Ima vrska dali e vo brak i so deca ili samo vo vrska i bez deca, bidejki so deca toa e veke poosetliva tema, nemozas sekogas da se stavis ti na prvo mesto. Dodeka se mali tie zavisat od tebe.
Така де.Баш пошо од мене зависат.Ако сум ја тажна и нервозна, и они ќе бидат поред мене, неќам да ме гледаат како плачам и се карам секој ден. А ја ако се разведам, нема нему или во пустина да ги оставам Бог да чува..
Оф леле. Можете и 15 години да сте во брак, и 10 деца да имате родено и додека не се најдете во улога на дете чии родители се караат со години и се мразат ама водат инат за развод, нема да сфатите. Од многу блиску имам пример ваков и уште еден пример каде жена со дете се развела и почнала свој живот кога детево имало 7 години. На вториве им е поарно.
Не сфаќаат бе.Мислат мора по секоја цена да се мајката и таткото у ист дом.Епа не мора.Не мислам ја психата да си ја уништам ни ради дете, ни ради општество ни ради никој.Сами ако не мислиме на себеси, никој нема.Секој гледа како да те заебе. Ми филозофираат деца сум немала, маж сум немала, не сум знаела како е.
Финансии, кров над глава... тоа се основните причини зошто остануваат многу жени во брак, иако имаат проблеми. Отрпнуваат на болката и механички го тераат животот, за децата да не им бидат гладни. Затоа, вие како млади и способни девојки, ќе направите се' за да бидете финансиски независни, пред воопшто да ви текне да правите деца. Така?
Ќе видиме кога ќе имаш деца дека е сосема друго. Тоа дете има и мајка и татко, секој ден ќе те прашува за татко му, едно, друго многу е тешко организациски и финансиски да ги израснеш сама, а ти како што гледам со омраза ќе го наполниш детето и само полошо за него.
Кога ќе бидеш дете на такви родители ќе сфатиш. Oh wait...возрасна си веќе. Нема да е умрен татко му. Ако му е грижа за детето, финансиски ќе поддржува. Ако не му е, не треба ни да си во брак со него како прво. Јас сфаќам и страв и све. Ама дека на детето ќе му е поарно како што велиш ти, мало сутра.
Најлесно е да се разведиш треба да се реши проблемот, треба да има трпение и од двете страни не само ти како што сакаш, треба компромис. Ако мислиш ќе завршиш факултет и голема работа си завршила тоа во пракса не е така, има многу млади што завршиле факултет и работат за минимална плата, а со таа плата не можеш да си платиш сметки и да им обезбедиш на децата се.
Едино решение е да смисли временска машина, да се врати назад во времето и мажот и да не и се пуштил на сестра и. И е тоа е едино решение. Се работи за сестра и!!! Сестра и!!!
Чек, а ако маж ти го реши проблемот така што подобро ќе се крие коа ќе иде со други-решение е? Мислам.. да не се сфатиме погрешно. Куп жени знам што мажите им се тешки курваришта и си ќутат.
Прва опција кај секого е да се реши проблемот, нормално. Ама ако дотичната особа си го земе тоа здраво за готово, во смисла: ми прости, па сеа се живо и диво ќе" наденам" зашто пак ќе ми прости, е тогаш следена опција е развод без отстапка и око не ми трепнува. Па не дозволувам некој мајмун да прави од мене. Уф, се напнав.
Сакаш да ми кажеш дека ќе легнеш покрај маж што и се пуштал на сестра ти? Абе дали имате два акали во главите или јок?
Проблемот ќе се реши ако и двете страни сакаат да се реши. Ама во најголем број на случаи мажот секогаш наоѓа оправдувања за своите срања, пример, пијан бев, нема веќе да изневерувам. И сега женава треба да се направи доволно наивна за да поверува и најчесто велат абе заради децата нема да се разведам. Тоа е изговор. Ако сака на децата да им биде подобро, најдобро развод отколку да бидат дел од нездрава средина.
