Значи пак не разбравте дека се работи за СЕТРА Ѝ. Крвно сродство,животен пријател. Се чудела зошто не доаѓа дома,да и го причува малото. Се работи за зет на сестра ѝ од друга страна гледано. Богами многу подло се чувствувала,не знаела како да каже,како ќе реагира. Не е врска па да биде “чекај да ти покажам каков е дечко ти” туку е брак. Се венчале во црква, во добро и зло многу мажи па и жени ја забораваат моќта на зборовите во “добро и зло”. Туку така не е. Неверството спаѓа под зло, да е друга да си правеле рандом муабет би прогледале низ прсти и би простиле ама би простиле кога тој самиот би се потрудул за прошка,а не затоа што “ ми вети нема така да прави,ми рече ќе ја избрише”. Затоа што тоа “ми вети” е празно ветување. Дур ветува си го гризе јазикот и си вика во себе “Боже прости ми не можам да и ветам”. И пак ќе направи нешто потајновито,ќе направи лажен профил,ќе има втор број. Има начини милион се додека лесно простувате. Ама не се работи за непозната жена се работи за СЕСТРА Ѝ. Што има за простување тука? Што има да седи и да глуми среќна,а во себе да тоне? Нема што да простиш едноставно кога имал храброст со сестра ѝ да направи нешто,тој има храброст со сите да прави нешто. Со сите!!! Зашто да не ја цени и поштува сопругата, дете му родила, му ја негува постелата, се грижи за домот а тој не знае како да го чува тоа? Епа ако не знаеш и се ти е минливо толку немаш храброст да ја погледнеш во очи и да и ја кажеш вистината отколку подло да си ќутиш и молиш Бога да не се дознае. Жена кога сумња у нешто,не сумња за џабе никад. И никој никаде не кажа дека нема асални мажи, ама од темава 379 страни се испишани па сосема јасно колку се ретки. И на @Мамичка бракот и е совршен на форум кажано за да веруваме во идила,она кажува со доза сигурност а дали и тој кажува така никој не знае дури ни она самата. Никогаш не можете да бидете сигурни во мажите. И пошто ми го избришаа мислењето да не сум била толку саркастична, не бев саркастична реална бев. Со такви поедини размислувања и совети,ти си го бираше ти ќе си го трпиш жените се плашат да гукнат. Да,јас си го бирав ама не мора да го трпам. Симпл.
@Feminka22 за поздрав е тоа што се залагаш за некоја независност и самостојност но знаеш како велат старите, прво скокни па речи оп. Читам поделени мислења и според мене личност која не е во брак не е компетентна да коментира за истиот. Не зборувам за членката што мажот се пуштал на сестра и, туку општо. Генерално сите сме против неверство и си имаме некој свој став, но не сте свесни како одредена случка или дел од секундата може да ни го промени мислењето за одредени работи. Читам на секој проблем како решение налагате развод, развод, развод. Во ред е, не треба да се толерира неверство, насилство, пороци и сл. Но само оној кој поминал низ развод знае колку е тежок целиот процес. Исто така многу е важно да се има поддршка како морална така и материјална од најблиските и родителите. Разлистајте малку низ темите и се ќе ви стане јасно. Колкумина само немаат стабилни работни места, постојано живеалиште и сл. Колку родители особено постарите сметаат дека е срамота ќерката да се разведе. Колку познавате што живеат со свекор, свекрва и зависат од истите и финансиски и со деца чување. Исто така колкумина ако имаат нешто имот се се препишува на синот. Секоја чест ако имате разумни родители кои ќе ве заштитат и поддржат ако гледат дека бракот не ви функционира како што треба. Ама не секој го има тоа. Пример јас да решам да се разведам многу би ми било важно освен стабилна и постојана работа да имам поддршка и од моите барем на почеток. Животот знае да биде многу суров и ако некоја не се развела си има добри причини за тоа. Затоа не осудувајте, дај Боже се во животот да ви биде мед и млеко ама не е. Какво време дојде човек повеќе не може да има доверба во никого. Затоа и потешко младите се решаваат за брак. Познавам парови на кои врските им траеа подолго од бракот. Колку долго и да си заедно со некого, многу често недостатоците и премолчените работи излагаат на виделина подоцна. Во фамилијата имавме една ситуација кога синот се разведе и во рок од неколку месеци се пржени со друга. Родителите максимално го поддржаа тоа и го прифатија како нормално. Но кога ќерка им по неколку години сакаше да се разведе од мажот кој ја тепаше тие не сакаа ни да слушнат срамота било, ќе ја нарекувала оставена, ќе им се смеел цел свет. Имала брат и снаа што требале да живеат во таа куќа. Една другарка маж и го фаќаше како ја изневерува, но секогаш велеше дека не си оди зошто вложила премногу во куќата и таа и нејзините. Тој е шофер си ја средија куќата, кола и купи и праќа пари, имаат се и таа и детето и одамна се помири со тој живот и реши да живее така. Претпоставувам и таа си има некого, млада е но секогаш вели не сакам да го срамам детето. Зошто би си отишла да плаќа кирии и сама со мало дете, нема кој да ја помага , а тој да донесе некоја друга да ужива во се што создавала со години. Не е се така црно и бело, посебно кога се деца, кредити и сл во прашање. Колку пати сме го слушнале изразот бивша жена и бившо дете? Колку татковци со години немаат денар платено за алиментација? Маж да си замине и да остави жена и дете да живеат таму за на детето да не му се руши редот и рутината, малку потешко.
