Ало сесре, за децата е муабетот, му се гадат сопствени деца, ти за тројката ко слеп за стап се држиш. Ги отупе ама максимално, ко да ти е криво што не си била четвртата. @IzgorenaRoza Децата се премногу збунети сега. Татко им ги напуштил, им недостига. Кривицата ја гледаат во тебе иако не знам зошто се воопшто они запознаени со причината. Нема потреба деца да се вовлекуваат во ова. Нејсе, јас би продолжила упорно да ги носам кај психолог и би се трудела во секоја прилика да им докажам љубов.
Човекот е крив заради неговото понашање кон децата, не заради неговото понашање кон женава. Два месеци да нејќиш да си ги видиш децата, заслужуваш да те отпишат од живите и цел живот да ги гледаш скришум од зад грмушка некаде, колку само да ги видиш. Кој и да излези крив, казната децата ја плаќаат, што мора да престане.
Никој не рече дека е крив. Крив е што се оденсува така према децата. Тие не се за ништо криви!! Можам да замислам колку им било траума кога им земале брис за ДНК да се утврди тој дека се негови!
Procitav se temelno... jadni tie dve deca so vas, i sto posle se ocigledno tebe ti e povekje sto on sakal da pocne od pocetok i ne se vrakja nego nesto drugo... zeno bozja si usr*la dlaboko, do gusha, posveti se na tie deca i samo na tie deca, od vas po deca od niv sto ste (go izneverila poso MISLELA deka on nea ja ima iznevereno dami i gospoda i on sto nejke decata da si gi vidi 2 meseca radi kavga kakva i da e so tebe) nemoze covek da ocekuva mnogu. Neka Gospod eden gi cuva decinjata i gi iznese na prav pat, so sto pomalce psihicki problemi od vas "golemite".
Децата го гледаат предавството сторено врз татко им пред се останато. Ти си во нивните очи полошата. Од што се во толкав шок, единствено што разбираат од ситуацијата е дека поради мајка им, татко им повеќе не ги сака. Вие сте најблаго кажано недораснати што сте дозволиле разговорот за неверството да се води пред нив! Сериозно, како можевте да не помислите на нивното присуство и да бидете поодговорни!? Навистина се обидувам да не судам и коментирам, ама не ми оди во глава логикава. Само да кажам дека мислам многумина поради истата причина изневеруваат. "Сигурно и тој/таа ме изневерува." Страшно е што може сопствениот мозок да те наведе да мислиш и да те убеди дека е така. Да не збориме дека со тоа си давате изговор за да не размислите два пати пред да правите глупости. Ќе помине многу долго пред децава да се вратат во нормала. Бидете совесни еднаш за промена, оставете се настрана, седнете со сопругот и разговарајте како заеднички да им помогнете да го пребродат ова. Емотивно се незрели за сами да се справат со ситуацијата. Не дај Боже од самоповредување ќе се случи нешто пострашно. Не губете време и свестете се дека тие се ваш приоритет! Преземете одговорност за вашите постапки и потрудете се да ви простат и да излезат од сето ова со помалку последици. Таткото нека не биде себичен, неговото однесување и отсуство со ништо не се оправдува. Нека размисли дека тој ги напуштил, без разлика колку е мајката виновникот поради неверството. И рекол дека не се негови(!) Колку само тие зборови ќе им одѕвонуваат на децата... Кој знае што се им минува низ главата на малите душички... Побарајте групна психолошка поддршка ако не сте способни самите да се справите. Немам повеќе зборови...
Не ми се верува дека у поедини коментари постои оправдување за спермо дарителот, нема да го наречам татко, пошто тоа е превисок чин за него. Секоја втора жена е изневерувана од својот сопруг, колку само примери имаме овде на форумот да не одиме подалеку, па ја од ниедна не прочитав дека децата им се згадени после спознавањето за неверството, ниту ги имаат напуштено, баш напротив. Уште толку биваат здушени со децата и продолжуваат како знаат и умеат. Ќе изјавам нешто за кое можда ќе скокнете. Да, мислам дека те има изневерувано, а ти со твоето изневерување му имаш дадено полесен излез од бракот и обврските кои ги носи. Нешто кое не бил очигледно спремен да биде на негова 'одговорност'.
