Во тема за брачни неверства пропагирате отворен брак? Па ај сите да си бидеме така отворени па ќе нема неверства. Сакате да го направите тоа нешто нормално, ама се надевам дека сме уште во традиционално општество. Само се надевам, тешко на следните генерации. Ич не мора да се зимаат, сите ќе си се сакаат, групно.
Може ли да се цитирате во темата Отворен брак со мислењата кои се однесуваат на тоа? Темава не е за отворен брак, темава е за класичен брак во кој довербата е изневерена, па ве молам да се задржите конкретно на темата.
Ама сте измешале брзини Каква врска имаат деца со брак само не сфатив, демек морам да се омажам за да ги имам? А ако се омажам тогаш МОРАМ да ги имам? И отворен брак и швалерај не се иста работа, али ај, некад и тоа ќе се научи. Наредниве поколенија кешки да ги научиме дека не постојат курви, ороспии, распуштеници, се' повеќе од тоа е бонус.
МОРА, МОРА. Уште непроодени и незазборени, ги учат дека треба да завршат школо, да се омажат ДОБРО и да си родат деца. Најпрост пример - Ако случајно после некоја година брак, упте немате деца, на слава (пример) пред едно 30/40 души ти викаат "Кога деца, ајде што чекате? Внучиња треба да си дочекате, да изгледате." итоа млади го поставуваат ова прашање без да размислат дека навлегуваат во нечија приватност, што да очекуваме од ова општество. Можда нашиве идни генерации ќе променат нешто, со нашето поинакво незатуцано, воспитување.
Има тема ОТВОРЕН БРАК! Сакав да пишам на темава не знам ни каде е последното мислење за брачни неверства!
Чим пишете на јавен форум треба да се соочите со секакви мислења, меѓу другото осуди, и пофалби. Јавен форум е.
Па затоа дискутираме, нели? Ти не се согласуваш веројатно со мојот став дека ќе склучам брак затоа што административно ми е потребен, и тоа е сосема ок. За мене е сосема ок од секакви причини да склучам брак, а ни една од нив да не е љубов. На крајот на денот, не ме интересира дали можам вака или онака да си скратам маки околу поволности на бракот. Има едноставно решение - да склучам брак. Зошто да не го искористам? Затоа што некој смета дека бракот е света работа? За свети работи, во храм. Со закони друго нешто се уредува. Не знам зошто би одела по нотари, адвокати и би пишувала тестаменти, кога можам за 200 денари и 1 потпис да завршам работа?
Од сето досегашно искуство од секојдневието и по интернетов мое мислење е дека 90% од луѓето што се во брак(независно дали се мажи или жени )изневеруваат или на некој начин пробуваат да изневерат флертуваат и сл.Речиси и да не сум сретнал маж што не загледува по други и не флертува ако му испадне шанса нешто помал е процентот на изневерување кај жените ама и тие се добри(ја знаеш е мажена а ти враќа на пораки и сл).Така да колку и да се правиме дека сме верни голем дел сме неверни или изневерени а не знаеме - ОГРОМЕН ДЕЛ
И што ако ти враќа на пораки? Ако водиш културен муабет, и културно ти врати, што мислиш дека нешто сака со тебе? Аман бе, вие мажите, одма мислите дека некој нешто со вас сака, е затоа машко за другар никогаш нема да имам, повеќето сте такви!
А колку може машко и женско да бидат другари си се запрашала???Секој разговор започнува културно нели ...абе ајде да не се лажеме несме мали деца зошто ве боли вистината незнам
Јас би имала, да не гледат сите на тој однос како ти, е затоа и јас велам другар никако! И да бидеме искрени вие во женски никогаш другар не гледате, па дури и милион пати да ви се повтори дека во вас гледа само другар.
Никој нема да ти пише на социјална мрежа за да биде другар со тебе, со чест на одредени исклучоци и одредени ситуации. Се знае зошто ти пишува и кои му се очекувањата. Ги знаеш и ти.
Ама јас ги зборувам тие одредени исклучоци и ситуации, инаку од авион се гледа ако некој сака нешто со тебе.
Па не баш. Секогаш кога разговорот ќе ја премини границата на култура, можиш да се повлечиш, ако сакаш. А и едно не можам да разберам, ако вратам значи сакам да изневерам, ако не вратам сум идиотка некултурна, многу често е вака. А не секој завршва со изневерување, колку и да ти е чудно има мажи шо не се како тебе.
Па тие нема да мислат дека културното враќање значи нешто повеќе, затоа што и не очекуваат нешто повеќе. А тие што одма мислат така, мислат затоа што пишале со други намери, и се разбира не бараат пријателство, него нешто друго.
Секако дека можеш. Овде стануваше збор за пријателство кое ќе настане од такво допишување. А, ако имате различни очекувања, тој разговор секако ќе дојде во ситуација да биде прекинат. За второто и јас никогаш не сум го сфатил. Сум го осетил и на своја кожа кога ќе одбијам некоја личност и тоа на најкултурен начин, подоцна истата да влече некоја омраза кон мене. Изгледа некој своевиден заштитен механизам е тоа да се оцрнува спротивната страна што не е заинтересирана.