Еј немало ништо, а зошто толку се потресла госпожата кога женава ја додала за пријателка, и после мажето од кога дознало дека е откриен што прави и вртел на секој 5 минути, па дома одма немој не е така и типичното правдање "немав ништо". Ако стварно немале ништо оваа (швалерката) немало за што да се испотресе толку и одма да се "пожали" како се разоткриени.
Ова се што наброја е толку грозоморно,дури малку и невкусно за читање. Кога ќе ти згусне за пари,ќе леташ за да поднесеш постапка за развод? Не е се баш така.Себично е ова се према децата,после развод мислиш на нив и нивната среќа.Таткото ќе им треба цел живот, жената е разведена од мажот,не дацата. Нема никакво право да забранува ништо. Не поддржувам варање ни под разно. Без оглед кој колку деца има, ама ни ваков грозен чин према никого, дури ја спомена и таа некоја ако му биде во животот нешто. И никогаш не вели никогаш,можеби ти прва ќе се премажиш после развод (хипотетички збориме)
И да немале секс, важна е намерата. Тој ја изневерил нејзината доверба. Како сопругата ќе има доверба во него после ова? Значи тој свесно имал намера да изневери. Не е важно дали имале секс или не.
Точно, ама пред било што да одлучи треба да разговара, да не реагира со жешка глава. Јас споделувам мое мислење, точно е, довербата е разнишана, ама ако немало ништо јас има душа да му извадам по дома после, се ќе му накалемам. Ако имало, ич не дискутирам, го пакувам и пријатно. Зборувам од аспект нејзе не и требаат сега караници стресови, ако разбрав има мн мало бебенце дома. Нека проба да го стегне со разговор, колку и да не и се допаѓа тоа што ќе го слушне, мислам дека тоа е најдобро. Едит: и не знам зошто мажите секогаш полесниот крај го влечат кога ќе се случат вакви гомненици. Значи он ќе замине, ако се скараат, ќе се еба**а ќе ужива ќе шета, а таа со едно големо и едно бебенце сама ќе се тегне. Има да седи дома и да менува пелени ах маживе ах памет не им доаѓа... и деца ќе му родиш и мајмун ќе те прави
Па баш мајмун ме направи. Плус хормони до плафон. Да беше обратно до сега и ке ме избркаше и документи за развод ке поднесеше. Абе себе неможам да се препознаам. Почнав себе да се лутам. Страв ми е и да разговарам. 12 години иѓав кога почина мајка ми тешко е со еден родител... Сеа и моите деца исто... Не знам што да правам
Твојте деца пак ќе имаат татко само што нема да живеат под ист покрив со двајцата родители. Тешко ќе ти биде на почеток многу ако планираш да се разведеш, ама ќе најдеш начин за се, како што разбрав имаш и куќа и финансиски си обезбедена, така да немаш никаква пречка. Големото во градинка, ти дома со малото додека да пркне и тоа да тргне во градинка. И вака е лесно да се пише, знам, ама за мир во душата се може да се издржи. Ако одлучиш да останеш и простиш, сама себе ќе се измачуваш секој ден, секогаш кога и да го погледнеш ќе го гледаш со сомнеж, никогаш нема да биде како што било. Или евентуално ете ако сепак сакаш да продолжиш, играј мудро и предложи му отворен брак, види дали ќе се согласи. (мислам секако ако можеш и сакаш и ти самата таков живот). Ако не, најдобро решение и спас ти е развод.
Воопшто не е грозоморно. Што е грозоморно, тоа што сакам или он да си оди од дома или кирија да ми плаќа? Кога ќе ти згусти дома и те како за пари ќе гледаш и нема да сакаш да го оставиш домот во кој и ти си инвестирала пари, време, љубов... А што ако жената нема каде да оди и стварно мора да оди под кирија а не зема 800-900 евра плата за да покрие трошоци за кирија, сметки, градинка, пелени, храна, 350 други работи.. Како нема да мисли на пари? На што ќе мисли? Да оди во шелтер центар затоа што на мажот му се дигал на сите жени околу? Грозоморно е што нема да му дадам да ги гледа децата затоа што се ебел со некоја дроља додека јас сум имала ризична бременост? Богами нема да ги види, ако толку ги сакал ќе седел мирен. Тој и направил бебе, жената 9 месеци се тресела над него, од кои 5 сигурно само за до вц станувала, се пазела пошо нели ризична бременост, а тој се фатил со некоја лесна цуца пошо му се ебело а жена му не можела да го задоволи, а леванка и десанка му се премориле сиротите. Богами треба да го запоти газот за да ги види... затоа што не заслужуваат ни тие таков татко, ниту па тој мочко такви ангелчиња.. А за она другото, мислам доволно добро се знам за моиве 31година дека јас и прв брак не сакав а не па втор.. затоа што хартијата не ми значи апсолутно ништо
Јас многу те разбирам, особено со хормоните сега си тазе со бебенце и упте толку си нервозна. Те молам, што и да правиш внимавај, сеуште си ранлива, хормонална, треба да имаш млекце да си смирена за тие две сонциња дома што те греат. Мажи како мажи, ништо не заслужуваат. Главата горе и убаво размисли за во иднина, ама немој минатотони другите искуства да ти определуваат што да правиш со твојот брак. Ако се одлучиш веднаш за развод, верувај дека подобро разделени отколку во нефункционален брак па караници стресови на дечињата. Ако одлучиш да простиш, се низ нос да му извадиш, има да пере, да пегла, пелрни да менува, да варди деца... Што и да одлучиш ти посакувам многу среќа.
