Ако им мислиш добро на децата, т.е. време е да ги ставиш нивните потреби на прво место, сега е и подобро татко им да не е до нив бидејќи ќе ги потресувате дополнително. Психолог добар мораш да си најдеш, и да си свесна дека процесот трае долго. Не очекувај од неколку посети да има резултати. Промени им ја околината на децата. Однеси ги во природа, на планина, на викенд сами или со некоја пријателка и децата. Запиши ги на некој спорт, каде дополнително ќе можат да си ја трошат енергијата. Таткото доколку се сталожи и вразуми, ќе ги побара сигурно. А ако не ги побара, тогаш не ги заслужува. Само некој преку децата да се обидуваш да го вратиш, да го молиш да ти прости. Тоа доколку се случи, нема да биде во скоро време. Децата ти се во најсензитивниот период, траумите и мемориите од ова нема да им се избришат. Но ти можеш да направиш идните спомени да им се позитивни. Доколку се обидуваш да комуницираш со таткото, никако да не биде тоа пред нивни очи.И кога ти е тешко, оди исплакај се во вц или било каде, само не пред нив. Работата е усерена ептен, ама тоа е. Не си ни прва ни последна која го прави тоа, и за жал, децата најмалку криви најдебелиот крај го теглат.
Како год неможр истрауматизирана не стабаилна личност да израсне не истрауматизирани (на др начин) деца,само што кај нас психичкото стање сеуште се занемарува како глупост или не битно а се повеќе гледаме дека и те како е битно.
Како што те читам со мислењава тебе, тебе жената ама воопшто не те сакаа затоа и ти дозволува екскурзии. Очигледно е со тебе ради финансиското задоволство. Затоа и нејќе секс со тебе. Ама ок, терај си мислејќи дека ти е ок.
Да бил нормален татко во ист момент децата под мишка и би те оставил, не можам да разберам како тоа му се гади од нив, ајде ќе речеш во момент на афект се посомневал дали им е биолошки родител, после потврдата децата ги зема без драми. Убаво пиша погоре членката неверството мнооогу често се случува ама не се опростува. Не знам стварно каков совет да ти дадам освен да не се оптоваруваш и да го молиш за да им обрне внимание на децата, тој сам треба да е свесен тоа е нешто што не можеш ти да го вразумиш туку доаѓа инстинктивно. Насочи ја целата енергија како знаеш и умееш кон дечињата, стварно жално за нив. и не знам како се дрзнувате сами да заклучувате дека и тој ја изневерувал кога не пиша членката такво нешто.
Јас не мислам така, бидејќи ако ја имал изневерено во афект ќе признаел и он, и неговата реакција немаше да биде до овој степен стигната. Ама од една страна човекот е исто така во преголем шок, жена му го изневерувала и тоа во тројка, што е уште поголем шок и по гадно реално. Не го оправдувам воопшто и него за реакцијата спрема децата, ама не си правете свои приказни, не е време за тоа.
Не знам колку години имате со сопругот, ама се однесувате ко тотално не зрели... Абе зашто он имал внимание од жени и мислам дека изневерувал ќе земам ќе правам тројка, па уште и ќе пишувам по социјални мрежи за тоа. Тој па татко над татковците се гади од децата. Јадни тие деца со вас. Ти заслужуваш да бидеш сама, да ти земе и деца и се и да имаш време да се забављаш во тројки, петки, оргии..... Ти си им мајка на децата, они те сакаат ама се бесни на тебе. Дај им време, пробај да им објасниш дека кај возрасните не е се лесно и едноставно. Да ги дадеш децата на тетката е како да си пукаш во глава.... Ти зар можеш без нив? Да си во ваква состојба и да не ги гледаш? Мажот е тотално небитен од моментот кога кажал дека му се гади од сопствените деца. На тебе е ред да стиснеш заби сама, да истрпиш, да молиш, и да заслужиш љубов од децата кои се разочарале од тебе. Ќе им фали татко, тоа е нормално, ама ќе дадеш се од себе да увидат дека се каеш...