Мислам дека сестра му што дојде од Белгија ќе успее да го вразуми малце, развод е неизбежен само да се реши ова со децата. Многу им е потребен што самата ме доведува да правам било што само да не ги игнорира. Не испадна расправијата планирана, играше игра на мојот мобилен и си чепнал во Инстаграм и си така дозна ме праша и искрено му признав. Не очекував таква реакција наспроти децата, повеќе се плашев дека целосно старателство ќе се обидеше да земе а не ова. Знам како ме гледаат, синот е вокален со неговите чуства ама не зимам ништо на срце знам дека е повреден и со тоа се искажува. Моментално сестра му најмногу ја разбранува водата, он со мене не сака да се види ама со нејзе можеби ќе се освести за децата. Незнам јас се подготвував за борба на суд за децава, а не го молам и бацувам нозе за нив... Целата ситуација личи дека може да се смени од кога дојде сестра му од Белгија, имам некоја надеж дека ќе се врати човекот што беше пред ова... Цел мој страв беше дека со разводот најмногу ќе се борам за децата дури и се мислев ќе изгубам, а не дека ќе дојде до ваква ситуација кадешто од што страдаат они би направила СЕ само да престани неговата тортура врв мене преку нив. Можеби сестра му што дојде од Белгија ќе донесе промена...
Не знам што си мислела деца ко си праела. Катастрофа од родители и ти и тој. Жално за децата ова е огромна траума што никогаш нема да ја заборават. Деца ко ќе родиш ти се што правиш се одразува на нив и тие треба поважни и од тебе да ти бидат оти ти улогата на мајка ќе ја играш до крај на животот. Требало да си мислиш пред да прајш глупости како би се одразило нештово на децава.
Али вакви коментари… Кај живеете луѓе вие, не можам да разберам. Секој втор брак е крунисан со неверство, неретко и од двете страни. Во градов ебат само женети, а како луди и без грам срам се ебат мажените. Да, истите овие се и нечии мајки и татковци. Тоа е реалноста. Никогаш нема да оправдам неверство, НО, во ситуација кога еден родител, да потенцираме Р О Д И Т Е Л ќе се постави вака спрема децата кои сам ги создал, секогаш ќе осудувам повеќе! Толку себичен начин на размислување, толку примитивен пристап кон целата ситуација, детски и непромислен, просто не можам да поверувам. Да се кажува пред децата кои се у толку сензитивни години дека мајка им се ебела со други? Претажно! Да се оттргнува синот кој дака да го гушне татка си? Прежално! Ти жено шо си згрешила си згрешила, форумов е исполнет со светици кои се совршени домаќинки и не знаат како изгледа друг к8рац освен тој шо го имаат дома… Глеј напред и глеј поправи се, биди подобар човек, имаш луѓе за кои ќе треба х10 да се грижиш од моментот коа се десила целава мешаница. Скроти ги нагоните, посвети се на децата, имаш многу, многу за исправање…
И да ми скокнете или не исто како погоре што пишале и јас мислам дека тој ја има изневерено досега и не само еднаш, а уште кога читав за него и неговиве постапки кон децата претпоставив дека потекнува од фамилија каде имало неверства и расправии заради нив јавно пред него како дете. И ете женава пиша и во фамилијата негова иамло неверства и во претходната негова врска. Он има тешки комплекси и (не)свесно создава деца исти како детето кое бил тој кога слушал како се расправаат неговите пред него. Тоа 'децата не се мои и ми се гади од нив' се му е него слушнато во детството од татко му само ја повторува матрицата. @IzgorenaRoza јас на твое место ќе престанам да се фокусирам на него и дека тој сакал се одново со друга, ете така си е, чао пријатно со среќа нека му е. Фокусот е како ти да си го оправиш нарушениот однос со децата, мене и чудно ми е како пред неверството поблиски биле со него наместо со тебе и сега си им дух иако разбирам зошто си им дух-тебе те окривуваат дека им заминал татко им заради тебе. Ама ти мора да работиш на тоа да допреш до нив. Големиов покажува бес и уште поопасно самоповреда, може да напаѓа и блиски дома и на школо покрај кршењето што го прави, мора и граници да му се постават дека не смее така, ако не работите со и на него има шанса да стане страшно агресивна особа и така со агресија во иднина да си ги казнува девојките, сопругата итн. Тоа се тие проблеми