Шо има да се објаснува со нејзе? Со маж и' има проблем, не со швалерката. Дома треба да си ја реши ситуацијата.
Се согласувам со овој дел ептен. Дома и е проблемот нејзе, до душа и нема многу што да решава оли да го прифати таков или да си тера по патот свој. Ама кажувам ЈАС би пишала и на мажот од дотичната пошто неќам да му се садат рогови ко на мене. Ме сфаќаш?
Не е оти ти е жал за мажот, туку желба за одмазда е. Ја мразиш ако маж ти имал нешто со нејзе. Од таму е поривот.
Абе добро ај сега ти ми ги читаш мислите.. Дури и да е така, свесно си почнале и двајцата значи биле спремни за последиците.. Да сум на негово место би сакала да ми ја каже некој вистината па од која сака нека е причина!
Јас незнам па како све крива ви е швалерката, сигурни ли сте и дека е само таа? Убаво вика @WildMk туѓи бракови не се наша работа, јас незнам како и воопшто овде почнав да коментирам, очигледно досадно ми е - на боледување сум после инвитро. Да ви кажам лична дешавка: Излегував со еден маж, прекрасно се однесуваше, не се ни криеше, ме запозна со пола другари, на свадба бевме заедно. Кога оп - женет бил. Ова кога бев слободна јас И сега, каде е мојата вина? Добро, јас не знаев ама и да знаев, шо сум и крива јас на жена му бре? Што сум и ветила?
Те запозна со пола другари и на свадба отидовте заедно? Жена му ко во пештера да живеела. Не се лути, само не ми е јасно. Иначе воопшто си немала вина ти, неје не си и ветила ништо ниту па си имала маж дома на кој што си ветила.. различни ситуации се. А и ако веќе влегувам во врска со женет значи си ги знаам опциите и последиците. Едит: Јас не пишав од досада, туку ме изреволтира идиотот од маж на членката која што вчера се породила а тој се срцка со некоја си таму да не ја наречам.. и сеа не би да ја должам темава повеќе.
Овој твојот м*доња бре, чак у јавност те носел. Јас од гордост не би и пишала на швалерката, плус немам јас ништо со неа, денес е она, утре е друга, ама дома на мојот маменце ќе му расплакам. Иако мн сличен случај имав со една другарка скоро, таа па ќе се кубеше за коса, да ја научела на лекција швалерката, да не "расипувала туѓи бракови". Како беше она со Сашко Коцев, "ама срце, будала види ми се натегна сама", он невин, мислиш не учествувал во тоа. Си мислам во себе, ти муж ти си го научила на лекција, па швалерката ќе ја учиш. Едит: не можам да замислам да паднам на тоа ниво, да одам да се шлапам со нејзе, ја мислам од пуста горделивост, со машна ќе и го запаковам мојов и ќе и го поклонам.
По мене за неверство и мажот и швалерката се криви.Само не исто, он е МНОГУ повеќе од нејзе, пошо свој брак уништува.Ама швалерка што свесно влага во однос со женет маж, ако знае дека е женет де, е исто крива.Се бута кај што не и` е местото бај д веј, се слагам со @Ani93, дека треба да му се каже на мажот.Ем за фер плеј, ем да не му се набиваат и него рогови.Јас сум бар таква, осветољубива кучка.На 40 години нема да идам да ја тепам, него ќе го ишлапам, а нејзе ќе и` го поебам, бракот.Бар на раат после да се гледаат, ни од без жена, ни она без маж. Ако она не си го мисли мажот и`, и го вара, јас да го мислам?
Една моја другарка ја фати маж и со друг у кола, на лице место..... И знаеш шо, НИШО...... Му рече бивш и е и со сила ја ставил у кола да разговараат, роговите си останаа и уште долги години си растат.... Затоа велам, кој е упраксиран у ова, џабе све.... Они ќе го решат за 2 минути, само жената повеќе ке се огорчува и опседнува. Проблем има со мажот....
Да бе со сила хахахаха Има и жени кучки.На другари мои како нападно им се имаат пуштано, ама зборам екстремни ситуации, не тртење, не фаќање за полов орган, нешо многу поекстремно.Шо маж да го напраи, ќе бараме на плоштад бесење.Ама не можам да зборам овде за тоа.. и у двата пола има одлепеници.И ние не сме цвеќиња.
Дали е одмазда или не ја би му пратила. Една ситуација: после долга врска кога заврши поради изневерување излегов со еден што се гледавме пред врската, овој дозна и пишување пораки, те сакам бла бла (после толку време уште имам нагони на блување кога ќе ми текне), јас стиснав forward и некако убаво ми дојде. Не се каев и уште не се каам. Не ми беше крива во никој случај ама пак што сум јас должна да трпам нешто во што и некоја си таму е инволвирана, а она да си ужива 100% (знаеше за нас). Теоретски е лесно да се каже ја нема да направам така, ама во пракса е др.
Само ова ќе кажам, од лично искуство. Не ги инволвирајте децата за да се одмаздите или да го задржите партнерот затоа што ништо нема да може да ја избледи траумата што ја доживеале во тој период. Конкретно за ситуацијата на @mucacaloca човекот не е лош како што пиша една членка, туку одвратно себично суштество што гледа само да си ги задоволи сопствените потреби. Ни најмало оправдување нема што брка "срцки" додека дома има скоро породена жена, дете и новороденче. @mucacaloca биди силна за децата.
Нормално е да се мрази другата жена НО таа е крива во нејзиниот брак. Додека ваму мажот и само мажот е крив.