Гледам дека не се разбираме. Има сестра која е желна да помогне,има родители. Ти сѐ и предвиде и дете кога ќе е болно. Епа од вакви размислувања мажите ќе ве газат како знаат и умеат. Сами си правите.
Во право си. Милион пати сум го мислела ова. Шо ако не ми се погодеше бракот? Ќе го кркав стапо до кочанка!
не бе драга, не сакаш да си ја признаеш вистината. дека си зависна од маж ти. тоа ти е фрка тебе. не кој е дете овде.
Останувај за децата после на децата еден ден ќе им префрлиш дека си била несреќна заради нив. Експлицитно или суптилно ќе им префрлиш. Или ќе им го кажеш тоа во лице, или ќе им збориш дека татко им е одвратен, а ти ce' правиш за нив. Тешко е да се признае дека се останува заради немање храброст, а не за децата, плус условите во државава не помагаат, ама да им наметнеш на децата таков товар дека тие се должни за добросостојбата на твојот брак
Вие младите, шо не сте уште во брак! Осамостојте се. Ништо друго не може да ви пружи слобода, како парите. Брутално е, ама вистина е. Глобалниот економски систем е поставен така. Брак, ко ќе сакаш, а не ко ќе ти треба. Деца, кога ќе можеш да ги издржуваш и сама! Навивам да не бидите тапи-тапосани ко нас.
Јас не сум дете,32 имам. Ама сум поитра и попаметна од тебе и сигурно нема да слушам како членка ми вели да го трпам ѓубрето кое се осудило да и се пушти на сестра ми дур јас имам бебе у утроба и сигурно нема да чекам да зависам од него,а тој да не гази како што сака.
Незрело? Ај стај си прст на чело малце.А што да им кажам бе? акооо нека те вара, да не се разведуваш, дома на вечера нека дое да се упознаете! Ауу па уше и сестра ако ти е, уште бољее, ќе си го вртите. Те тепа? Ааа сама си го бараш, уште нека те тепа тоа ли да зборам?!
Тоа зборам ја од прееска.Ама кој ме слуша.Еве ти си поголема и мажена, шо е изгледа единица мерка за зрелост, може ќе те послушаат
Развод е сосема легитимен совет за последнава ситуација, а и општо кога се работи за неверство, секако доколку постојат минимум идеални услови. Бракот е секако веќе завршен дури и за тие кои остануваат со мажот, тоа е само фарса за пред луѓето, децата а најмногу за самите нив. Викате прво да се проба да се реши проблемот, но според мене тој настанал во моментот кога едниот партнер одлучил свесно дека има сексуални или емотивни потреби надвор од бракот, или како што тврдат повеќето мажи настанува проблем кога ќе те фатат. Така да не гледам зошто изневерената страна пак е должна да решава нешто, да се жртвува и сл. небулози. Дали ќе остане или ќе се разведе тоа е само логистичка (не) погодност. Фамилија е растурена веќе, ако мислите дека децата ќе бидат во здрава околина со самото тоа што се физички заедно родителите, многу се лажете. Најчесто тие се жртви на растурените односи. Е сега колку е разводот решение или уште поголем проблем од аспект на жените.. секако кај нас е огромен проблем дури и за "независните" од финансиски аспект. Колку и да имате заштеда, да не се луксузирате, ако сте отприлика успешен пар, и двајцата да имате плати над просечната во државава сепак при развод огромен ако не и цел, финансиски товар паѓа на жената. Во најголем случај просечен пар живее во куќа /стан сопственост на мажот или на неговата фамилија, па во случај на развод жената си оди со децата. Да претпоставиме дека има убава плата, но тука се кредити, картички, рати за одмори, мебели, реновирање.. затоа што за одгледување на фамилија и одржување на дом е потребна посериозна пара од една солидна плата. Само автомобил да поседуваш, а нели секоја независна жена го има, сосе рата, осигурување, прегледи и одржување изнесува една плата отприлика. Е сега ако нема место кај своите да си оди или во случај да не ја подржуваат ќе мора и кирија да плаќа плус и минимално одржување или опремување на новото живеалиште. Алиментацијата е 3000 до 5-6000 ако ептен имате среќа да не забушава бившиот. На кратко, ако живееле просечно задоволително како едно семејство, сега жената и децата ќе живеат значително многу посиромашно. Затоа девојки треба да имате секогаш план Б, особено да ви биде решено станбеното прашање, барем да е заеднички домот, инаку само може да се занесуваме околу тоа што би направиле во таква ситуација, затоа што лесно е од страна да солиш, ама купи стан пред мажачка да те видам. Ако е така 70% од паровите нема да се венчаваат. Секако ова го пишувам само околу финансиската страна, да не почнам околу менталитетот и континуираното потценување и потчинување на жените во нашето општество, кршење на духот уште од мали дека женското трпи, попушта, дека не е способна како мажите.. дури мислам дека тоа е многу поголем проблем отколку само финансискиот, ама и така е долг постот.
