1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    2.498
    Пол:
    Женски
    Во глобала социјалните мрежи влијаат многу на браковите во денешницата некаде оправдано,некаде ради голема љубомора и правење филмови, еве јас и мм имаме профили на фб и инста уште пред и да се познаваме и имаме по 2000 пријатели и сега мене ми е безвеза да му кажам аман бриши ги или тој мене, а и не осеќам таква потреба, барем ние навистина комуницираме со фамилијата,другари,колеги, ниту јас му знаам пасс ниту тој мене. Ако некој сака да изневерува има милион начини. Познавам особи имаат два телефони едниот го знаат сите нели да речам легален на кој нема инсталирано ниту една социјална мрежа, а на другиот има профили (лажни) на сите можни мрежи и тој телефон си стои на работа во биро или скриен во кола не е покажан во фамилија и слично и од тој телефон си бркаат работа. Е сега на пример нема смисла да се додаваат особи непознати кога веќе си во брак, нема реална потреба освен ако имаш намера (швалерај,соработка, услуга) Пријателство меѓу маж и жена постои но не ако сега мене на пример ми пишува некој непознат дечко на фб...сигурно нема да ме бара за да му бидам деугарка кога на профилите јасно се гледа дека сум мажена или во врска. Другар може да ми биде колегата од канцеларија со кој работиме 5 години. :)
     
    На martty06, Petar80, Milan444 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Јас на пример немам некоја блискост со колегите на работа, сите си држиме дистанца и не гледам потреба од зближување со нив, сите имаме почит, но никој не навлегува во приватноста, ги немам на социјална мрежа, не ни сакам да ги имам, едноставнонема потреба да ги информирам преку Инстаграм или Фејзбук како ја го поминувам слободното време.
     
    На A.n.g.e.l.a.V и Milan444 им се допаѓа ова.
  3. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    Имам многу машки пријатели,стекнати од низ град,од фб,од работното место,работев во кладилница,се ова пред да почнам со мм. По природа сум многу комуникативна,дел од нив пробале нешто повеќе,сум одбила и пак сме останале во friend zone,сум ги запознала со мм и ни се сега и како заеднички пријатели.
    Сега во брак не е така,јас користам социјални мреми мн повеќе од него,односно објавувам,тој е од оние демначите :) и го користи повеќе за side работата со која што се занимава,реклама и слично.
    Се случи еднаш клиент негов да ми пишува во инбокс и си го зедовме на мајтап сето тоа.
    Стекнување нови пријателства со машки како порано не ми е ок сега некако...
    Мојот тел му е секогаш достапен на мм и неговиот мене,не се ни проверуваме.
    А искрено сметам дека социјалните мрежи многу влијаат и го олеснуваат изневерувањето.
     
    На thelittle17, Lolipop23, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Апсолутно си во право нема зошто , непознати да не додаваат ,или ако веќе не додадат нема потреба да се прифатат. Ниту машки ниту женски не прифаќам доколку не ги познавам лично,а богами и за тие што ги познавам размислувам два пати. Плус еднаш годишно правам чистка иако имам направено рестрикции кој што може да ми гледа.
     
    На Glasna, KittyAgnes, LucyLu и 8 други им се допаѓа ова.
  5. nesanica92

    nesanica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Наскоро имавме муабет со колешка, на која мажот и ја изневерил, ја напуштил, биле разделени година дена и пак се собрале. Ни на крај памет не ѝ доаѓало дека тој има друга, биле 17 години заедно, додека не добил порака ноќе и не скокнал да чита. Таа наредната вечер му го земала телефонот и чекала цела ноќ. Додека накрај добил порака на вибер и иако дека не можела да му го отклучи телефонот од pop up пораката дознала доволно. Го разбудила, му кренала скандал, тој признал сѐ и толку.
    Испаднало дека ја запознал на пат за работа, од неа секој ден си купувал појадок. Така се замубетеле, му влегла под кожа па се гледале и имале интимни односи во секоја прилика. Си пишувале секоја ноќ додека сопругата му спиела. Имало и уште многу, откако се собрале оделе на семејна терапија и затоа и таа знае толку многу детаљи.
    Кој што сака нека си мисли, ако сакаш да изневериш не може да те запре ни бришење социјалки, ни дома под клуч, ни ништо.
    Прво човек изневерува со умот, што е исто толку лошо колку што и физичката изневера. Ако имаш помисла на друг/а во сексуален аспект тоа значи дека нешто ти фали во врската или дека едноставно бараш разонода. Останатото е лесно.
     