Ова се одлични практични совети @IzgorenaRoza. Исто и за авторитарната фигура за синот. Можеби некој вујко, чичко кој тој го почитува и на кој се огледува ќе може да поразговара со него. Некогаш она што го зборуваш од тебе нема да го прифати, особено не ако те обвинува во моментот, ама ќе го прифати истиот збор од некој друг на кој не му замера и кој го цени. Затоа и реков дека може ќе ти требаат различни психолози за двете деца. За малата може да е потребен некој психолог кој е потопол, пријатен и надворешно и кој умее со мали деца. Со неа повеќе ќе имате успех низ игрите. Не зборува ама следи ја како си игра кога е сама, слушај што им зборува на куклите ако им зборува или следи што прави со нив. Често дечињата емоциите што не можат да ги кажат директно можат да ги кажат полесно индиректно, низ играта, преку куклите, или низ цртежот. Ако сака да црта, нека црта спонтано нека црта она што сака и види потоа што нацртала. Ќе и ги разбереш емоциите што ги чува во себе преку цртежот.
Тешко е кога родителите ја водат својата битка пред децата, јас знам од прва рака нажалост. До ден денес трпам последици од тоа што сум била користена како инструмент, како оружје против брачниот партнер, а 30 години имам. Цел мој адултен живот се борев да ги оправам, ама сега веќе се откажав. Не сум мажена, немам деца. Ти дадоја членките многу добри совети, јас немам што да додадам. Само едно нешто ќе ти кажам, не ги ставај децата на средина, многу повеќе ќе ги оддалечиш ако преку нив водиш војни, отколку ако само си била неверна. Разговор, разговор и само разговор. Мора да направат дистинкција дека ти како жена и ти како мајка се две различни работи. Ти како жена имаш обврска спрема сопругот, а како мајка спрема нив. Не смееш нив да ги користиш како алат за комуникација со него. Дај му време на времето, биди им столб за се во животот, биди тука кога ќе патат, биди секогаш зад нив. Сопругот искрено има право што ти се лути за неверството, и јас да сум не би ти простила. Ама како што рече @Mantub однесувањето спрема децата е крајно дегутантно, одвратно и крајно безобразно. Не му се децата punching bags за да може тој револтот да го проектира и не се тие криви за тоа што се случило. Татко не е само да искешира пари и да си замине, татко е да биде и ѕвезда водилка во животот на децата. Нека не го заборава тоа. Ќе го начекаш и ќе го потсетиш дека не ти е само тебе сопруг, туку дека и нив им е татко.
За предходните трауми не сакаше да зборуваме многу, ми има кажано дека работел со терапевт пред да се запознаеме. Не се фокусирам на него туку тоа го кажувам во смисла дека би направила јас се да се врати кај децата, знам дека не рационално тоа што би се жртвувала самата ама ако тоа го врати во животот на децата ќе си го прифатам и молчам. Барем тоа можам да го направам после се. Затоа незнам зошто и други се зафатиле дека го сакам него назад за мене, го сакам назад поради децата. Да тие се поврзани повеќе со него поради тоа што предаде фирмата негова да ја води пријател и менаџер он само се појавуваше на настани и состаноци, и повремени патувања во странство. Он помина драстично повеќе време со нив него јас, он ме мотивираше да го завршам факултетот јас кој го сакав, заедно со магистерски труд, да работам и изградам кариера затоа што никогаш не се знае еве со Ковид19 доста голем удар прими неговата фирма. Он беше повеќе домаќинка него јас што бев и секогаш беше повеќе со децата. Јас сум затоа во овој шок, неможе мојот мозок да го разбере како несака да ги види. Не ми калкулира, сеуште си викам како да не е истиот човек, некој го заменил. Денес со сестра му се видовме, дознав дека е во Белград кај неговиот терапевт, и дека ќе дојде за Скопје наскоро кога точно незнам. Се преколнувам и молам од внатре дека ќе дојде викендов и дека децата ќе го видат и барем односот меѓунив ќе може да нормализира. За бракот знам дека е готов, тука нема што да се разговара. Предпоставувам после оваа шарада од него дека нема да добие старателство врз децата, треба да прашам само бидејки е можност самите они да побараат да се со него него мене. И покрај се што им прави они сеуште го бараат него и цела вина паѓа а мене за која се во право. Но пак би се борела до крај со нив, и да знам дека ќе одат кај него морам да се обидам колку и бесцелно да е. Хипокритично да го кажам ова од како го предадов и изневерив сопругот од причини кој предпоставувам ми се смеете, ама никогаш нема да ги предадам нив и сакам да го знаат тоа.