Како не ќе ме послушале. Тие шо мислат така, така мислат. Тие шо мислат поинаку, ја нема та сила шо ќе ги премисли... колку повеќе години имаат. Толку можевме ко генерација, толку напрајвме. Толку ни делиле. Проштевајте... ..ама вие имате шанса да одите понапред.
И утре кога ќе праша Зашто тета не доаѓа кај нас ? - Па види злато, татичко твој има фетиш на тетка ти, и да не го иритираме нели да не потклекне оти е гревче, тета не доаѓа кај нас. Еднаш и се пуштил, ама ете да не се деси пак.. Ќерко така да знаеш. Маж ти ќе те понижува, ти трпи, сврти друг образ, кога и тој ќе ти го извалка прави се дека не си од овде, и поарно глупа тупа пред народ и со наведната глава ама со маж, отколку разведена, со крената глава и мирен сон..
Џабе збориш не разбира. Компромис мора да има. Кој црн компромис кога он со таков потег растур направил.
Не мора да значи. Јас кога се оставав паралелно реновиравме и татко ми беше пред умирање (ја знаеш целата ситуација). И одев на работа и чував дете, капак и куче три пати на ден шетав Надвор минус сто, дождови... јас сосе дете кучето да моча Пред работа пуни вреќи , мкни накај новата дома, после работа трчај по куче па по дете... вечерта пак. Ама ете и тоа помина. И сеа може да тргне на лошо? Утре може да останам без работа што се вели. И што? Нормално, ќе барам чаре. Ама дека ќе офкам по форуми и ќе викам леле што да правам-е нечеш. Сакам да кажам, способна жена ќе се снајде. Може ќе падне психички, може ќе треба да се извришти и исплаче, ама ќе се снајде.
Обично не сакам да повторувам нешто или потсеќам на горко и тешко минато шо сум имал. Мајка ми додека беа во брак со татко ми, често ми повторуваше демек заради мене и брат ми останала во бракот... и шо фајде од тоа? Пораснав во токсична средина, расправии секој ден, префрлање вини, да ми пера умо ваков таков татко ти (го знам каков е), и шо на крајо, шо добив од то? Пак се разведија и пак после ме трујаше со глупости. Некои си фикс идеи да прекинам факултетот итн, да сум работел и да сум ја гледал неа и брат ми. (имам брат аутистичен, и додека бев средно и факултет помагав дома колку шо можев, бев бебиситер на некој начин, па и откако замина од дома, скоро 6 месеци од дома не излегов зато шо му требаше човек дома да има со детето). Нити финансиски ме поткрепуваше, нити пак емоционално, единствено што добив анксиозност и нарушена самодоверба со многу потреби, но фала му на госпо си завршив факултет, си се снајдувам колку толку, финансиски и станбено си сум осигуран, но раните и трагите остануваат зад себе. Не секој сака да ме чита ваков. Значи, никое дете не сака токсична и нездрава средина, подобро разведете се и пробајте да ги оправите работите колку толку, отколку да слушам дома расправии или па демек да ми кажува упорно дека заради мене седи дома. МА НЕМОЈ!
Би сакала во животот да ми е розово и за шит бракот да си мислам дека ми е супер. Дека парички си имаме- тоа е најбитно. Па ако си се ебавка на страна, па што... На крај на мене ќе ми се врати во постела. А, сите што ќе ми кажат дека е претоксично и да барам развод или ми се љубоморни или се деца или не се во брак или се без деца. Трпи си и трај си.
@Emotional123 колкав процент од жените ќе успеат да се самостојни, со сопствен дом и можност за подмирување на сите сметки за нормален живот? Може тие во IT што работат еве ќе соберат некој денар, па и станбен кредит ќе успеат да земат. Освен ако не се од родителите обезбедени, со 20 илјади плата ништо не се прави. Не сте реални некогаш. @Feminka22 еве јас ја советував мажот да си оди од домот, наместо таа со 3 мали деца да се снаоѓа по улици. Ама ако е домот негов наследен од родители, жената не добива ништо. Ако нема поддршка од никој, моментално невработена, со 3 мали деца од кои едното 2 годишно, со најблиски во друг град, кај да оди сега? И не сум против развод, нема решение за вакви работи некогаш неизбежно е, особено овој случај со сестрата, само не мора да сте толку сурови со сите што побарале совет тука.
Ама ти си храбра Лили. Многу похрабра, од илијадници други жени. Знајш јас како реагирам пред толкави предизвици? Ќе се укопам в место, ќе ме мани уште толку депресија и ќе се откажам од се'. Се знам каква сум. Ќе умрам од страв. Буквално! Имаме проблеми и со 'школото' шо го учевме за тоа “каде и' е местото на жената“, се прам либерална, ама факт е дека ми влијаело тоа како сум растена и на што ме учеле. Не треба да ги делиме децата по пол. Треба исто да ги третираме.