Една пријателка проба со ова.. му прости. И он по дома се помагаше, она пиеше кафе и читаше книги..кулираше..така ДУРИ 5 месеци .. за после да ја извара со некоја колешка со 4 деца.. И колешката и тој прави гадови.. Со сила убавина не бива..
Кажав не оправдувам неверство ни под разно. Ако не ме сака мене и сака да шета на страна, се тргам со сите законски процедури и си терам мој живот и работам на среќата на децата да растат и со татко. Сакам да кажам дека неверството на сопругата, нема никаква ингиренција со децата.Тоа е себично да ги казнуваш нив да немаат татко Од аспект на децата напишав се. А за право, немаш право да забрануваш без оглед што си мајка и си старател. Болката е јасна, но не смее да се рефлектира на деца
Вака не. Тој е жив. Ако е добар татко, ќе биде добар татко и да живеете и да не живеете заедно, а ако е лош татко тогаш таков подобро и да го нема во нивните животи. Тебе ти треба поддршка. Дали имаш да поразговараш со некого? Или нека е тоа стручно лице. Сега се може хормоните ама, мораш да се собереш и да го направиш она што е најдобро за тебе. Децата вака или така ќе си пораснат. Види, има и такви што работеле на бракот и по неверство, има и такви што не сакале да работат на бракот после одредени настани. Ти најдобро знаеш каков брак сте имале и дали воопшто ќе вреди. Кога ќе дојдеш до тоа што ти го сакаш и што мислиш дека е правилно терај така. Сега сеуште ти е премногу свежо и болно. Дај си време ако треба, но пробај да размислуваш со трезвена глава и носи одлуки што те засегаат само тебе лично. Ти си мајката и сопругата и што и да одлучиш дека е најдобро за тебе, верувај ќе биде најдобро и за твоите деца.
Точно, не бива. Но јас би одолговлекла некое време додека не пркне бебето макар како цимери живееле. 1 месец има бебето, членката нема мајка како што разбрав, освен ако нема друг тип на поддршка во моментот, јас би играла на карта да учествува и он во растење на бебето, бар додека она се стабилириза од хормоните и пораѓајот. Кај тешка бременост, кај дома хаос. Сепак да не му го олеснуваме животот да прави што сака, преџи бриго другоме, мајкава да клапне со две деца уморна, разочарана, повредена, исцрпена, а тој сепак ќе биде "татко", само ќе има 100 пати послободно време и ќе одмара. Нека му го запоти гзот малце, 5 месеци, 5, па нека го остаи. Што знам, јас се нервирам, многу е лесно напрај дете, собери парталот и остави се на другиот. Има да рмба дома како магаре, а нема да сме во брак во смисла нема да функционираме како пар. Маст ќе му извадам.
Тој ако не сака да се вклучи во одгледувањето и воспитувањето на децата, сопругата може се да направи и тој пак по старо да иде. Значи подобро да замине и да не чека ако одлучи да не му прости, зашто таквата средина е токсична за децата.
Чим имаш кеш, бегај од него.Или бркај, како ти душа сака....знаеш зошо? ќе те јаде црвот.. башка на 40 дена тазе породена жена, он сликички да пушта и срцка да и` вика? Срамота е бе срамота.Која совест ја имаат таквите нелуѓе
Она кажа дека е прекрасен татко, затоа и го пишувам тоа. Ете нека се посвети дома сега дупло и како цимер плус, место да пишува на други.
Ако не ја изневерил, па добро, никому ништо, според некои од вас?? Навистина можете да живеете со таков човек после вакво нешто? Или што, демек ќе се одмаздувате, ќе види тој, ќе му го правам животот пекол секој ден, ќе го казнам? Во заблуда сте. Навистина не гледам што ќе постигнете вие што вака размислувате. Како таа ќе знае дека (не) ја изневерил? Тој ќе ѝ каже дека (не) е така и таа треба му верува, a? Жени, размислете добро преку што поминувате. Какво цимер живеење, какви глупости... Ценете се малку повеќе. @mucacaloca Самата велиш, "да беше обратно, досега и ќе ме избркаше и за развод ќе поднесеше". Не знам што треба повеќе, ова ти е одговорот според мене. Воопшто не ставај вина на хормони и моменталната состојба. Реакцијата е за неверството, не е од што ти си бремена па непромислено се однесуваш.
Ова запамти го убаво. Немало ништо, божем само за кафиња се дружеле, уште будала те прави. Животот не ти е срушен, само една негативна фаза. Децата не мораш сама да ги гледаш, туку и тој ќе си биде родител како што треба. Многу успеале и ти ќе успееш ако се одлучиш на чекор развод.
Не си ти виновна за ништо и не се сомневај во себе! Доколку се разведеш, децата пак ќе имаат татко. Тешко ќе ви биде на почеток, ама ќе се навикнете. Само немој да им зборуваш лошо на децата за него, кога ќе пораснат самите ќе сфатат што и како се случило.