Темава е за неверства во брак, и чувствувам дека излегов од темата кога се обраќав. Муабетот е можеби повеќе за темата деца или психологија. Извинете за тоа. Како читав страници наназад гледам две мислења - едно оправдува спиење со други додека си во брак, друго не оправдува и го осудува (често без да бираат зборови). Парадоксално ми е малку сето тоа, ама се повеќе гледам дека така е и во реалноста околу нас, во нашава земја, не само овде на форумов. Светов го гледам дека е така поделен -на една линија, на едниот крај се оние кои оправдуваат да се има други партнери додека си во брак и го практикуваат тоа, на другиот крај се оние други кои не го оправдуваат. Меѓу нив се сите варијанти и верзии ама се приклонети во главно кон овие две мислења. Искрено бев изненадена прв пат кога сфатив колку многу луѓе го имаат првиот став и живеат така. Мислев дека се малцинство, а сега веќе гледам дека не се, дури мислам и дека се мнозинство. Од желба да ги разберам ги слушав/читав нивните размислувања. Дилемата е повеќе од морална природа. Како живеат со себе? Дали двеве групи прифатиле различна морална структура и сет правила од старт или без разлика на нивните постапки и зборови сите имаат ист морал во суштина? Како некој кој верува во правата на луѓето стојам зад тоа дека луѓето треба да си живеат онака како што им одговара, како што ги прави среќни и како си се договориле партнерите меѓу себе, особено ако тоа никому не прави штета. Од друга страна пак како некој кој обожава да анализира и да копа подлабоко, природно ми доаѓа да ги препознаам работите што не ми штимаат во нивните зборови. А често не штимаат. И тоа ме прави да се сомневам дека луѓето што живеат во таков брак се баш такви како што тие самите се претставуваат, задоволни со себе и своите одлуки, среќни, и дека баш такви среќни им се и врските, како што ги претставуваат. Нема да посочувам поединци, но често кај тие што живеат во отворени бракови забележувам кај нив одбрамбени механизми. Тие не би постоеле ако навистина не ги вознемирува она што го прават и ако мозокот знае дека се е ок и нема од што да се бранат. Од тие одбрамбени механизми гледам често на пр. негирање - знам дека ме мами, ама одбивам тоа да го искусам, зошто ми е too much. Значи со други ја избегнувам темата, не зборувам за тоа отворено. Од партнерот не сакам да чујам со кого друг спиел или детали од нивната средба и сл зошто ме вознемирува. Или проекција - моите неприфатливи импулси не се мои, туку на другиот. Значи ги проектирам, ги префрлам на другиот. Пр.: другиот не беше задоволен во бракот со мене, другиот имаше неостварени потреби, или имавме и двајцата неостварни потреби ама другиот неможеше да издржи/да живее така за разлика од мене и сл. Од тука после се развива една ментална шема, конструкт што истотака е еден вид одбрамбен механизам, и може да го сретнеш често кај вакви парови, а тоа е misremembering. Во буквален превод би било погрешно помнење, а уствари е лошо приспомнување за некој реален настан од минатото. Некоја одлука која ја направила особата во минатото, и кој е типично себична одлука и се коси со нејзините стандарди за правичност и ферплеј (без разлика колку и се високи или ниски) таа си го приспомнува не како сето тоа, туку како чин на широкоградост и великодушност. Споменот е погрешен на некој начин. Значи ако се однесувале нефер, тие се присетуваат дека однесувањето им било пофер од она што било реално, и на тој начин си ја сочувуваат претставата за себе дека се правични и фер во односот со другите. На тој начин ја сочувуваат добрата слика за себе. Обично погрешниот спомен не е толку вивиден како другите, му недостигаат детали. Ова не е класично лажење, значи различно е од тоа и покомплексно е. Се смета дека погрешните спомени се најверојатно заради инхибиторни процеси кои делуваат на процесот на припомнување и се во врска со функцијата на мозокот да го заштити човекот и неговиот здрав разум. Некогаш од сето ова кај некој од партнерите ќе излезе како од ведро небо некој изненаден, неочекуван психички проблем, некоја анксиозност, некоја несоница, некое променето расположение па ќе се бара чаре...Да не навлегувам пак за влијанието на нивните постапки врз нивните деца. Тие као никогаш не знаат, ама некогаш, некако дознаваат па има огромни ефекти и врз нив кои не би рекла дека се позитивни. Или за третите лица во случаиве, и нивните семејства. Не би рекла дека се тоа луѓе на иста фреквенција, би рекла дека тоа се многу различни личности, со многу свои проблеми на една точка. Така да ништо не е така едноставно како што ни се сервира. Конечно, - се додека не видам пар каде што и двајцата немаат вакви red flags и каде што нивниот начин на живот се докажал низ времето како подобар за сите вклучени страни (прв круг, втор круг инволвирани), останувам на страната на оние верните.