на врзување и основање во иднина на стабилна врска. Девојчето па е спротивна слика толку е трауматизирано што не збори. Почни со игри со кукли со неа, држи кукла во рака збори како куклата да збори и кажувај и нешто, дај и и неа кукличка да каже таа преку кукличката нешто, демек речи и ајде ќе играме ваква игра, со неа имаш многу повеќе шански да допреш и успееш да бидеш пак блиска. И да итно кај стручен семеен психолог. Со синот мора да вклучиш авторитетна особа на кој тој и верува и се ослонува да се најде да помогне во ситуацијава. Дали тоа е бабата, дедото или еве тетката иако не верувам таа му е авторитет и му е блиска бидејќи му е далечна од странство дојдена. Ама со синот пожелно е да вклучиш како медијатор особа која него му е авторитет и која ќе допре до него. Сепак итно ти да се обратиш кај семејни психолози со тебе да се посоветуваат и да се поработи како да реагираш и да се поставуваш кон децата и потоа ќе ти објаснат каде и како да ги носиш децата и со која динамика да идат на сеанси. Со сила ништо не прави, ама биди тука постојано за нив, да знаат имаат на кој да се ослонат и кон машкото очите 4ри ширум отворени штом почнува со самоповреди. Еве ти рекоа и прошетка во природа почесто. Еден и најдобронамерен совет можеш кученце/маченце да им донесеш дома, мало да се зближи со нив да си создадат врска со нешто мало и живо што зависи од нив а нуди бескрајна и безусловна љубов. Само ако тие сакаат животни, а и ќе им помогне да се дефокусираат од проблемот. За маж ти јас на твое место по сето ова што прочитав би го избришала од живите, ама ради децата ќе научиш и со него како ќе се поставиш и комуницираш. Какви се тие размислувања за тебе да ми се врати ако треба секој ден жиг да ти ставал, како не бе, вашиот брак и пред да изневериш бил на стаклени нозе, ама тоа што си го направила ич не ти требало.
Апсолутно не реков дека тој е невин, али жртвава од мајка ите како е виновник број еден. Сама кажува дека ненадејно он разбрал за нејзините излети додека играл игра и како да се однесува ? Да ја прегрне ли? Ви се молам, која и да е од вас и во ненадеен момент да разбери такво нешто сигурна сум дека нема да седи мирна. Кај секого афектот различно се манифестира. Не оправдувам напуштање и запуштање на малолетни деца, но разберете дека тој има голема одбивност во моментот спрема неа, со самото тоа тој се дистанцира и од своите деца, што никако не е во ред. Дека ќе се врати тој на тоа што било пред не верувам , едноставно двајцата се незрели , настрани личности, со други приоритети во животот одколку децата!
Ако бил нормален сопруг и татко подруго ќе реагирал, вака буквално се лечи преку нив. Дознава случајно за неверството, без да ја погледне ги седнува децата и им објаснува колку може попросто и безболно заради нивната возраст и си ги зема со него или ја брка неа од станот.А не ми се гадите, да турка дете и после на еве ви пари и да не ве видам. Членката убаво пиша дека се исплашила да не сака на суд да и ги земе, а тој бега. Ниту да го бара ни моли бетер сила ќе земи. Мора на многу лош начин да има реагирано пред нив за така да се однесуваат децата. Што разбира малото од неверство, а машкото да дојде до степен на самоповредување не е што слушнал мајка ти е неверница. Ниту да се мешаат баби, тетки којзнае уште колку ќе ја уплеткаат работата. Знам случај каде таткото да ги придобие децата, а да ја казни мајката им рекол е сега на училиште сите ќе ви се смејат што мајка имате. Сега возрасни ги мразат и немаат контакт ни со двата родители, уште пред очи им е тој непотребен стрес. Членката да се смири и убаво да размисли на кој начин децата ќе и се смират, дали со разговор со неа или стручно лице. Колку и да е повредено поголемото и да биле блиски со таткото таа е мајката и ќе најде начин да објасни на дете дека и покрај неверството таа живее и е тука само за нив. А бракот се очекувало да се распадне, штом толку јавно се изневерува да може он играјќи една игра да види се во телефонот. Ќе изневерела и ќе си се врати дома како добра мајка и сопруга, како што и прават повеќето во ова лудо време. Си треба време и правилен начин на реагирање и колку толку ќе се среди ситуацијата.
