@Deni_srce а зошто жената има паднато либидо ? Што ако ти не ја возбудуваш? Дали сте правеле муабет на таа тема ? Мислам дека ако зборувате можеби ќе решите многу работи
@NewMama има многу бракови, кој се подолги години во брак, зборам и од женска и од машка страна што си имаат проблем со несразмерно или паѓање на либидото. Зашто се случува тоа, највероватно е покомплексен и психички и здраствен проблем. Некој може имаат премногу обрски, финансиски проблеми, семејни проблеми, различни погледи кон нештата и т.н. Некој си имаат здраствени проблеми, операции, болки,... Кај некој причината може да е исполнување на животната мисија, да имаш деца и фамилија, сигурен дом,.. Последицата од ова се кавги, развод, неверство, договор,.. Сигурно има компетентни луѓе и тука на формумот што би можеле да дадат и посоодветени одговори. Јас имам пробано се што знам и одамна сум уморен. Овде веќе лично за мојот живот не би сакал да зборам.
@Deni_srce а зашто не се разведеш. Зашто си во брак ако не ја привлекуваш жена ти? Како цимери да живеете?
Znaci vo sekoj los brak decata pretrpuvaat golemi traumi,sekoja raspravija pomedju bracnite drugari premnogu se odrazuva na decata,taka da so sreken razvod samite sopruznivi mnogu poveke im posvetuvaat vnimanie na decata i tie gi nemaat tie traumi,iako ne im e seedno ali znaat deka roditelite se tuka za niv sekogas,taka da site tie neverstva koi se spomenuvaat vo ovaa tema se golem sres za site i mislam deka nema potreba da se zivee takov zivot na sila kade site se povredeni samo na nekoj da mu e ubavo i da si pravi sto saka,taka da edinstveno resenie e razvod pa togas neka pravi taa osoba sto saka...pozzz
Без разлика, ако нема интимност, ако нема нежност се осеќа таа отуѓеност меѓу родителите. Живот како цимери..
Здраво, пишувам во 2 часот сабајлечки од што неможам да спијам. Ми треба помош од било кој во моментов, немам на кој да се обратам повеќе бидејки ги изгубив сите луѓе кој ми значеа. Ја направив најголемата грешка во мојот живот и изгледа ова сега е мојата нова реалност и казна за тоа. Го изневерив сопругот со пар од теретаната во која вежбам, за ова признавам е целосно на мене. Проблемот од кој барам совет е за моите деца(12г син и 5г ќерка) кој нивниот татко заедно со мене ги напушти нив бидејки го потсетувале на мене а он се гнасел од таа помисла. Одбива да ги види и отворено ги навредува секој пат кога пробуваат да го контактираат. Вечер синот мој стана насилен наспрема мене и почна да навредува и скрши чаша од мене, а ќерка ми веќе втор месец нема прозборено збор. Ги однесов на психолози, терапевти и психијатри. Но ситуацијата само се влошува, ми треба да го убедам сопругот да ми прости и да се врати барем привремено за децата, може што сака да ми прави ама буквално ако сака и жигови да гори на мое тело секој ден. Неможам да си ги гледам децата вака веќе НЕМОЖАМ! Ве прашувам на коленици како да го убедам да се врати, што можам јас во негови очи да донесам за моите деца да не страдаат веќе? Ве молам на одговор за ова било каков, несакам осуда како требаше да мислиш пред да правиш. Си се изгорев и тоа е тоа. Како да врати тој во животот на децата?
Барем малку смирен разговор во кој што ќе се обидеш да му кажеш дека децата не се за ништо виновни и многу страдаат, многу се мали може да им останат трауми, со тебе ако не сака нека не се гледа ама нема право со нив така да се однесува... Лоша ситуација...
Како кога одбива секој контакт, цело време пробувам да му ја донесам ситуацијата со децата. Од негови пријатели, роднини и родители. Сите пробуваме да го вратиме, знам дека имам цена да платам за тоа и сум подготвена.
Човек кој поради проблем со тебе, се има свртено и против своите деца, ич не ти треба. Дај им време на децата, пробај со убаво да отвориш муабет со нив, правете заеднички активности, ако е потребно отидете и на заедничка сеанса кај психолог.
Децата одбиваат скоро се од мене, јадат само тоа што баба им ќе им зготви, синот само ме напаѓа, а ќерка ми не збори повеќе. Ги имам носено на неколку психолози, целосно не кооперативни се
Па си го изневерила со пар од теретаната? Искрено и јас би се гадела од особата, односно партнерот! Мислам дека залудно поправаш нешто што веќе нема никакви шанси, доколку не сака да си ги гледа децата, ти не можеш да бараш со сила да те гледа тебе по тој гнасен чин кој му останал во сеќавање.
Не барам ништо од него, напротив му нудам се што ќе посака по негово да е! Едиствен услов е да се врати во нивниот живот, мене може во контејнер да ме стави само они да се среќни
Му треба време, сигурно е гневен. Мисли дека преку децата ти се одмаздува, сака да те казни да те боли нивното отфрлување. Од самиот бес неможе да види дека им прави траума на тие деца, нема да коментирам за твојата постапка свесна си за се, едбоставно пробај да размислуваш со ладна глава, ти сакаш да ти се врати заради децата, а каде си ти во сето ова? Дај му време, не го притискај, како и да заврши ова со вас тие се твои и негови деца, ќе ги бара. Пробај да бидеш смирена и што помалку да ги доведувате во ситуација да бидат дел од сето ова, пробај да разговараш трезвено и да побараш од него да биде татко а за тоа меѓу вас нека одлучи самиот. Ако си имала храброст за првиот чекор, мора да имаш и за се што следи.
Ваков, не ти треба да се врати. Не само што не е паметно тоа, туку да си поднесеш ти пријава во социјални служби, за да не ги контактира децата. Јас разбирам тебе да ти е лут, ама не е нормално да им го правиш ова на сопствените деца. Верувај дека ова што го прави, ќе им остави трајни последици. Ќе развијат attachment disorders.
Ама и тоа што она го направила ги уништило децата. Он бега од се, и им прави проблем на децата, а она заради секс им направила растурено семејство, за базична животинска потреба си го уништила семејството. Е сега и она не мислела на децата ниту пак он сега мисли на нив. И сосема ги разбирам и двете деца, они сега од што нема кај да одат се со мајката,да има, нема ни едниот ни другиот да ги видат, ама зависат за леб и живеалиште па трпат. Да не се ебела на страна немало бракот да пропадне заради неа. Можеби ќе пропаднел заради друго ама децата немало да ја гледаат со презир и одбивност. Овој е сега повреден и не е свесен што прави. Додуша сеа е џабе да се бараат кривци, сега треба да се спасат децата, а секако работите нема да можат да се вратат назад. Едино е можност да седнат возрасните, или барем да му пише мајката на таткото оти не верувам дека мирно ќе можат да разговараат и да извлечат нешто, дека децата страдаат и дека мора да се направи нешто за нив. Макар да е тоа мајката да не ја видат се додека они не посакаат. Таткото е само повреден и глуп. Може ќе се освести дека неговото его е помалку битно од децата, па ќе ги прибере и ќе излезат појаки на крај. Имав у фамилија таков случај, мајката ја начекаа со колегата, има околу 15 год поминато, уште и немаат простено. Децата ни на свадба не ја викнаа, таткото се направи, а мајката живее со нејзините стари родители. Ама психички се здрави децата, таткото им кажа која е причината за развод, они сами решија што ќе прават, а беа у пубертет.