Јас искрено се вознемирив, не можев ни да дочитам сите коментари до крај. Не од неверството него до каде се дечињата стасани психички. Боже мој, јас не знам ни што да те советувам ама и тој па маж ти, така ли ќе враќа преку нив. Додека те читам грутка ми застана на грло, не знам што ќе правеш, прави, ама убеди го децата да си ги гледа. Немојте да викате да не го моли, таа сигурно не го моли за нејзе да и се врати. Детската психа е страшна, во главчињата нивни свашта прелетува, и многу се малечки бе, души уште сега ли трауми да имаат. А како што те прочитав, многу страдаат, извини не можев се да дочитам вознемирувачко ми е кога се работи за дечиња . Зборувај со нив, приближи им се некако, а помалечкото уште и не може се да разбере. Поголемото во пубертет најверојатно и веќе озборуваат и тоа го боли, се им се насобрало. Па нека направи тест ако не ти верува тебе , само нека зборува со нив, нека не ги отфрла
Ja citam situacijata i ne mozam da veruvam covece, jas tuka se nerviram za edna najobicna glupsost a vidi niz sto pominuvaat odredeni luge? Prvo ti toa sto si go izneverila pazi vo TROJKA e katastrofa ama uste pogolema katastrofa e toa sto toj gi otfrlil decata?!?!?!?!!?! Zosto pak decata? Taa negova logika “te gledam tebe vo decata”- najgolema glupost i toa voopsto ne e za komentar. Mrdnata familija. Gi zalam decata i toa mnogu. Dusicki ubavi. A za sovet ne znam sto da ti dadam. Ostavi go maz ti i gledaj si decata so nego e odamna zavrseno, sega decata ti se edinstvena nadez, samo ke ti kazam da bides srekna sto si finansiski stabilna zatoa sto ako ne bese ke bese stiuacijata “ creskata na tortata” ili “ojde konjo u rekata” so bi rekle nie.
Здраво на сите ...сакам да споделам нешто од мојот брачен живот со вас чисто ме интригира мислење совет што и да е....вака со маж ми сум еден месец во брак а предходно 6 месеци во врска на далечина се гледавме кога можеме и сега јас можам слободно з амене да кажам дека сум и атрактивна и секси и посакувано од страна на мажите ...е сеа работата е што тој не сака секс со мене цело време има изговор за тоа сме имале само два три пати и кога ми збориш за секс е таму тема не сака да збориме не сака да имаме не сака да го чепкам за половиот орган полудува тогаш...и сеа ке оди на деловен пат и јас го чепкам телефонот негов и што ке видам договора средба со кирви за пари и тоа не со една со неколку од нив со целосен респект во пораките деловно значи госпоѓо јас ке бидам во тој и тој хотел за викенд дали можеби ке имате време да се видиме ?...ова беше пораката и се на нормален начин со голем респект према особата и се договара се и најнормално прашува за цена колку ке кошта и се океј...јас дознав му реков се правеше чукнат дека не е вистина после рече дека е вистина и дека згрешил не мислел да напрви ништо секако јас не му верувам и знам дека кога ке оди ке напеви ваков нешто јас се смирив го прашав зошто тоа го прави ми вика тоа е друг свет не можам да ти објаснам ме возбудува тоа што не знам пто ме чека таму а и тие не се ружни сите се убави и ми вика добро сеа тоа и фотошоп има на сликите но сепак убави се и јас му викам добро мене не ми дозволуваш да те чепкам а на други жени им плаќаш да те чепкаат за пари кои само тоа ги интересира ке те ....и ке те остават не можам да разберам и тој рече да во право си згрешив и толку...и сеа ме интересира што мислите вие ова знам е е нормално само не можам да разберам со каков човек си имма работа ова ми изгледа како незрело понашање како без самодоверба како ниско мислење да има за себе не знам