Не ми се верува што прочитав... Според ова што го пиша за неа после тој настан, не ми делува како само да разговарале туку како да имало нешто повеќе. По моја лаичка претпоставка, кога на маж ти не му успеало со неа, ја заплашил да не каже на некого.
Омг не ми се верува што прочитав... Не знам што да кажам и како да те советувам, се шокирав искрено. Ако толку не можеш да издржиш покрај него, на децата кажи им по просто, дека веќе не се сакате со татко им или не знам, нека кажат и други што мислат, сега во моментов не можам ни да размислувам од што не ми се верува што прочитав.
Жал ми е што поминуваш низ сето ова. Ми звучи како да си решена да го оставиш пошто викаш дека не сакаш да останеш со него. Тоа е секако твој избор ама не е лесен ниту сам по себе, а особено не е лесен кога освен двајца возрасни се инволвирани и деца. Секогаш е најтешко за децата. Што и да направиш нека биде промислена одлука. Само немој да правиш импусливни работи колку можеш, за да избегнеш драми, сцени и уште полоши нешта на кои децата би биле сведоци. Гледај колку можеш да ги заштитиш нив, да преминете преку премрежието колку е можно побезболно за нив.
На деца на таква возраст според мене не би требало да им ја објаснуваш вистината, зашто нема да ја сфатат. Најдобра опција е да им се каже дека мама и тато не се сложуваат добро и дека ќе живеат одвоено. Нит сестри мешај, ниту пуштања, зашто утре може и тетка им да ја гледаат со други очи. Имаш каде да си заминеш? @UnaLuna Би имала ли поддршка од родителите зашто имаш три деца, сепак крупен е чекорот да останеш сама. Дали маж ти би ти правел проблеми ако го оставиш ? Проблемов ти е голем. Ако решил да те изневерува нека го сторел тоа далеку од дома
Вакво нешто слично ми се случи и мене, од мојата братучеда тогашен дечко сегашен маж ми се пушташе мене и нон стоп ме замараше мене, ми пишеше ми се јавуваше дури и кога стапија во брак, решив да молчам бидејќи јас ќе испадне крива познавајќи ја братучеда ми и нејзините, кога сега ги гледам разведи се смири се такви се, што значи си брка тој работа и на друго место Имаш три опции: Да се разведиш по брза постапка Да останеш во брак и да се правиш цел живот на тошо и да се самопонижаваш И трето да останеш во брак колку за јавноста а да водиш двоен живот ти по свој пат, тој по негов, и да не го рецкаш многу
Ако решиш да си заминеш не треба да ги прашуваш децата за одлука дали сакаат или не сакаат. Децата не ја знаат целата приказна и не треба да ја знаат и не можат да разберат колку е комплексно. Ако си заминеш ќе се организираш како ќе биде со децата, ќе им споделиш ко веќе да е одлучено, во смисла - тато и мама решија да се разделат - а не ги прашувај дали сакате да смените училиште и слично туку само соопшти им и направете се да им е најлесно што може на децата. Јас на твое место не само маж ти туку и сестра ти ќе ја избришев што наместо да се грижи за тебе и да ти ги отвори очите те оставила да те манипулира овој со години. За срамови живи двајцата и таа и тој.
Ниедно дете на таа возраст не сака да прави промени. Уствари, на никоја не сака али јбг. Јас бев 10 кога мајка ми ме спакува и си отидовме. Од денешен аспект камо и побрзо да го стореше тоа. Тешко е, и за родителите и за децата ама подобро добар развод него лош брак. Друг совет не знам да ти дадам, толку е бизарно од страна на сестра ти што ќутела, а уште побизарна е постапката на маж ти, немам коментар. Ужасно.
@UnaLuna Доколку имаш да се снајдиш колку толку -замини си Сестра ти уште по бетер во случајов како можела да ти крие толку време? Јас би расчистила и со двајцата, тука желбата би ми била посилна.
