Колку е сѐ релативно и променливо во животот, тоа чудо некое! Не можам а да не се согласам едино со Ајнштајн. Друго се пропаѓа во вода, кога ќе те зададе со мака животот, па треба да го бараш чарето.
Па неколку пати до сега ти пишавме дека жената не може да бара пола од станот ако не е во брак стекнат.
Џабе се согласуваш со човекот кој и тоа да го докаже го направил со жена му. Додуше он е само име, а како стигна до теорија на релативноста е друг муабет. На крај и сам се патентираше, среќа она виде колку е саат. Оф топик, ама пак има смисла со темава.
Која иронија, истиот Ајнштајн што наводно сѐ вредно што објавил е од жена му, истата жена која ја вараше и ја остави со децата за да ја земе неговата прва братучеда
Затоа треба да ги учиме женските деца уште од мали, дека си е своја индивидуа, дека не смее да трпи ништо што не и одговара, дека треба може и мора сама да успее во животот, а не да чека од мажот да донесе пари дома, а неговите да им обезбедат место за живеење. Да знае дека што и да се случи вие ќе ја поддржите неа, а не што мислат комшиите. А машките да ги учиме дека не се нешто повредни само затоа што им виси нешто меѓу нозе. Ама кај нас малку потешко да се смени мислењето дека ако си машко си повреден и посилен од жените, кога од млади луѓе читаш дека мажот е тој што мора да има кола да ја вози, дека мора да биде ситуиран и да има среден дом за она да се всели кај него. Дека е срамота женско да оди без прслук зошто е гадна и може да привлече внимание на некој манијак, дека ако ја силува некој сама си го барала и сл. И зошто секогаш жените се плашат што понатаму после развод, зошто никогаш не сме слушнале од маж да рече "леле жена ми ме остави ќе завршам на улица". Затоа следниот 8 Март не да се дотеруваме за по кафани, туку сите на улица, на протести за да видат и малите девојчиња дека сме и ние силни и рамноправни со мажите.
Си замислувам како би било кога би била обратна ситуацијата. Имаш жена што поднапиена се пушта на брат на мажот и овој по некое време разбира и пишува на форум. Можам да ги замислам реакциите, нема ни приближно да се разглаба колку што ние тука си ја трескаме главата, сите едногласно ќе кажат све најлошо за неа и ќе ја извреѓаат до максимум. Мамицата ќе и ја расплачат. Ама пошто не е така, 1000 муабети се вртат за како жената да се адаптира на таа ситуација за да има помала штета. Маж да е ќе има имплозија. Само си се поттапнуваме по рамо и си ги сфаќаме децата како обврска на жената и тонеме во маѓепсан круг на мизерија. И така...
Затоа кога јас и @Feminka22 (ќе ја посочам) ќе ги посоветуваме со развод после одредени проблеми,одредени личности скокаат по нас. Самите себе се вреднуваме,доволно се сакаме и почитуваме,не дозволуваме да зависиме од било кој.
Тешко можеш да смениш мислење на некого што цел живот е учен дека жената е подчинета и дека мора да му ќути на мажот, ама вие никогаш немојте да го смените мислењето дека сте вредни и не сте подолу од некого само затоа што сме жени и така воспитувајте ги и децата, па можеби некогаш ќе се промени нешто. Еве еден пример. Познаничка ми се фали дека купиле стан за синот јас и честитам и и велам ајде следно и за ќерката да купите и ми враќа, а не она е женско ќе си се омажи. Сто посто сум сигурна дека таа истата нема да ја прими и поддржи ќерка си ако некогаш има проблеми во бракот. Е од таквите си патиме и сме на ова дереџе
Во право си. На пример татко ми вика во било кој случај вратата ти е секогаш отворена,твојата соба е секогаш твоја,ако не се согласувате и те малтретира дал психички дал физички ќе си дојдеш дома,не си најдена на улица,за да те малтретира кој ќе стигне.
Во таква ситуација одма после два саати ќе беше : Брат онаа твојана ми се пушти. Епилог: 24 часа подоцна ќотек, мрш од дома, завршен брак/врска. Мажот за 2 месеци нова девојка.
Како да не. Зошто вака ги генерализирате работите? Не се сите мажи од камен,колку од нив голтале кавги и неверства ехеее,на никого,ама апсолутно на никого не му е сеедно да му се распадне бракот.
Затоа што е така.. Ситуација од моја околина, маж ја вара со години, она знае го трпи од икс причини, и пука филм, го вара и она, еден месец афера, мажот дознава.. Одма развод- причина: неверство.. А он што ја варал нема везе, она не си отишла, она не кренала постапка за развод, ама кога она изневерува ааа не. Машко его не простува макар бил курвар со тапија.
Од еден случај како генерализирате, и ти и другарките погоре. Според вас сите мажи се исти. За жал, сте немале среќа да налетате на луѓе кои се принципиелни и си го ценат бракот и семејството. Досадни сте веќе, ко папагали со тоа дека сите мажи изневеруваат. Аман.
Кој рече дека нема асолни мажи, ама темава е Брачни неврства не Хармонични бракови па да пишувам за такви.