1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.782
    Допаѓања:
    8.791
    Пол:
    Женски
    Тука и јас се согласувам, со години одбивав особа, без да му давам тронка надеж, да ми набива вина дека страда поради мене, за на крај да ми каже дека сум најлошата особа на свет затоа што го немам прифатено како што ме гледа и тој. И покрај тоа што го имав вадено од калта со години за секој негов проблем, ваквите личности пак остануваат најлоши и најомразени. Поради вакви трауми стојам настрана.
     
    На tina2018, evangelina.ina и Billy Idol им се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.614
    Допаѓања:
    36.912
    Пол:
    Машки
    Затоа јас ако знам дека некоја личност ми пристапува со друга намера и бара повеќе од пријателство со мене, а јас не ја гледам така прекинувам секаков контакт, или постепено се оддалечувам кога ќе го осознаам тој факт до некое ниво каде ќе има само формален контакт.
    Знам дека со таква личност нема што да барам продлабочување на разговорот, или пак приближување на односот.
    Како прво, не е океј спрема мојата партнерка знаејќи дека комуницирам со личност која има скриени намери кон мене.
    Како второ, не е океј кон таа личност, и не сакам да и давам лажна надеж.
    Како трето, не е океј кон мене, кој ќе страда во една таква ситуација.

    Затоа, подобро да пресечам уште во самиот старт, без разлика какво мислење ќе оставам кон другата личност. Ако и е полесно да ме нарече некултурен, дрзок и да гаи омраза према мене, нека и биде. :)
     
    На poenta, dayla, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Од тие околу мене... може не 90%, ама 50% изневеруваат.
    Сами што ми кажале... тие што не ми кажале, ваљда ќе ја отераат погоре бројката :)
     
    На naturallmess и Titanium 2 им се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    Од пријатели и роднини, баш 50%?
    Значи ако не брат ти, братучедка ти тогаш...
    Од каде ги вадите процентиве да ми је знати..
    А ако збориш за тие од сајтови , секако тие во таа група спаѓаат, иначе немаше ни да ги сретнеш.
    Јас мислам помал е процентот ама не шпекулирам.
    Плус тие што кажуваат ловечки приказни а п. не виделе настрана од венчаната, се исто масовно застапени. За танго треба двајца.
     
    На Milobebence, Осе, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Да.
    Од роднини и пријатели.
     
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    И им кажуваш дека грешат и дека треба да признаат на партнерот, како што спомна дека за авантурите правиш?
    Баш ме занима реакцијата. Наравно,не мора да одговориш.
     
    На Brpbrp, Konfetka, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Им кажувам, како не.
    Ама не ќе те послуша некој.
     
    На Konfetka, hermosa, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    Могу мислит :Dкако не им е страв дека ќе ги блуртнеш греовите нивни кај партнерите, не знам. Многу преваранти околу тебе, за жал. Не сади тикви со тие пола роџаци и пријатеЉи:*
     
    На tinka-mace, baby-star и tina2018 им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Па околу сите е исто, само работата е дали ќе ти се доверат.
    Пошто јас отворено си кажувам за мене, ми кажуваат и тие.

    Нема шанси да ги кажам.
    Од искуство од минатото, јас бев крива на крајот.

    И има секакви.
    Некои еднаш изневериле, некои спорадично, некои компулсивно.
    Ама 50% во еден период од животот, биле неверни на брачниот партнер.
     
    На thelittle17, Titanium 2 и Dentina им се допаѓа ова.
  10. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    35.974
    @WildMk се зезав Вајлдке, не ми се лути, ама стварно многу се, јас со розе очила сум ваљда.

    А твоите прифаќаат?
    Јас не би можела со роднини за контроверзни ствари да дискутирам , зашто мајндсетите им се конзервативни на некои.
     
    Последна измена од модератор: 31 јануари 2021
    На Роберт 7, Осе, Titanium 2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Со возрасните не зборувам (мајка, свекрва, тетки), со младите со сите зборувам отворено.
    Какви глупости се имам изнаслушано...