И луѓе што не растеле у дисфункционални семејства според мене немаат право да коментираат дека на децата ќе им било поарно вака или онака па пак се мешаат мажениве и во таа манџа само оти се мажени.
Ама ја не знам која е побудата за муабетот ,,ако немаш деца не знаеш” ,,ако не си у брак не можеш да коментираш”.Ко квантна физика да се.Ај шо на форумов секој коментира кај сака, второ ако не научам преку дискутирање, еве и да згрешам нешо, као ќе научам? Со читање само? Сакам интеракција да иам.Башка, ко шо знам на форумов, аи во државава имаме сите слобода на говор.Па не знам зашто би требала да слушам некој ако ми рече ,,немаш право да коментираш” Нормално дека неам иста перцепција као мажена жена, или родител.Пошо не сум се остварила ко таква, ама не значи дека чавка ми го испила мозокот, башка секој брак е за себе.Фактички никој никому не треба да коментира пошо не сме им дома.
Temata gubi sekoja smisla koga zena so zena Ili devojka se napagjaat I ne diskutiraat so fakti tuku se nametnuva mislenjeto.Zenite treba da si bidat podrshka edna na druga vo sekakvi situacii a ne kako najgolemi neprijateli da se napagjaat, pa ona muz ti, tvojot brak, vaka taka, stari sfakanja I dr. Toa e ona makedonskoto koe izleguva na povrshina vo sekakvi situacii posebno koga treba dobra misla. Ne treba da se nadmudruvame I vregjame megju sebe. Sekoe razlichno mislenje treba da se pochituva a ne omalovazuva. Forumov stana neprijatno I stresno mesto kade neznaes koj ke te iznavregja, namesto mesto za relaksacija. Ne navleguvam vo nicij brak I granicite na tolerancija na sekoj.Sekoj brak e prikazna za sebe.I najidealnite brakovi imale periodi na kriza pomala Ili pogolema zatoa sto ne e toa zaednica od 1-2 godini tuku ima zaednici nad 20 godini vo koj period sekoj razlichno evoluira I se bori so sopstvenite demoni.
Никој не ви рекол дека не смеете да коментирате. Пишав не сте компетентни, значи немаш искуство на некоја тема не си ги изживеала и поминала некои работи. А инаку секој има право да си пишува што сака и каде сака. Сите убаво знаеме дека теорија и пракса не е исто, разлика како небо и земја. И јас на 18 години се бунтовав и за многу работи, но животот ми залепи таква шлаканица што и ден денес не можам да си дојдам при себе. И јас сакав факултет, странство, убав брак, деца но за жал есапот дома и на пазар не е исти. Разочарувањето е огромно. Тоа е исто како јас сега што немам деца, на некоја мајка во темата бебе да ја осудувам зошто бебето не и спие или не јаде, нема логика. А пошто темата е брачни неверства пошто немаме деца би го напуштила маж ми ако ме изневери. Но факт е дека сама полесно и повеќе ќе се снајдам отколку со дете. Зошто утре детето да го влечкам под кирии и да мизерувам, едвај да врзувам крај со крај месец за месец, а нему да му оставам толкава куќа за која јас се задолжував. Да судски ќе се подели, но таквите спорови понекогаш траат и со години, посебно ако едниот партнер почне да води инает. Поентата на муабетот ми е дека во вакви ситуации треба убаво да се размисли, испланира па и тргне некој денар на страна, секако ако има можности. Брзоплети одлуки никому не помогнале.
