15.000? Еве да е 100 евра кирија. Две деца да се за градинка 3000 ден, 2000 за палени до тука е 11 илјади и плус Ад да треба ете ги 15. Другото каде е? А да а сметките? @buba4e89 извини ама лупаш глупости.
Џабе се расправате. Овде се работи кој какви перцепции има за бракот и животот, и кои се приоритети во животот. Секој си знае како му е дома и што му е важно. Секој си ги знае и можностите, не секој се чувствува сигурно во себе при "ризикување" и излегување од комфорната зона, тоа е нешто доста застапено кај нас, особено кај постарите генерации. Но важно е да се има опции и начини да се бара помош, доколку истата се бара секако. П. С. Не знам зошто ги верглате 15000 ден. само, треба жените да се доедуцираат како да заработуваат повеќе од тоа а денес со работа и тоа е повеќе од можно, но треба да се сака. Алиментацијата е отприлика 3000 до 6000 денари по дете, зависно од приходите на таткото, ако не ги плаќа тоа е лесно со наплата преку извршител, сепак има татковци и жените ги подржуваат, не ги оставаат на цедило, секој случај е различен.
Кога нешто не ти одговара одма ајде дволно е. Никој не треба да седи и да ќути ама тоа ти што го кажуваш се чисти глупости.
Не се,може да почне со 15.000 и да се бори и надоградува. Ама не сакате така,полесно е да се напаѓа друг. Не дека немам што да кажам имам ама не вреди за вас. Не се само 15.000 има и алиментација. Никој не почнал со денар во џеб сите почнале од нула. Еве земи пример од тие семејства со една плата па функционираат зошто да не може самохрана мајка со една плата да функционира?
Овде се сними филм по најпесимистичниот режисер на светот : НЕМА ФАМИЛИЈА НЕМА КАЈ ДА СЕ ВРАТИ НИТУ ЕДНА СОБА НЕМА КАЈ НЕЈЗИНИТЕ НЕЈЗИНИТЕ НЕ И ПОМАГААТ. 15 000 ПЛАТА И НИ ДЕНАР ПОВЕЌЕ ОД АЛИМЕНТАЦИЈА. Мислам... македонче ко шо може ова да го исфилува никој не може. А реалноста сасим друга. Ретко кој нема подршка од родителите. Ретко кој родител нема да помогне да застане ќерката повторно на нозе, јер нивно дете е. Нивни внучиња. Ако на своето не му посакаш да му е арно, онда на кој?! Ова душман родителите испаднаа... И едит Жена може да има и стан и куќа и плата и да знае дека маж и ја вара и пак да не се остава.
Не е натпревар,се повлеков не сакам никој да вреѓам а и јас имам и други обврски. Цел ден да трошам да се објаснувам за нешто за кое сметам дека е океј не сакам. Јас да се доведам во таква ситуација ќе направам се што е во моја моќ за да успеам.
ау друже ти тролаш на најјако браво.Шо убаво почна месецов. Она сама си одговори, синдром на повеќекратна личност. иначе, многу се драми овде на форумов.Абе лудило сте. Затоа избегавам за пари да зборам пошто одлепена ме праите. добро, тие шо ќе се иселите, немате пријателки, роднини, пријатели, некој? да се позајмите, или детето да ви го причуваат ако пријателката е домаќинка, да не давате пари за градинки, ако немате родители. Или да земете заем, 2000 од еден, 2000 од друг.. ќе враќате после.Или имате пријателки за на кафе да дрндате само? ако на 30 години немате некои созреани особи шо би ви пружиле рака во најтешкото, не ви требаат.Башка тоа, таткото нема да сака да плаќа, абе има да го тужам до тужење, као шо знаел да го напраи детето, така има и пари да дава.Детето е заедничко Сфаќам кај живееме, многу работат со минималец, многу ни плата не зимаат, има и луѓе со солидни или апла солидни примања, итн..ама зошо место да е најде ЕФЕКТИВНО РЕШЕНИЕ, се драми овде? башка еве ситуација: ја иам маж и дете од година дена, ја не работев досега ради детето, дознавам дека ме вара.Пари свои неам.И? Треба работа да најдам така? а дур идеме и ја и копукот на работа, кој ќе го чува детето? пак треба градинка или нешо, така? епа ако отидам кај моите, ќе дава и он пари за градинка, исто како во истиот дом да живееме. Ако сум со едно, две деца, може у хотел да спие, и ќе дава пари за градинка ако јас најдам одма работа.Ја ќе си собирам пари повремено вие овде не знаете бе совет да даете.Или е ,,седи дома немаш пари" или е ,,разведи се ама не се разведувај дур не најдеш пари" А како ќе најде пари дома ако седи и го чува детето не сфаќам?? ниедна не рече, еве ти оглас за работа, или отвори таму и таму, пушти уште сега CV, позајми се, ова она. Сите викате, чекај чекај чекај, до кога да чека? не разбирам? една не рече, има домови, прашај пријател/ка, братучед/ка, за кое онакво ви се сите луѓе у животот, ако немате на кого да се ослоните?
Тоа е тоа, се стенка за 15те илјади овде цело време, а реално и за ништо да не си квалификуван, штом си била домаќинка со кифли и слатки правење од дома се вади поубава пара отколку губење време и здравје по фабрики.
Таа што решила да стави крај на лош брак и да се спаси и себеси и децата и со 5000 и со 15 000 ќе замине. Таа што не сака да ја напушти конфорт зоната зашто полесно е сопругот да носи пари дома, да носи дете во школо и не знам уште што набројавте, и 60 000 да зема плата ќе си седи и ќе бара изговори. Сѐ зависи од перцепцијата.