Сестра ми со помош на психолог собра храброст да ми каже. Тогаш е била само девојче (19г) Цело време ја обвинував зошто гледа во сите со недоверба, зошто со сите се однесува како лошо да и мислат... Да, наоѓам вина во неа бидејќи сме толку многу блиски и не собрала храброст веднаш да ми каже. Тогаш немав деца и се ќе беше друго. Сега стварно не знам... Не можам да го гледам, имам немир кога е дома. Од друга страна, после породилно, напуштив работа (на негова иницијатива) и моментално сум без никакви примања. Малото е 24ч само со мене, не сака со никој, пробав во градинка, месец дена, издржуваше само по 1ч и ми ѕвонеа дека не можат да го смират. Решена сум дека не сакам со него, пред пола година инсистирав на развод, но завршивме само со брачно советувалиште (немав храброст да ја кажам вистинската причина) Не знам како ќе се снајдам сама
Не разбирам што се десило? После 3 години брак и се пуштал како се десило? Кога се десило? Има ли шанси она нешто да си сфатила погрешно со оглед дека имала 19г Дали ја допирал, галел, фаќал...? Ако одговорот е да, тогаш да треба да се разведеш.
Што значи тоа, пробал да има нешто со неа? Знаеш детали? Само разговор било, имало акција...? Можно ли е да било недоразбирање? Маж ти знае дека знаеш? Како се однесува?
Ова е сериозно. Барај развод, земи си ги децата на суд ако можеш. Кажи им дека нема да живееш заедно со татко им, но не мораш и целата вистина. Сестра ти како можела тогаш да преќути вакво нешто тогаш кога се дешавало ова... Дел од вината е на нејзе.
Океј сигурно и на сестрата на членкава и било траума, и не е така лесно да се каже вакво нешто. Ама сепак можела многу порано да каже, а не да чека да роди сестра и три деца па да кажува после толку години. Не знам, ужас.
@UnaLuna значи се наежив дур читав.Сѐ сѐ, ама со твоја родена сестра?? И тоа 19 години? Премногу е. Иако @V.odolija вика дека ,,деца” не се подобни да даваат совети, јас ќе ти дадам. Ако имаш кај да идеш, да си одиш одма.Мене искрено ми е гадно ова.Ај на некоја непостоечка таму да ѝ се пуштал? Ама на моја крв? Тој апла е без срам и мозок, колку време мислел дека ќе ќути она? Знам и друга ваква ситуација, ама таму сестрата и мажот обострано си сакаа да се клецкааг..Греота, срамота и ужас.И на него не знам како не ми е глупо да ве гледа и двете у очи.Бессрамен човек. Искрено, не те заслужува.Он чим на почеток го пробал тоа, неќам да сугерирам, може и го напраил, со друга особа..Боже какви луѓе еј.Затоа реков, да не е форумов нема да знам какви дебили има. А на дечињата објасни им дека мама и тато, секогаш ќе им се мама и тато и ќе ги сакат највеќе на цел свет, и дека ќе учат со нив, дека ќе ги шетаат, дека ќе се дружат, иако со тато нема да се цело време.И дека никој од вас нема да ги напушти, и дека ќе може да го видат кога сакаат
@UnaLuna ако си решила да се разведеш, разведи се. Штом психички не се чувствуваш добро во тој брак со таков човек, разводот ти е најправилна одлука. Најпрво гледај си го здравјето и психата за децата, бидејќи си им потребна нив. Нормално е сега да се бунат и да не размислуваат опширно бидејќи се деца, ама еден ден кога ќе пораснат ќе сфатат дека тоа било најдобро за сите, пред се за нивната мајка. Само ме интересира колку години имал маж ти кога и се додворувал на сестра ти? Јас целосна вина гледам во него. Што има возрасен маж при жена и деца да се пушта по 19 годишно девојче и тоа сестра на жена му? Со оглед на тоа што сестра ти со помош на психолог собрала храброст да ти каже се, и таа е жртва.
