Тоа што ти си осетил неверство, не ти дава дозвола и ти да го правиш истото. Баш спротивно, ако си почувствувал неверство, значи знаеш како е и не би ѝ го направил тоа на личноста која ја сакаш.
Такви ко мене, може со такви како тебе, би биле сосема други. Човекот е реактивно суштество, така да не споредувај со никого,...
Во смисла ,тие што изневериле не се осмелуваат да пишат? Така те разбрав....ние само што сме верни те напаѓаме. Значи ова ти дојде нешто ко кец на десетка да и вратиш за тоа што таа те изневерила во минатото..... Извини, ама и да е така не е за оправдување...
Каква црна друга фрекфенција бе срцее.Едноставно е...значи неверство е кога се крие нешто,а во случајов да,ти криеш.И според мене да за осуда е плус со некој близок како во случајов другарка дури одвратно е Може и многу од нас доживеале неверство па затоа ни се гади од мажи што не знаат да одбијат жена што ги посакува(како што ти почетно се изјасни)
Значи имам дозвола за екскурзии, не ја интересира со која/како,...не сака да знае. Што кријам јас во случајот? Другарка можеби е претежок збор,...поприкладен термин можеби беше познаничка. Имаше хемија, се случи. Сигурно имало во позадина причина зашто се случило. Секој си знае за себе. И реков више да не ми доаѓа дома и толку,..
И рече да не доаѓа дома, само она е виновна, ти воопшто не. Она те молеше, а ти иако не сакаше да ја изневериш твојата сопруга, ѝ ја исполни желбата на другарката.
Мислам дека не се разбираме. Жена ми нема проблем со тоа, само на неа да не и досаѓам. Нејзе неколку пати годишно и е нормално.
Зошто да не ти доаѓа дома? Нели имало причина зошто се случило тоа? Нели имаш дозвола да имаш екскурзии? Ако ова се е во ред, не разбирам зошто е проблем со кого ти ќе одиш на екскурзија и каде, дали со другарка и,колешка и…
Точно е дека има такви што си ќутат. Повеќе отколку што си мислиме. Ама со право не се отвораат. Одма на нож ќе ги дочека тајфава. Не мојш да споделиш мислење нарает.
Aаа е па да познаничка го оправдува делото а другарка не Како и да е,жалам што ете имаш проблем со толку ниско либидо во брак од другата страна,секој си знае за себе како си се носи со проблемите и си ги сноси последиците. На крајот излезе дека сепак не изневеруваш ,во отворен брак си и во погрешна тема отвори дискусија
Без разлика дали се во отворен брак, или не, јас не би ги напаѓала. Би сакала да прочитам туѓи искуства. Не ги гњавете да се отворат повеќе луѓе да пишуваат. Можи ќе научиме нешто, шо не знајме. Секоја планина, своја тежина.
Не отворив јас никаква тема, само дадов коментар на коментар и тргна лавината против мене. Немав јас намера тука ништо да зборам, или да си откривам делови од мојот живот. Изненаден сум тука од многу коментари на членовите, но највероватно тоа се должи на младоста, (не) искуството, (не) проживеани ситуации во животот,...друг референтен систем.