    На Kaja991, M&M, thelittle17 и 19 други им се допаѓа ова.
  6. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    8.931
    Како би реагирале ако знаете дека некој изневерува?
    Имам пријателка која е мажена и која се ми кажува, ми праќа разговори што си пишува со секакви мажи. Таа во исто време е со неколку од кој едниот е женет веќе неколку месеци и е 10 години помал од неа и немаат деца сеуште.

    Нели не е моја работа да откривам тајни и да растурам бракови, ама пак ми е жал за овие изневерените. Не можам да гледам како слепо и веруваат на партнерите, а овие ги изневеруваат и ги прават будали.

    Не ми е јасно абе ако планираш да гледаш по други не се ни жени. Не уништувај туѓ живот. Па ако не дознае жена му може ќе имаат и дете па после полошо.
     
    На Elenpelen, pikabu5, CurlyBlossomGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.770
    Допаѓања:
    12.884
    Одма би раскинала/развела човрк што еднаш ќе направи после одреден период пак го прави тоа, не е дека му фали нешто на партнерот негов туку таков си е човекот.
     
    На pikabu5, Kataklinkers, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.135
    Допаѓања:
    33.010
    Пол:
    Женски
    Јас не би се мешала.
    Порано без размислување ќе те поддржев, ама читајќи низ форумов сфатив дека особено жените не веруваат дека нивните партнери ги изневеруваат, или веруваат и крива е жената со која изневериле (нели, тие се курви, а мажите нивни најпоштени на свет) или преминуваат преку сѐ и продолжуваат како ништо да не било.
    На крај ти ќе бидеш крива што си се мешала во нечии бракови.

    Попрво би разговарала со пријателката да пробам да ја одвратам од тоа што го прави (ако ми е блиска). Или би се тргнала и од неа целосно.
     
    На Indiegurl, Kaja991, KittyCat:) и 30 други им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.244
    Пол:
    Женски
    Јас не би се мешала.
    Секој си има свој живот.
    Кога бевме помали, и девојка или дечко изневерува, јас кажував ама тие продолжуваа да си бидат заедно, тој што изневеруваше продолжуваше да изневерува, кривецот бев јас. Тогаш бевме деца, ете и тогаш не требало ама не сум размислувала како сега.
    Кој што сака нека прави.
    Јас на твое место само би и кажала дека не сакам повеќе апсолутно ништо да споделува со мене. Зошто и јас да бидам пасивен соучесник? Не ме интересира со кого била и што правела ама ич макар и најдобра другарка да ми е.
    Ако видам дека сепак продолжува да ми кажува, после третиот пат прекинувам секаков контакт.
    И најбитно, не продолжувам на други да го раскажувам она што таа ми го кажала. Апсолутно на никој. Од едно уво влегло, од друго излегло.
    Секој има свој живот. Швалери и швалерки имало и секогаш ќе има.
     
    На Kaja991, cavalli, thelittle17 и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    166.081
    Ќе си гледаш своја работа. Години живот и мудрост го потврдиле тоа.
     
    На thelittle17, pikabu5, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Никако нема да реагирам, кој што сака нека си прави, тоа не е моја работа. Тие што се изневерени од партнерите мислиш дека не знаат? Гарантирам дека знаат, ама остануваат со такви партнери и покрај тоа што знаат дека се изневерувани, а ти секако после ќе бидеш лошата што се меша кај што не и е местото.
     
    На thelittle17, pikabu5, Limpan и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Нан оф мај бизнис.
    Не се замарам со животи на рандом луѓе.
    Да ми е некој многу близок и да сум видека со свои очи па би размислила што и како е ситуација, а не па на некој си таму што тепа досада на социјални мрежи.
     
    На Kataklinkers, IRBBB, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Истово пред неколку години јас тука го прашав, бидејќи моја другарка одеше со женет тој имаше и дете а плус и едно на пат. Лично не ја познавав жена му ама ми беше премногу жал бидејќи и трудна овој оди се швалерисува, ама исто добив совет да не се мешам, и верувај многу подобро што воопшто не превземав нешто бидејќи во такви ситуации секогаш тој што е ни крив ни должен го јаде стапот.

    А во врска со другарката и кажав да не ми кажува веќе ништо во врска со него бидејќи не ме интересира и само се нервирам кога ќе помислам на жена му дека ѓуврето ја прави будала. После некое време со другарка ми прекинав секаков контакт од причина што ете мене ми пречеше тоа и јас лично не се чувствував убаво што покрај себе имам таква другарка. Еве и ден денеска сеуште не сме се смириле и немам ни намера, воопшто не знам сега што прави во животот а и не ни ме интересира, нејзин живот нејзини одлуки.