Ама човек, ме нервира мене тоа тапшање по рамо.Само надоле го тонеме тој што го тапшаме.Јас и за мене кога сакам совет, абе ако треба залепете ми шамар реалности, ама да знам дека ќе ми помогне. Се заредија овде коментари, леле душичка, леле ова она. Еден не рече, еве жено оглас, ајде ѕвони почни одма да собираш пари. Абе соби има за 400 ден од ноќ, еве и една членка даде личен примеш шо све не и` се дешавало, и како успеала да се избори. значи милион решенија има, ако имам родители идам кај нив, ако немам, позајмувам од брат/сестра/најблизок некој, па ќе вратам здравје Боже, нема 1000 евра да им зеам, ако неам ич пари за градинка ќе замолам да ми го чуваат детето ако може еден период, ќе работам било каква работа, не мора да е канцеларија, улици ќе метам ако треба.Ја нема да јадам, детето ќе јаде, мене и онака нова гардероба нема да ми треба.Старата израсната негова можам на интернет да ја продавам, има донации, има цркви, има социјално, има алиментација.Ја не знам, вие у брак влагате сите со 0 ден свои чисти? башка шо викавте претходно ,,абе заеднички се парите ова она нема мое твое" епа ако нема мое твое, од заедничкото зиам колку шо треба башка, случајно двете плати на една картица да не ви идат? си имате своја трансакциска сигурно.Не сте мали дечиња, и да се ,,заеднички" парите ЗА ТРОШЕЊЕ, пак тие на ваша трансакциска се ВАШИ
Точно така. И знаеш шо? Нејзин избор! Ако поише и е битно да е у брак неголи да излезе од таков брак- Ок. Искрено ова. Ок!!! Нејзин живот! Шо сака нека прај. Ама коа ќе дојде овде некоја, мислејќи дека со совет од непознати (а врска немаш кој каква "дијагноза" има а ти дава совет) и ќе почне да пелтечи шо да прај .. епа извини драга, ама се ќе прочиташ и чуеш. А реално не треба ниту една да и одговори. Зашто коа се мажела сама одлучувала. Така и сега за својот живот треба сама.
Јас еднаш на друга членка во темава уз моето мислење напишав и дека тој што дошол до дереџе да бара совет на форум од непознати и ко шо викаш, секој со дијагнозата, тоа е веќе сѐ отидено по ѓаволите. Само кој колку е спремен да се соочи со ситуацијата. Доаѓаат овде со мисла дека ќе ти потапкаме по рамо и ќе им кажеме “седи, ќе се смени маж ти, ќе биде подобро”. Не, нема да биде зашто веќе ти прекипело чим си дошла овде да бараш совети. Сегде во светов е тешко за самохран родител, ама како да се заборава присуството на таткото?! Се прави есап за пелени и млеко само од парите на мајката. Зошто? Ќе си бараш и од него. Ќе си го зема детето, ќе го гледа, ќе му купува. Негово е, жената не го донела од дома. Ама пак доаѓаме на истото. Кој колку е спремен да се соочи со реалноста и да се спаси.
Трагично ми е да мислам дека постојат ЖЕНИ (нагласувам зашто од секогаш сум сметала дека жената чуда може да направи) кои мислат дека постои ситуација со која не можат да се изборат. Сега некако...сфаќам дека се е до воспитувањето. Дека да, има жени кои НЕ МОЖАТ, иако имаат избор. Како што има жени кои МОЖАТ ама не сакаат. И тоа е тоа. А за тапшање сори нот сори. Пре ќе потапшам некоја да дојде да рече- Вчера со колега се утепавме од онадење и си отидов дома среќна, зедов деца и прошетавме низ парк неголи да потапшам- леле што да правам маж ми ме вара, ќе се смени ли? децата ме глеат цело време како плачам ради него и слушаат како се караме. Еве го. До мене седи во моментов. вози колички. Сасим друго дете откако престана да слуша викања и кавги по дома. Нема агресија, нема испади, нема ништо. Хармонија. Денес требаше да е со татко му ама не му го дадов. Зошто? Зошто денес татко му требаше алиментација да плати ама немал пари. Во ред. Кога ќе имаш ќе го видиш. И не може да ми е жал за човекот кој кога вадевме година на татко ми ми вртеше на пет минути да ми каже како бил ненаспан за да чува дете и што поскоро да си го ПРИБЕРАМ. Пошо ете, нели работи ненаспан е од работата, како нема пари за алиментација? За се има начин. Живци само требаат. Од ова место сега, секунда не жалам. Искрено уживам. Не дека ми е сеедно што ете, таткото на моето дете е тежок дебил, ама јбг, грешките се плаќаат и еве, јас ја плаќам својата. Ама дур ја плаќам немам додатен стрес од типот на кавги, кршења, тепања по дома.
Не испревртувам јас ништо,кај е детето и во каква состојба ќе е дури трае таа ваша борба од 0 што ја верглате цело време? И ме интересира колку време би траела според вас,во Македонија,не во Малта.
А што мораше да ја спомнеш Малта демек нешто да буцнеш? Не ме буцкаш мене сама се буцкаш. Излезете од глупавата комфорна зона па ќе видиш,сама ќе си процениш. Значи СТРАШНО!
Свака ти част Лилицо Се надевам од твојов пример ќе си стаи некој прст на чело.Вториов параграф ако може ко банер да се стаи супер ќе е
Ама зошто упорно цело време сте,детето слушало кавги,токсична средина,дисфункционално бла бла,никој овде не зборува за трпење секојдневно насилство,тотална незаинтересираност за дете и слично,не одете во крајности,никој не оправдува трпење такви работи ниту советува да се трпат истите.