Напишаа веќе,врати се страна наназад @Mikha4 објасни убаво,да не се повторувам. Еден ден таа жена што ќе трпи несреќен брак ќе се разболи а здравјето е најважно,па ни едни пари нема да и го вратат. Ама не размислувате,јбг.
Имаат избор. Да станат да се борат или да глумат жртви и децата да им патат. Нивно си е. Јас моето си го наредив.
Ако има помош од државата за самохрана мајка, ако зема редовно алиментација, ако има помош од блиски барем за основни работи во месецот да помагаат, ако има кој да подмири трошоци за адвокат, може ќе успее со 15 илјади да помине месец. Ако е само со тие приходи и сама на себе нема ни за основни работи да стигнат.
Jas ne sum vo takva situacija i dokolku bi bila jas bi imala podrska od moite, no se stavam na mesto na nekoja koja nema podrska i koja raboti za minimalec i znam kolku se trosocite vo nasata drzava, pa zatoa rekov RAZVOD KOGA TAA KE SE CUVSTVUVA SIGURNA, nikade ne kazav deka sum protiv megutoa prvo da si sredi nekoi raboti.
Епа немој да се ставаш толку на друго место онда... Зашто постојат жени кои го прошле тоа и се снашле. А ти ем велиш не си у таа ситуација ем даваш совети кои апсолутно не држат вода. Ајде темава е брачни неверства, ама според тебе многу ме интересира, дали жена ако зима 15000 плата и маж и ја крши дома од ќотек треба да седи и да чека сонцето да засјае и да се осети сигурно за да го остави?
Не ми е криво селото туку беше пример дека за разлика од тебе имам допир со реалноста и не им коментирам на луѓе што се во полоша состојба од мене како се' си е лесно само нив не им текнало да се организираат.
Јас не знам дали ти се слушаш (читаш во случајов). Ја знам самохрани мајки што почнале од нула. Што очекуваш ти дека ќе купуваш скапи облеки и секој ден по кафиња ќе одиш? Ќе се скратиш секако. 15.000+ 5.000 се 20.000 и тебе ти се малку. Малку ќе се секако кога му купуваш скапи работи за да не се осети поразлично.
Како и секогаш на ваква тема, кажуваш смешки. Еве малку да ти ја доловам реалноста... Едно пакување АД е 1000 ден, трае една недела. Тоа се 4000 месецот. Памперс 2000. Каде е кирија, сметки, јадење, голи ли ќе одат? Ајде сега баратај малку ти со парите, па види како ти излегува есапот. Не е само да баратаме со куцање. Така се се барата, ама во животот малку потешко.
Да имаше допир со реалноста ова немаше да го пишеш. Сама си докажуваш дека не сакаш да се бориш. Твое си е,што е до мене уопште не мораш.
Се надевам дека барем за насилство во државава има помош за жените. Изгледа не сакате да ја сфатите поентата дека некои жени во моментот немаат решение. Конкретно за овој случај никој не ја советуваше жената против развод, сите советувавме да го остави мажот ама тој да сноси последици, тој да си оди, тој финансиски да ги обезбеди децата. Прво тој инсистирал да не оди на работа со 3 деца, и не е правилно што се согласила ама кој би очекувал вакво нешто после 20 години заедно? Собери си ги алиштата и оди на улица со 3 деца не е решение. Дали ти со 15 илјади без кров над глава би успеала во се што успеа после разводот? @buba4e89 ти свесна си за цените моментално кај нас? Свесна си колку изнесува сума за сметки во месецот? Колкава е киријата на најмал стан, соба нека е еве? Тотално нереална си.
Како и секогаш ти доаѓаш да ми кажуваш како сум глупа,проста,смешна. И што ли уште не? Ќе станеш мајка се е одраз на тебе и одлика на твоето дете. Можеби дои. Ете минус 4000 денари има во себе. Голи нема да одат сигурно и сигурно нема гола да си замине од куќата/станот. Се наоѓа и стан и гарсоњера за 100евра кирија (знам луѓе што плаќаат толку). Многу добро знам јас како е,ама чекам луѓе ко тебе да ме наречат смешна преку тастатура.
Свесна сум, не се секирај. Има и за 100 евра кирија ама ако очекувате премногу нормално ќе ви е нереално.
Со 15 000 нема шанси да преживее некој сам со деца. Не фантазирајте со паметот. Нагласувам сам! Ако се врати кј родители да,па да дели со родителите сметки. Ама не секој може да се врати кај мајка.
МОЖЕ И ДОИ. Супер, го реши проблемот Ама МОЖЕБИ и не дои. И сега? Не треба да се земат во предвид сите предизвици кои можат да се појават на патот? Секој месец трошокот е константа??? Нема гола да си замине, ама нема да ги носат истите алишта со години. Посебно не мало дете што расте со брзина на светлината. Мајката нека оди и во партали, еве. 100е кирија во внатрешноста некако (сега со поскапувањата и короната тешко) . Ама во Ск, најди па дојди кажи ни.
Многу далеку одиш, смири хормони и не ми испревртувај зборови. Никаде не спомнав години,кажав и наназад од малку се почнува а многу се постигнува.
Тоа ти што го збориш и тоа што госпоЖата погоре го збори е небо и земја. Она и 5000 и се малце и радо би седела у заебан брак дур маш и не и вети алиментација од 25 000 очигледно. Дали јас би успеала со 15 000? Нормално дека нема. Ама секогаш има НАЧИН да не се само 15. Али ај... полесно е да речеме -седи и трпи неголи биди среќна. Ете затоа само 2 од 10 се разведуваат. А кој ја плаќа цената? САМИТЕ ТИЕ. Децата утре ќе си го фатат патот, а тие ќе останат у мизерен брак. Не јас, не Нена. И патем, ако се навратиме наназад никаде не дадов совет некој да се разведе. Знаеш зашо? Зашо сеедно ми е кој како ќе си го посере животот, мојот си го глеам. само ја пратам госпожава и не знам дали да плачам или да се смеам...
Ти знаеш предвреме колку може да се постигне и какви пречки може да се појават на патот на тоа постигнување. Се ти е испланирано, животот што може да донесе, кој го врти. Ако беше така, луѓето без проблеми ќе беа, ама реалноста вика друго. И не ги мешај моите хормони, кога не знаеш друго што да кажеш. Глеј си ги твоите.
Со 15000 нема шанси сам човек да преживее, не па со деца. Знаеме колку се цените за јадење, сметки и сите трошоци. Но ова не е оправдување за да се остане во лош брак само за на детето да му биде подобро. Ако родителите се караат секој ден, сигурно него нема да му биде добро во таква средина. Подобро развод отколку таков брак.
Што мене ми се обраќаш вака, не сум јас таа самохрана мајка со дете. Туку еве ти како многу реалистична борбена особа те молам напиши план како сама мајка со минимална плата и бебе ќе преживее месец во Скопје или друг поголем град. Те молам.
Важи ќе си ги гледам. Само моите се добри не рипаат по членки. Неам намера да должам повеќе,тоа е мојот став а што ми е мене испланирано ич да не ти е гајле. Гледај си пред нос и не ми скокај безвеза. Што ќе си посееш ќе си жнееш.