@Feminka22 потполно си во право! Среќна сум што моите ме одгледа со многу љубов,со многу совети и ме научија како да не зависам од било кој,што ме советуваа како еден дечко треба да се однесува со мене,и утре кога ќе бидам во брак да не трпам неверство,психичко и физичко малтретирање..дека јас вредам,без разлика на се и тоа што ќе кажат комшии имам отворена врата дома. Пак ќе кажам дека животот не завршува кога детето ќе се роди,дека не треба да чекате на сопругот,и да не трпите неверство,не љубов..Имате еден живот и колку и да звучи себично а не е треба да се ставите на прво место. и место да одите по бајачки посетете психолог каде ќе разговарате отворено и ќе поработите на себе.
Абе, а знаете дека децата имаат и татко? Или тој го турил внатре и чича мича готова прича, нека си го лади негде, за децата мајката само да ја чука главата? Ај излезете со умот од 14ти век.
@Feminka22 имаш на некои кои најголемо достигнување и е да прошета прстен, а на некоја тоа и е крајна дестинација ако и воопшго во животот и сака да си биде своја на своето. Јас не сакам да зависам од никого!! Од никого. Од маж да барам пари за влошки? Не фала. Еве мене никогаш н сум сонувала да излезам во бел фустан како невеста. ма не сум ни гледала невестински фустани, но свадби сакам ни ништо. Јас е зезам дека на пауза од работа ќе се венчам по фармерки без никој а ме знае и ако ептен мора.
Јас мислам дека не е здраво за готово. Едноставно некои луѓе такви се. Не се менуваат. Преска баш со другар на тел збориме и по стоти пат истото го рековме и двајцата-јас не познавам маж што не иде на страна.
Истоо.. некако потценувачки ми е.Мислам ајде да ја потрошам цела плата или нешто, да позајмам океј.Заедница е.Ќе му вратам или нареден месец ќе надокнадам.Се случува да снемаме.Ама ја да чекам од потписот во матично до гроб, на него?Прво дома шо ќе праам? Ај мало дете, мора со мајка.Не за џабе трудничко е 9 месеци.Се смета дека мајката после тоа може да иде на работа.Абе за се` се има коментар на форумов.А зошо ти не го чуваш? А зошо свекрвата/мајка ти, а зошо у градинка, џабе пари..И после чекам на муж ми..епаа Затоа викам, да ти е страв некад да пишеш нешто овде. Сфаќам различни мислења и се`, треба да се дискутира, ама не очекувам од возрасни жени да тресат такви глупости. регресивно понашање бе..голтаат голтаат.Ќе доат овде за совет.. значи знам примери, абе пред мене дое исчукана целата, ја и` викам искачај батали го, он ја влече, ја ја влечам.И си отиде со него.. епа како бе сестро така.Како?? објасни ми? после тоа, ја гледам модра.Ти и викаш пријави она ти вика жал ми е.Па да фатиш и него и нејзе од тротоар.Жал и` било..а како на него не му е жал бе коа те помодрува?И тоа пази овие не се ни у брак..да дае Господ да не дојдат до брак, некоја кола да го удри пошо јабана отиде..примеров го давам пошо има апла онака крајности.. Ниеден партнер досега не ми се издеравал, еден ми се закануваше, абе од дома не можеше со месеци да искочи и пак на крај на шамари го дигнаа.Не па дечко или маж да ми е, уше и да ме мава или вара.Пекол ќе му напраам.Предност на нас жените ни` е шо повеќе имаме психичка сила, манипулации, едно друго, ако веќе не може некоја да му ја товари една, земи згорчи му го животот бе
4-5 страни давате совети на членката разведи се веднаш, еве гледам сите се разведени, а овде на форумов браковите на членките сите се идеални, мажите не погледнуваат друга, не се допишуваат, немаат колешки од работа, не се расправаат, си готват, си чистат и ред други работи… ало вратете се во реалноста и размислете пред да дадете таков совет-развод, животот дава премногу искушенија…. на твое место би била премногу лута на сестрата, годините не се образложение и 19години е веќе оформена личност која знае што е правилно, ако знаела дека не е во ред што се обидел да ја бакне нели ќе знаела и дека е во ред да ти каже со кого имаш работа, железото се кова додека е врело, што сега после долги години од случката со три дечиња? Што доби ти освен нервози, гнев, немир и сомнеж? На твое место и двајцата ќе ги седнам да се погледнат очи во очи, а дотичниов да се извини, да каже нешто, знак на каење, момент на афект, алкохолизирана состојба … Сама си пиша дека човекот е идеален татко, сопруг …. Ако имаш сомнеж за негово неверство или си била сведок, а тоа не го напиша, тоа е веќе друго. Тоа е мое мислење, колку сакате цитирајте нема да вратам
Јас како врло веома помирена личност со реалноста само едно ќе ви речам- Молете бога ако вара да е чисто физички. Толку.