Точно. Ова кај нас не се ни збори, како да се подразбира дека децата и жената заминуваат. Ама, можеби е време да го смениме наративот, да го ставиме притисокот на мажите и да се осеќаат виновни што нивните деца мора да одат под нов кров, дури и кога они направиле грешка. Треба општеството тоа да го осуди, па каков татко е тој кога дозволил децата така да му мизеруваат? Каков е тој татко што не си ги става децата на прво место? Да, знам, да мислел прво на децата немало да го пика на друго место, ама и за тоа треба да е виновен. Само со зборење може да се смени општото мислење.
Точно.Ама за да се смени тоа кај мажите, жените треба да се ценат повеќе.Мада добро, со сѐ понови генерации мислам се подобрува ситуацијата.Тие шо се 70+ години подругачије се растени и се затуцани, и затоа така си ги воспитале децава.Еве и моиве пошо и двете баба и дедо ми се 38ма, 39та, за некои работи не мислат ко ја шо би сакала.Ама предноста на тие години шо имаат младо детише ( гојдо мало сум) и шо мора да се адаптираат малце со мислењата.Они као шо стареат, се подмладуваат со мене.Ја дур не напраив 17-18, моиве не знаеа што е седење надвор до 3-4 сабајле, преспивање кај другарки, идење со друштво на одмор, социјални мрежи, преспивање кај дечко, дрога не знаеа што е, журки што почнуваат после 12ч.Они 20 години имале до кај 81ва.А не е исто 1981 и 2021… Затоа викам дека се менуваат работите.Сигурно и ја за некои 20 години кога ќе сум мајка, ќе ми е чудно тоа новото ,,ново” ама итс океј.Ја секогаш сум за промени, поготово за општо добро ако сеz..Ама искрено глеам деца у околина.Машките некои сами помагаат по дома, некои уште ги учат дека мама и тато сѐ треба да прават, женските исто.Дадов пример за женски шо едноставно се гледаат себеси за домашни работи.И тоа е океј.И домашните работи не се за потценување ич. Ама мора и кај машките и кај женските деца да се поработи на свеста и воспитувањето.А не овде одредени шо се ценам себеси да ми се чудат и да ми викаат дека светот не е розов.Не ни мислев дека е.Ама ако на 20 не почнам да иам став и самопочит, ма и порано, ја уште од помала сум ваква, после на 30 ќе ме гази кој сака.И ќе се жалам у снаи и свекрви како свекрвата ми се меша во животот, во одгледување итн Да не должам се забораив ко и секад…
Затоа што се,бетер од квантна физика се,скроз друго е во реалност од сите теории за брак и деца. И јас така пишував во темата "снаи и свекрви" дека не е толку лошо во иста куќа на посебни спратови со старите,е откако добивме дете ми доаѓа да одам и да излижам се што сум плукала,поубаво од сам нема,нејсе надвор од темава,сакам да ти кажам,поинаку е,мнооооогу поинаку
@Belgin1 и јас знам такви примери ама тие не пишуваат и не прашуваат за совет што да прават. Тие си имаат осмислено +/- од таков "брак" и готово. Не е секоја жена така скроена. Не може секоја така да живее. Јас им се дивам на нервите и крактерот да можат така.. Искрено. А не ко мене емотивна.
Нормално дека е тешко, а да останеш да трпиш во лош брак е лесно? И да немаш подршка од твоите не треба да се трпи сѐ и сешто. Време е жените да се свестат дека при полнолетство веќе се НЕЗАВИСНИ индивидуи, а не закачени привезоци на маж, мама, тато, деца.. Иако е тешко за така израснати жени, ми е мило што младите се свесни дека нивниот живот е само нивен, тие самите го живеат за нив а не за домашните или комшиите. Тука зборуваш за особа која е научена дека треба цел живот некој да ја гледа, за жал од конзервативни семејства најчесто излегуваат деца со уништена самодоверба. Вложила во куќата (нејзините вложиле) ама не вложила во себе барем некоја вештина за да има на што да се потпре во ваков случај или да се замисли дека материјалното не е важно ако дома немаш мир, но секој со своите приоритети. Ако треба да бирам меѓу мебелот, плочките и мојата благосостојба тука немам дилема, но сите не се како мене. Друго, мажот ѝ е шофер, значи зависно од турите, најверојатно е доста отсутен од дома па и одговара, да треба да се расправаат секој ден, не знам колку би ѝ било се исто, додуша некои и ќе се истепаат, и деца ќе трпат, ама од инает нема да се разведат. Секако не е во ред, ама секој со својот крст. Јас првпат го слушам ова. Тоа е перцепцијата на која се учени мажите и тоа од своите мајки, треба прво синовите да си ги научат на одговорност. Ако не се согласува некој со тебе не значи дека те напаѓаат. Баш напротив, со деца ќе се бориш сто пати повеќе, тоа е мајчински инстикт. Ако некоја била доволно храбра да избега од дисфункционална средина, нема ништо што може да ја сопре за да им пружи на децата достоинствен живот. Точно, тешко ќе ѝ биде, ама секоја во таква состојба треба да размисли дали се поважни нејзиниот живот и животот на децата од перцепцијата на народот или материјалниот комфор дома. На оваа тема ако не сте ја гледале серијата Maid, топло препорачувам. По вистинска приказна е снимена.