Да се реши проблемот? Во ред е да се реши проблемот со разговор ако станува збор за не доволно внимание,не поминуваат време заедно,не се доволно блиски и интимни после неколку години брак,станува збор за што ќе се јаде денес,утре,каде ќе се оди за викенд,на одмор,сакам да купам нешто,немам доволно финанси и сл. Ама после неверство и тоа со сопствената сестра да седам и да ќутам ради децата НЕ ФАЛА. Имам 2 другарки кои се разведоа поради неверство и коментари од типот седи ќути ради детето,срамота е и сл.не влијае на нивната одлука. Кога ќе родиш дете животот за тебе не престанува.Да треба да се посветиш на тоа мало дете,треба да го одгледаш во среќна и хармонична заедница,а не во кавги,караници..Детето треба да има здраво и среќно детство. И според психологи,псијатри,научни истражување и секој нормален човек во здрав разум знае дека Подобро развод и среќни родители да одгледаат нормално дете.
Значи си почнала токсично да размислуваш. Со ова глупо прашање "имаш деца" не го постигнувате тоа што мислите, испаѓате смешни.
Епа затоа, коа ќе пише некоја ,,кариера па брак" одма рипате, ако рече неќам пред 30 дете рипате, ако речеме сакам да шетам по светот па дете, пак рипате. Ја кога викав неќам да сум финансиски зависна од маж ми, ме напраивте размазено детиште. Јебига ме воспитале така, да не чекам на маж, и малце да имавме, ќе ми го дадеа тоа малце за кога ќе ги нема или ќе се омажам да иам нешо свое. А ја да чекам маж да ме рани, да ми фрла 1000ки за на нокти, за на детето да треба да му купам нешо, не фала.Као ме мрзи веќе да го верглам ова со вас, пошо пак ќе биде ,,види кај живееш" ,,не е се` розево" Ја зборам од примери ја шо ги гледам, знам луѓе кои живеат од социјална помош, до луѓе шо трошат по 2000 евра дневно на гардероба.Мислите не знам секакви луѓе?Не се сите најнајсиромашни.Затоа пред да праите деца треба да мислите и на себе, и на нив со шо ќе ги раните.Не се рани дете со љубов.Си праите бајрам на умот.
@Feminka22 ниту си размазена ниту леташ во облаци, туку си реална и свесна како треба да биде еден брак.
Кое трпение бе, да ми шета со таквото дур ја дома плачам, чистам, се грижам за деца? Тоа не е трпение, самоуништување е разграничете ги поимите.Шо се праите жртвени јагниња не сфаќам. Епа ако зимаш минималец, дур не напраиш заштеда, нема дете да праиш.Ги зборите циганине шо ги приморуваат децата на мизерен живот, а и ова нишо не е боље.Кој родител не би сакал на детето да му пружи се? во темана ,,Како го прославивте првиот роденден" Коментари, како давале по 4000-5000 за балони, за слатка торта, па детето немало да го памти тоа не знам шо.Спомените бледееле. А овде ,,абее детето да го наранам" Абе нит се водите нит се терате жими мајка. Не е само се сакаме, ќе праиме дете и ајде брак.Треба да се нарани тоа дете со нешто, а треба и да го мерите умот на партнерот. И да си имате план Б во животот за се`, од опција за на кафе ако ве зезне другарката, до ако имате скапан маж и да има кај да избегате, или да го шутнете. Постојат социјални домови, социјална помош, алиментација, ќе се позајмиш, ќе работиш било што.Не е срамота да метеш домови, да миеш садови, за сопствен мир е многу подобро тоа. Ем да ме вара, ем пари да зиам од него бе, шо е со вас? која гордост е тоа на 25+ години? @nena2010 фала ти..ама одредени мислат дека ја живеам у стаклено ѕвоно, у розев свет, или дека спијам на пари.А уствари сум од просечно средно семејство.Моиве немале колку шо иам јас, колку што они ми пружаат, и баш ме учат да го ценам тоа, да не се расфрлам со пари на глупости, да не ги делам луѓето спроед материјалната состојба, дека облеката не го праи чоекот.Затоа и учам ко идиот, ќе работам за минималец до 30 ако треба, ама ќе иам макар 500 евра заштеда.Боље млада кога ќе сум и вон брак ќе си двојам од задоволства, од искачања, од луксузи и да иам свој денар, него да ме понижава некој мочко таму.Не ме нашле на улица моиве.Знаат како е кога се нема.По двајца се растени со упола и помалце примања од они што имаат.