Нема потреба да се навлегува за твоето неверство, но изгледа дека ти си барала пократок пат за завршување на бракот. Човек кој го сака брачниот другар не може да го стори она што ти си го сторила, да се разбереме. Со самото тоа што велиш дека си се спремала да се бориш за децата кажуваш дека свесно си го чекала крајот и си го знаела исходот. Па барем да беше храбра докрај и да му признаеше сама, но небитно веќе, како што реков. И те како треба да се контролираат емоциите пред децата. Тие се сунѓери, па особено малечката која се уште учи како функционира светот. Сте можеле да се тргнете настрана, па направете се партали колку сакате. Нема изговор, "афект"...не сте мислеле на нив воопшто. Затоа мислете сега! Здружете се со цел да го почнете процесот на заздравување. Убаво ќе им објасните каков однос ќе имате потоа, после разводот, но ќе ги утешите дека секогаш ќе бидат на прво место за вас. Ќе си побарате прошка од сопствените деца. И не се крсти во золва ти - вие треба да го решите ова, не Трајко, Станко, Петко. Пораснете малку, оставете его и лични интереси настрана. Никој нема да биде истата личност како пред случкава. Работете со децата секојдневно и со многу разбирање и трпение.
Да ја разбереме неговата одбивност (значи ок е, штом е за разбирање) ама не е ок. Get a grip. Нема оправдување за напуштање и одбивност кон свои деца и крај. Не сте ми јасни вие што го оправдувате, кој мајндсет ова го оправдува.
Не знам дури ни од каде да почнам, ниту каде да завршам. Толку ме погоди приказнава што се расплакав. Позната сум по тоа што сум доста сурова кога е вака неверство во прашање, и најгадно го осудувам, ама сега нема да го направам тоа затоа што во оваа ситуација се и децата заплеткани, за жал тие душички највеќе страдаат и они ја плаќаат цената на непромисленоста на родителите. @IzgorenaRoza сега единствено што можам да те посветувам, најпрво е да ги спремиш децата и да ги тргнеш малце од средината каде што се случил инцидентот, однеси ги на викенд во Охрид или на некое друго место, таму нека им се разбистри малце мозочето, а ти ќе имаш прилика да се зближиш и со двете деца, да разговараш и да пробаш на поинаков начин да им ја објасниш ситуацијата. Таткото остави нека го бараат, со тек на време кога ќе видат дека он не е толку заинтересиран, а ти им пружиш максимално внимание, разговор, љубов ќе се наслонат на тебе. Ова привремено, после секако мора да посетат психолог, исто и таткото да се врати во нивните животи откако му помине бесот. Најголемата кривица ја имаш ти, веќе си свесна за тоа, ама расправијата пред децата ни малку не требала да се случи, толку ли не можевте да се воздржите и да почекате да заспијат. Не знам што повеќе да кажам, премногу жално за дечињата, и двајцата се во пресензитивни години и сега светот им е срушен.
Затоа треба многу мислење пред да одлучиш да имаш деца. Најблагородната, ама и најзахтевната обврска е родителството. ... и трае цел живот А толку многу појма си немаат од основи на родителство... Можеби не е лошо да има некаква форма на едукација за луѓето кои сакаат да станат родители, пред воопшто да зачнат.
Затоа и прочитав нешто пред некој ден што стварно ме погоди а тоа е дека денешните деца не се воспитуваат туку само се чуваат. Еве жив пример дека тоа е навистина така а и последиците кои што тоа ги носи за жал... тие деца не се ништо виновни но на крај најголемиот терет секогаш паѓа на нив на жал. Треба прво една психолошка проверка на секој еден од нас пред да станеме родители да видиме кој сме што сме и дали таа среќа ја заслужуваме
Нема врска. Порано не беше поарно. Нормално беше да те тепаат родители. На 7-8 години цел ден да си излезен и да не знаат каде си. Прашања што се 'за големи' не смееше да поставуваме, оти следеше ќотек. На школо наставниците не удираа, а родителите не се бунеа. Не е сега полошо, само повеќе се зборува за се' и повеќе знаеме како делува врз личноста, нејзиното одгледување во детството
Јас мислам дека денес имаме се повеќе невоспитани и истрауматизирани личности, какви год да биле нашите порано барем за мене зборам ете и мојте се развеле значи сјајно и бајно не било ама барем кавги и тепачки пред нас немало ниту пак не оставале да правиме што сакаме само за да не плачеме и со тоа не разгалиле или било нивна работа да не занимаваат за да не ни е досадно.
Од секгоаш постоеле семејства во кои има кавги и семејно насилство. Тоа што твоите не се толчеле, не значи дека немало такви што се толчат.