Понекогаш заборавате дека се читаме и во други теми. Еве конкретно @nena2010 извини што ќе те вмешам тебе, од тоа што сум го читала од тебе во другите теми ти си имаш свој стан, убаво работно место и солидна плата. Многу нормално дека ако утре имаш лош и нефункционален брак ќе си заминеш, имаш каде. Пак ќе кажам дека никој овде не алудира на тоа да се трпи насилство, неверство и сл иако некогаш успевате така да ги извртите мислењата, колку нешто поразлично да се пише. Но пак ќе кажам, што со тие жени што немаат каде да одат? Сите сакаме да бидеме самостојни и независни но повелете во време кога се се покачува, со минимална плата, со деца, без ничија помош останете. На прсти се бројат они кои имаат свои живеалиште, добра работа, плата и сл. Голем дел од народот работи по маркети и фабрики, се отепувс од работа за смешни пари.
Да ама се борат, не остануваат во дисфункционален брак. Почнуваат од 0, детето не е пречка да почнеш од нула.
@buba4e89 еве јас те прашувам како ти би почнала од нула со дете и плата која до вчера беше 15.500? Пари за кирија, сметки, јадење, градинка милион други ситни трошоци кои кога ќе пресметаш не се воопшто ситни.
Со добра организација се се може. Ако знаеш да бараташ со пари 15.000 не се проблем. Луѓе со 8.000 излегуваат на крај,ама сепак не трпат идиот од маж. Секогаш се почнува од нула и не можеш да чекаш да ти падне помош од небо.
Нормално од страна е најлесно да се кажува што е лесно што не. 15 000 не се проблем да, во некое село со десет жители.
Ќе се бориш за поголема плата. Поданичкиот менталитет на работничките кои ведат глава на работа е тесно поврзана ситуација па тоа се истите кои ведат глава и дома. Се водат од познатото мото на овој народ "молчи, има и полошо". Со тоа се саботираат самите себе и тоа автоматски ја исклучува шансата да биде подобро. За жал, освен подршка на вакви жени друго не се може, и тоа само ако сами сакаат помош, затоа што често и не гледаат проблем сѐ додека е се розево за пред народот, на истото ги учат и своите деца па се така во круг. Инаку постојат центри за помош на жртви на семејно насилство, со престој, со можност за едукација и работа. Живееме во 21 век и почнување од нула никогаш не било подостапно. Па еден пост со апел да пишеш денес на ФБ, твитер, гарантирам дека ќе се најде решение и шанса и повеќе од потребно. Ако се сака се може. Па наместо да кривиш некоја членка за тоа што е независна, можеби е попаметно да се искористи нејзиниот пример како инспирација а не демотивација.
Леле луѓе аман,премногу идеализирате super woman,ич не е лесно. Во каква средина ќе живее детето дури се бориш ти од таа 0та? Ако некој од сопружниците изневерува не мора да значи дека детето живее во дисфункционална средина. Премногу работи треба да се стават на кантар пред да се донесе било каква сериозна одлука.
Jas ne sum ja gledala serijata no sigurna sum ne ja prikazuva sostojbata na zenata vo Mk. Pred da me citirash prochitaj ubavo za da razberes za sto zboruvam. Celta na tvoeto citiranje I poukata ne mozam da ja razberam. Ili ti vaka na site sto si ne citirala ni kazuvash kako treba da razmisluvame.Imam cuvstvo deka si dupli profile od edna ista chlenka. Pochni od nula, napravi eksperiment da vidish kako e vo Mk, ete sama bez drugi obvrski Kako sto se deca.Pochnuvanjeto od nula vo Mk e navistina konstantna nula.