    Иначе и во 'конзервативните' има ужасно 'либерални' :)
    Она: Испод мира, тристо вира :lol:
     
    На Kaja991, Mantub, Titanium 2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.765
    Допаѓања:
    12.880
    Зошто да не можат да бидат другари лично јас имам двајца другари што се дружиме повеќе од 10 години и се уште исто функционираме иако сум мажена и имам дете некогаш и мажот ми се гледа со нив кога јас не сум во можност ретки се вакви пријателства али постојат.

    Повеќето луѓе изневеруваат со колеги од работа бидејќи времето повеќе го поминуваат со тие лица одколку дома со партнерот.

    И тие веќе што изневеруваат барем нека раскинат со партнерот и нека кажат од која причина е, а не да пати едниот ради задоволството на другиот, демек тоа што му е дома малку му/и е.
     
    На lici1, thelittle17, Snowflake92 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Titanium 2

    Titanium 2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2021
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    Ама не се фаќај само за делови од напишаното... јас реков дека голем дел на некој начин се неверни немора да биде секс знаеш ти што спаѓа тука голема си си...немора да оди на работа таа што е таква ќе најде каде да го направи тоа верувај
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.765
    Допаѓања:
    12.880
    Ако неверството го толкуваш така тогаш и ти да би погледнал некоја и да кажеш дека е убава и тоа е неверство :) . Сосема погрешно е тоа али секој со свои сваќања. И зошто "таа" ти зборуваш конкретно за женско очигледно само женскиот род го осудуваш но не и машкиот, како што има женски што се неверни така има и машки
     
    На tinka-mace и Осе им се допаѓа ова.
  15. Titanium 2

    Titanium 2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2021
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    А за нас мажите да не збориме душо ние сме посебен феномен хахаха.....не изневерување ако немаме со која таа е вистината
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Нормално е да имаш машки пријатели... и јас имам.
    Всушност, само две долговечни пријателства со жени имам, а со мажи, дестина.
    Платонски биле, се и ќе останат засекогаш.

    Ама некој непознат да ми пиши на социјалните мрежи, дефинитивно нема да мислам оти сака да бидиме пријатели.
     
    На Осе, naturallmess, jarec6 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    Баш на темава иако малку е офтопик размислував пред некое време , неколку семејства во последниве месеци се распаднаа пред мои очи баш од неверства и размислував на таа тема повеќе , што јас конкретно не сум активна на социјални мрежи кои ми се комплетно безкорисни ( фб , инста .... ) . Ако имам конкретна потреба или интерес сум активна и членувам ,е сеа што немам желба да скролам нечии слики фотошопирани по цел ден и да буричкам по чистата воља на другите да си ја споделуваат интимата сум баш остро осудена од околинава моја и тоа дека заостаната сум била или љубоморен бил мм ( небитно) па затоа ме немало на социјалниве мрежи ... Имавме баш со него дискусија врз основ на што ги бира пријателите на социјалните мрежи и јас нормално очекувано дека оние луѓе со кои имам контакт или ги познавам лично , а при тоа имам муабет секако ги додавам во спротивно се останато не ми е логично да биде додадено , посебно за луѓе од спротивен пол. Ете конкретно мажена жена , рандум особа која еднаш два пати деловно си имал контакт , сега повеќе не ниту би имал контакт во иднина, да те додаде за пријател , а ти прифаќаш и во која насока се развива виртуелново пријателство прашав ?
    Направете ме луда ама јас и ти ќе бидеме пријатели ако се знаеме , колеги сме , роднини , пријатели и комуницираме па би сакала да моите моменти ги споделам со тебе и да имам увид во твоите моменти , се останато мене ми е за ебачина или потенцијална закана , ако едната страна не е ризична другата секогаш е ( секако зборам за приватни профили најнормални , не ако се работи за купи продај или услуги ) . Пријателка со која го споделив проблемов ми рече дека сум претерувала и сум се умислувала и дека сум била заостаната , рандум луѓе и преку 30 во пријатели се ОК и тоа е нормално .....
    Веројатно до мене е проблемов , јас нешто сум ги смешала лончињата ?
    Намерата на двете страни е чиста и невина, само другарчиња :angel:
     
    На evangelina.ina, ALISA0000 и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    И тоа не мора да значи ништо.