Ок, те сфативме. Сакаш да си независна. Ама ти од крајност одиш во крајност. Ќе си позајмувате пари со мт? Као, еј неам ситно дај 100 ден за леб и сол, па ќе ти вратам. И ги исхејта невработените како мрзли. Не е тоа баш така, полека малце. @LiliBoz не знам ти во какви кругови се вртиш и какви луѓе имаш околу себе. Знам многу парови и мажи и жени кои апсолутно си ги почитуваат партнерите, бракот. Многу е глупо ова еј молете се да е физички, као само да не ја остави кутрата, зошто он е the boss.
Чек најјак муабет да ти кажам. Многу се смеев. Жена дознава дека маш и има друга веќе подолг период. Сака да го остај ама нема муда од "практични причини". Секако, не му простила лута на него цело време. После година дена ОН ја остава неа зашо немале секс јер била лута пошо он ја варал Па аман за аман оваа го молеше. Не! Крај е.
Абе глупаво или не... е релативна ствар. Познаваш парови, ама колку добро ги познаваш? дали би ти довериле такво нешто? колку време се во брак? Не прашувам, реторички прашања се ова. За моја околина кажав, јес да на форум браковите се перфектни. Тоа знаеме...
Па за мене ако е нешто.Не за домот, за децата.Мене лично ако ми треба, Мене и вака, за на кафе ако снемам пари, или ми фалат, не ми е срам да се позајмам, нареден пат јас частам, или ќе вратам во ќеш.Не сакам да сум должна на никој.Ни на маж.Да заедница е, ама да чекам се` на него? пишуваат овде..ај да не зборам може ќе прочита членката глупо е. се радуваат кога ќе им дадат пари да си купат нешто.Онака жал ми паѓа..да му трубам со денови сакам јакна сакам сакам сакам, и на ми дае пари на крај за да не ѕвоцам.. мислам..
Ако ме вара и јас ќе го варам, не оставам покусо, дури ако треба и за инает ќе се заљубам во љубовникот.
Никој не зборува за форум бракови, а не дека нема добри. Што ти е толку криво што некој има ок брак? Поутешително ти делува да веруваш дека сите жени се изневерувани?
Несреќен брак = несреќно семејство. Не сте ми јасни како гледате низ прсти и останувате во несреќен и нефункционален брак, со изговор само заради децата. Мора секогаш родителот да се стави пред децата, баш бидејќи им требате нив.
Независност да! За тоа си во право, ама во брак не се одвиваат вака работите. Бракот е заедница пред се, и парите треба да бидат заеднички, ебате бракот ако делите твое и мое. @LiliBoz буквално, јас во последно не познавам ни еден нормален и здрав брак, или мажот шврља на страна или жената, како нова мода е ова веќе. И не се само мажите тие што вараат, јас па тие во моја околина што ги познавам повеќето се жени што си имаат швалери, отколку мажите.
Со жени не правам такви муабети и можам само да претпоставам, а не сакам. Ова од машка страна ми е ехеее познато и образложувано. Дугачка тема е, ама некои се поистоветуваат па мораат одма директно да вреѓаат ако си кажеш мислење и искуство па подобро да не се навлегува.
Ne se razvedeni se vo harmonicen brak. Megutoa i vo toj brak sekogas mora nekoja strana za nesto da popusti, ne moze se da stavas na vaga. Jas zboruvam opsto zatoa sto na Feminka za sekoj problem odma pravo razvedi, se.Ne zboruvam konkretno za ovoj slucaj.