reshenie. Napravi plan za se i ispolni go. Ke pomine i ova devojko, ne e kraj na svet. Ne znam kolkavo vi e deteto, no nemoj da si deprrsivna pred nego. Nekogash decataa znaat sebe si da se obvinuvaat za kavgite na vozrasnite. Poddrshka do tebe, posilna si od ova
Е шо Компир, може и ние треба да си ги провериме мажите ако не шврљаат. Може нешто им фали, па шо ќе ми е таков, фаличен
Лелеее дај бе муабетиве..... Има уште време да мења мислење? Што мислење да мења она или било кој/а друга што дели исто/слично мислење како неа? Како би го сменила мислењето дека на секој маж му се сака во секое време и жените се криви??? Како можете волку ниско мислење да си имате за самите себе јас незнам. Неможеш сите луѓе во еден обрач да ги сместиш, разбираш? Значи ти сакаш да кажеш на пример еве: Татко ти е маж. Му иде комшиката и му вика "ај комши на една партија ....." и татко ти вика "секако комши идам одма". И ти тука го оправудваш татко ти за тоа што би и го направил на мајка ти "оти е маж" нели побогу и и викаш на мајка ти "епа тоа е мамо, немој да се нервираш, маж е он, комшиката е крива".
Значи толку ја нападнавте женава мислиш со мажот ви го врала мажот. Како прво читајте дека сексот во бракот бил или непостоечи или лош. Знаете како е да сте до некој во кревет кој не ве регистрира, а и кога ќе ве запримети ( најчесто после досаѓање и зборење за да те откачи) сексот е рутинско обавување брачни должности? Се прашал некој зашто он така се понашал према неа? Зар затоа што е мајка треба да престане да биде жена? Да се понижува пред мажот за малку љубов физичка? И ете фатила швалер!! Јака работа. не убила човек, плус не растурила семејство друго свесбо , типот бил сингл, го добила она што го немала дома. Да го добивала од мажот она што го добила од љубовникот немало ни да има швалер. Сама кажа дека тоа ја втурнало во афера. И сега ?? Сега и е тешко, нормално. Се гледа дека не е некоја нимфоманка без чувства која би се вуцарала по хотелски соби со било кој. @kate-84 какво убивање какви глупости. Тоа не ни било брак туку цимери сте биле што имаат дете. Среди си се малку, оддалечи се од сите освен од детето и ќе си ја најдеш среќата и ти во животот.
Ама нејзе и е криво што се зацапала во тој манипулаторот од швалер, а не и е криво за маж и. Прљава игра е тоа. Ако не ти чини нешто се разговара, ако не оди на подобро чао пријатно. Како е тоа детето да си го оставаш за да се е☆☆☆ со друг, зошто овој го немало цела година? Мене ми е лично незамисливо. Остави се, па оди со кој сакаш. И никаде членката нема напишано колку/како имала секс со маж и или па дека она требала да се понижува за физичка блискост. Ништо од тоа незнаеме како било, можда било до неа, можда до него. Затоа се седнува и се разговара. Пред брак и чинел после не,а? Претежно не се менуваат луѓе преку ноќ на тоа поле. Ова е форум, кога пишува мислење треба да е спремна на секакви реакции. Неможете да очекувате да ве тапшаат по рамо ако така сакате. А да пишеше маж ми го фатив како ме изневерува? Што све ќе изнапишевте за поддрша за неа и што све ќе изнапишевте за мажот? Двојни аршини фрштат овде така?
Можеби е жена која едноставно неможе да биде сама и ете мислела дека со тој ќе има иднина, аа овој си сакал авантура со мажена жена да не му звоца за брак и обврски и кога видел дека станува сериозно ја киднал. Погрешно и е што имала друг, ама мислам дека е од типот на жени што едноставно не можат да бидат сами. Мора да имаат маж. Го имам тој пример во блиска пријателка. Не оправдувам јас ништо ама ни судам. Не сум ни бог ни судија. Освен ако ми се меша во мојот живот. е тогаш е друга приказна. Ама ни тогаш не би трчала по швалерката туку би го фрлила ѓубрето од дома. За 50 грама месо не мислам да се понижувам.
@tija22 нит и лепел плочки, нит и чистел подрум. додуше и лепел ама не плочки. Свести се и разбуди се пред очи ти се мота со швалерката и уште психички те малтретира да те уништи дека си депресивна и не чиниш. Кога пак ќе оди да и помага на госпожата, ти дотерај се, земи си дете и излези си да си шеташ. Едноставно престани да му даваш до значење. И бегај од него. Она е класика психичко злоставување на жена, сакаш да се поболоиш, дете да не можеш да си гледаш? За едно гомно?? Собери сила, крени си глава, седни го и директ речи му: Кога ти е на распоред секс со комшиката? Да знам да си одам да си бркам и јас работа. Не да го молиш, не да го цвилиш, туку остро и дирекно.
Тоа е така ама ти ако си силен карактер ке го оставеш и ке живееш како кралица а не да му поминеш преку прсти. И јас мислам дека сите мажи би изневериле ама твое е што понатаму коцките се секогаш во твои раце, ако продолжеш со него си мутава пволка само ништо повеќе. Проблемот е во твојата глава не во неги, секога џукела би те изневерил ама твое е што понатаму, дали ке бидеш краљица или магарица.
И јас мислам дека сите мажи би изневериле затоа и не верувам во брак, од таа причина да и се соблече Џенифер Лопез секако дека ке ја ебат, ама ти дали ке опростеш тоа е веќе твое, ако опростеш си газиш врз себе..