    Долго време активно се занимавав со политички и социјални прашања и на фб имав еден куп непознати и мажи и жени, луѓе со кои делиме слични интереси и ставови.
    Неколкумина и ден-денес ми се во листата, само поради таа причина, а сум избришала роднини и пријатели со кои во живо се дружам.

    Но, не сум се допишувала приватно со никој/а од нив, исклучиво 'службено' (ако смеам так да речам, пошто не ми е професија, туку хоби).
     
    На Brpbrp и Titanium 2 им се допаѓа ова.
  19. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    не не тоа е ОК пак кажувам , значи дали сум поврзана во некоја социјална група или активност па делиме интереси па ете контактот е додаден со некоја оправдана ЦЕЛ мене ми е баш нормално и разбирливо , дали е филм , доење , биткоин , спорт , купи продај ( не е ни битно трескам сега милион такви ги има) во овој случај немаш никаква конекција со таа особа, ете службеничката на шалтер во банка (пример е ова :D ) Да ја направиме проста споредбата , јас давам број мобилен на луѓе со кои треба да ги контактирам или очекувам да ме контактираат во одреден момент ( некогаш во животов) , ова е речиси истата логика која ме поврзува во социјалниве мрежи , не е дека во денот одам во продавница и дечкото што ми ги продава патиките па ќе застанам на каса и он ми го дава неговиот број, па јас го прифаќам , што ако е социјална мрежа би го имала ете како рандум пријател кој ме додал , па на фб или инстаграм е тоа прифатливо или логично , а во суштина се создава линк меѓу две личности која може да се развива на различни начини ..... повеќе муабетот ми беше колку и да изгледа сето тоа наивно е подеднакво опасно, а мреживе индирекно прават да биде социјално прифатливо , нормално , што во друга ситуација би било несоодветно ....
    еве тука ( фиктивно давам пример ) ми пишале 10 дечки порака ( неможат да ме додадат , нема начин па ете така воспоставиле контакт) која е конкретната намера на било кој од нив ? да ме прашаат за гинеколог или колку боли епизотомија , не бе луѓе си загазил во темите секс и си пишал два збора па те нападнале како спопалени мајмуни ( значи намерата е јасна и едноставна ) .... ете тука ми е проблемот, не сум љубоморна , не сум заостаната и проста ама се осеќам како начинот на кој се одржува социјализацијата во денешницава е нож со две острици па ете е полесно да паднеш под искушение да изневериш или да воспоставиш платонска врска со некој , па дали е тоа причината што неверството стана толку зачестена појава што дури веќе не е табу тема .... зашто во врска во која еден или двајцата партнери се љубоморни конфликтите се поттикнати од социјалните мрежи , зашто се бришат профили за да се спаси врската или бракот ?
    Сепак тука се гледа потенцијалната закана или тука ризикот е поголем ?
     
    Последна измена: 26 јануари 2021
    На tina2018, Осе, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.765
    Допаѓања:
    12.880
    Зависи од партнерот до каква намера е на социјални мрежи дали чисто да утепа време или да бара некоја за да изневерува. И ја и мм имаме социјални мрежи али чисто ради што има доста заебанции по интернетов не со намера да запознаваме некој или било што. Некој што е со намера да бара некој/а за ебавање ќе се крие, ќе виси на телефон цело време и нема да го дава, јасни се знаците еднаш тој телефон ќе се заборави се ќе се прочита :) освен ако не станува збор за професионалец во криење па да не можеш никако да приметиш :)
     
    На Snowflake92, tina2018 и naturallmess им се допаѓа ова.