Сериозно се фативте за сестра и? Тоа девојче кутро којзнае какви трауми имала и каков немир,кој нема да прекине ни откако и кажала на сестра и,тоа ти е недај Боже,сигурно се плашела дали ќе и веруваат,се плашела од реакцијата на сите дека ќе ја осудат можеби како на пример вие овде...
Мораш да си одиш, барај работа, пуштај дете во градинка, ќе се навикни со време. Дали имаш каде да одиш е прашањето? Немој под никој основ да ја кривиш сестра ти, млада на 19 години и како ќе ти кажи за вакви работи, не сака да ти прави проблеми, но може сега сватила и проценила дека е најдобро да ја кажи вистината. Се си има причина верувај, од тоа шо ти кажала твое е да реагираш и да го оставиш. Најубавиот совет ќе ти го дам, разговарај со неа. Таа никогаш нема да се чувствува убаво да доаѓа дома кај вас, секогаш ќе гледа на одвратност, ти и покрај ова ако продолжиш со него си ја губиш сестра ти засекогаш. Тежок е разводот, но не е невозможен, децата ќе се навикнат со време исто и ти. Сестра ти ќе е тука со вас , не сте сами. Мене ме плаши шо мислам дека овај можи и цело време те изневерува, со други. Не паѓај на финти за брачно советувалиште. Развод и шо сака нека си прај после.
Одсекогаш имало и ќе има ликови кои се зафаќаат за секој друг детал освен очигледниот виновник во приказната - машкото. Го очекував ова штом почнав со читање на рефератот.
Во сестра ми ниту малку не ја барам вината. Јас на работа, сестра ми поминува го зема клучот од мене да оди кај нас, мм од работа со колеги на пијачка. Поднапиен бил кога се вратил и додека седела сестра ми се доближил да ја бакне, таа се повлекла и само му рекла засрами се, дека го гледа и сака како постар брат, со оглед на тоа дека и подолго време бевме во врска. И он како ок мала шала, да видел што мисле, и немаш потреба да и кажуваш на сестра ти секако ништо нема. За со други со сигурност тврдам дека не е, постојано е дома, не излегува веќе, само на работа и дома (значи веднаш после таа случка останувам бремена со првото дете и постојано е дома) За татко мислам по идеален нема. Додуша исто мислев и за сопруг... Секако дека сме имале проблеми во бракот и претходно (претежно неговите се мешаа во се, сум имала некој, па ме следеле додека сум на работа, со кој си одам, како си одам... Зошто сум блиска со мојата фамилија, немало потреба често да се гледаме, не требало да поминувам исто време со моите како со нив, сега тие ми биле фамилија и треба да се посветам на нив. Од првиот ден по веридбата мајка му ми кажуваше примери за сестра како и го зела мажот на сестрата... И пред некое време таа приказна прекина, кога сестра ми и нејзе и кажала за тоа колку идеален е синот нејзин за сопруг (мајка му се жалела од мене кај моите, дека не го заслужувам синот нејзин) Ако заминам, знам дека нема да успеам да им овозможам се на децата. Ако останам... Психички нема да можам уште долго да поднесам...
@UnaLuna не треба ти сама да овозможуваш се на децата, таткото во секој случај ќе плаќа алиментација и ќе се грижи за нив. Развод не значи дека нема да имаат татко повеќе. Ако ви е стекнат имотот во брак бидејќи сте со три деца, можеш да бараш и во домот да останеш, а тој да живее на друго место. Што е и фер од негова страна да го направи. И децата побрзо ќе се навикнат на новата ситуација. Мислам дека ти со тоа сознание што направил не можеш да живееш и да го гледаш исто, најмногу дека се работи за сестра ти. Да беше флерт со било која жена пред толку години, верувам немаше да ти е сеедно, ама полесно ќе прифатеше. Не се измачувај ако си решена, на децата им треба психички здрава мајка.