    Е сега пример доколку се ставам јас на место на изневеруваната би сакала да знам и да ми каже некој, макар и рандом лик да е, ама сепак тоа сум јас, не знам за таа жена каква е. Убаво е да дознае дека мажот и е изневерувач, како тогаш таа Фросина што го објави тој што сакаше да швалериса така сите да постапуваат ќе биде подобро, ама ќе дознае сама кога тогаш.
     
    На BoNaNa123, thelittle17, Elenpelen и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    8.256
    Пол:
    Женски
    Од мене, би ти рекла да не се мешаш ама ич, ти ќе излезеш крива.
    Во слична ситуација бев и сум, ама знам дека нема да прозборам пред пријателката моја. Имено, комшии ни се, се дружам со жената, многу е океј, децата ни се дружат и се гледаме 2/3 пати неделно. Мм ми кажуваше дека кога биле дечко и девојка, маж и ја изневерувал со некоја, она дознала и му простила ко ништо да не е. И сега, еднаш мм се враќаше од друг град, малце покасно навечер, го видел како излегува од кај истата дома (маж и е во странство,деца немаат). Мм после некој ден кога се сретнале, му рекол што бараш таму, те видов, блиски сме, батали ја, имаш жена, деца, типов си се смеел му викал не бе, не правам ништо. Јас кога и да ја погледам во очи, ми е жал, ми иде да и кажам, ама нема да го направам тоа, зошто чим во врска му простила, пак ќе му прости и секако јас ќе сум крива. Се осеќам како предавник, ама нивната приватност не е моја работа.
     
    На thelittle17, manako1, Anne Boleyn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    2.051
    Пол:
    Женски
    Не само што ќе излезеш ти виновна што си се замешала, туку и нема да постигнеш ништо. За жал, во реалноста е така. Имав една ситуација со момче со кое се гледав, мислев дека е слободен, арно ама излезе дека тој воопшто не раскинал со девојката со која се гледал претходно и се гледаше паралелно со мене. Кога дознав веднаш и пишав на девојката мислејќи дека ќе ја спасам од лаги, арно ама таа му раскина само накратко, а потоа му прости и останаа заедно, а можеби и се уште се заедно, кој знае. Оттогаш си ја научив лекцијата, да не се мешам, без разлика за кој станува збор. Навистина е глупо ако се работи за блиска личност, па си ставен на средина на ситуацијата, ама подобро човек да си ја гледа работата.
    Едноставно замоли ја да престане да го споделува тоа со тебе затоа што не го поддржуваш тоа.
     
    На thelittle17, Brpbrp, Anne Boleyn и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    1.834
    Пол:
    Женски
    Колега ми кажуваше одамна дека газдата негов си имал некоја швалерка.Жена му дознала некако и го прашала дали нешто знае.Овој и рекол не сум го видел не знам.Ми вика несакав да сум јас тој кој растурил фамилија.Истите тие до денес се во брак имаат внуци .И во подалечна фамилија имав случај ,исто си останаа во брак и тие сега со внуци.Познавам уште пет пара исти случај.Затоа подобро да си помолчиш,ништо нема да промениш .Сами ќе си дознаат кога тогаш,никогаш тоа не останало скриено,а тогаш сами нека си решат како понатаму.
     
    На thelittle17 и Kataklinkers им се допаѓа ова.
  17. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Јас не би се мешала никогаш , не е моја работа ниту пак мој проблем. За жал се случуваат такви работи но знам многу примери каде што тие што кажале на крај виновни испаднале. Затоа никогаш не би се мешала освен ако не се работи за моја блиска личност на неа секако дека веднаш би и кажала.
     
    На Kataklinkers и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  18. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.777
    Пол:
    Женски
    Најчесто тие се смируваат и после испаѓаш ти љубоморна на нивната "среќа" па затоа измислуваш. Човек сам додека не сфати, џабе зборуваш.
    Е сега, ако многу ме боли, (читај сестра, мајка, татко) ќе разоткријам по секоја цена, ама да кажам директно нема да има ефект.
     
    На Kataklinkers му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    8.931
    Точно дека не е моја работа, ама што знам ми е жал за жената и не ми е план да растурам брак, само сакам да си отвори очите со каков планира да го помине животот.
    Еднаш ако изневери тоа ќе го направи и втор, трет пат.
    Ова од искуство со блиски во фамилија. Таа му прости, а тој продолжи пак да гледа по други и да ја прави будала. Ја праќа на работа во странство, тој не е будала да оди и дома прибира друга.

    Овие гледам во брак се од октомври што се вика нема ни пола година, а глупакот ја изневерува со многу постара.
    Па уште и ако планираат деца...
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ако ти е жал за жена му, оди него речи му да не се курва.
     
    На lovely girl M му/ѝ се допаѓа ова.