Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    А ти што се осети буцната? Многу убаво ти кажав.
    Каква комфорна зона жити се,не е на одмет малку пореални да сте.
     
    На Indiegurl и Мамичка им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.098
    Пол:
    Женски
    Ништо не кажа ти. Цело време за Мкд зборуваме,а ти ми пушташ провокација за Малта. Мислам не мора да глумиш… баш ми е гајле што мислиш.
    Реалноста е едноставна,на форумов сите “ааа нема шансии со 15.000денари”ама дома “епа тоа е што да правиме”.
    Седете,ќутете и трпете. Кажаа и погоре истото што го верглам и јас ама поважно е врз мене да рипате.
    Ништо не си кажала,глупости само.
    Од мене толку!
     
    На Feminka22 и Directioner005 им се допаѓа ова.
  3. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.407
    Ако нешто се сака, се може. Е сега, различни се приоритетите. На некои им е поубаво да работат за 15илјади и да спијат во станот на свекрвата, и да го трпат маж им што ги вара, затоа што без него и без тој стан ќе останат.
    Познавам жени по 3 работи што работат. И фиксна работа, и нокти ќе прават по дома, и мармалади и зимници ќе продаваат. Е сега, нема да имаат време Аманет и Горка Земја да гледаат, ама ќе бидат свои на своето, горди, со исправена глава ќе се борат за себе и своето дете. Нема да е лесно, никогаш не е, ама тие жени секогаш повеќе ќе ги почитувам одколку некои што седат дома и кукаат како мажот ги вара, ги тепа, и глумат жртвички а уствари газот не сакаат да го мрднат, зошто полесно е маж им со друга да спие и по некое шамарче воспитно одколку да пресечат и да застанат на свои нозе. И ова е најлошиот случај, за жена без никој нејзин, без поддршка, без образование, без пристојна плата.
    Членката која е тема на дискусија, колку што разбрав има поддршка од нејзините. А вие ја советувате да почека со развод.
    Јас немам деца, млада сум уште, ама еве вас мамички ви се обраќам, како ќе спиете мирно да растете ќерка со маж кој се пуштал на вашата сестра тинејџерка? Еве и да не е ќерка ви, она ке порасне, ќе дојде дома со другарки, тој маж што притоа е болен човек, нема шанси да земе да се пушта по другарките нејзини? Не зборуваме тука за флерт со рандом жена, туку за флерт со РОДЕНА СЕСТРА. Чукнете си ја малку главата.
    И да, во брак не се влегува без ништо свое, ако вашите ви остават станови и пари, ако сакате и на 18 мажете се. Ама ако немате ништо свое, не мора на 22 деца да раѓате, па после да се кука. Загрејте си го столчето, учете или најдете убава стабилна работа, стекнете финансиска независност(барем за краен случај, да не треба со 15илјади да преживувате) па после се останато.
     
    На Lilit, СуперДевојка, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    6.101
    Пол:
    Женски
    Мноогу ја извртивте темава. Жената побара мислење што да прави во Функционален брак со совршен татко и сопруг кој пред бракот направил грешка( без разлика која е личноста) Ако ти се гади од него оди си, никад нема дати се смени тоа чувство.
    Сите овде зборите за во случај кога има семејно насилство. Што кога нема како во овој случај? Дали да му се прости ова на сопругот? И не, нема што јас да го напуштам домот, зошто да одам јас под кирија кога можеш ти. Јас да изневерував јас ќе бев таа што е исфрлена од домот. И не можете да правите пресметки реално во Мк не се живее со минималец сам човек со деца. Нема што децата да одат под кирија ќе си оди тој што е крив за распад на бракот.Кога стапувате во брак шала на страна правете си предбрачни договори не знаеш што ќе те снајде.
    Многу е лесно да кажеш одма разведи се, ама тешка е реализацијата и затоа многу жени простуваат. Но што правиме со мажите што простуваат на своите жени (нели мојов сопруг треба со нечија сопруга/девојка) дали тој ќе го правиме глуп смотан ја трпи она го вара. Или што не си замине тој што не ја остави кур*а. Со тек на времето ќе си легнеме сите на брашното и верувајте ми уште мнооооогу пати ќе замижиме на одредени ситуации, освен кога има насилство без разлика од чива страна е бегај уште првиот момент. Ќе се снајдеш верувај ми не постои човек што не може да се снајде.:hug::hug::hug:
     
    На Мамичка му/ѝ се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.819
    Допаѓања:
    325.589
    Пол:
    Женски
    Да ви позавиди човек на ‘независнота’ :D.Да не е форумот ке нема кај да лажете :rofl:
     
    На senjorita-v, Oneo, H.VAGA и 49 други им се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.730
    Допаѓања:
    18.426
    Пол:
    Женски
    Браво, јака жена си. Не ми е познат никот, веројатно детето ти е поголемо од 3 години или не пишуваш во исти теми. Ама секоја чест. :muscle:
     
    На Catz и LiliBoz им се допаѓа ова.
  7. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.407
    Замисли, постојат девојки и жени што застанале на свои нозе, немаат сите “совршен маж” и што им фрла 100че за цигари и улошки и “совршен брак” кај што мажот малце флертувал на страна, ама криза во брак е тоа, ништо страшно, не се одзема од совршенството и хармонијата.
     
    На ForeverYoung, LiliBoz, СуперДевојка и 3 други им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.819
    Допаѓања:
    325.589
    Пол:
    Женски
    замислувам хаха
     
    На JuLleE, Осе и Мамичка им се допаѓа ова.
  9. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.749
    Допаѓања:
    21.434
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав скоро сите коментари шо сте ги пишувале наназад и не можам а да не чкртнам и јас нешто во темата иако сум далеку од брак.
    Да чита некој од страна, ќе си речи дека живееме во ултра развиена земја каде врие од кариеристи, жени/мажи што се нонстоп по деловни патувања и конференции, дома не се прибираат од состаноци и деловни ручеци.
    Во реалноста, 90 проценти работат работа од 8 до 16 часот, со едвај две слобдни саботи во месецот, работа која ја хејтаат оти не е платена, без одмор и платени државни празници. Често и одат втора и трета смена за истите мизерни плати, се дреми во фабрика на лента каде што мораш да исполниш одредена норма, или во маркет каде што или ќе си на каса и ќе трпиш секакви муштерии, или ќе редиш рафтови и ќе се килавиш дури шефот ти дреми над глава. Шо се замислувате со независноста и со тапшањето во гради колку сте способни и колку сте постигнале? Дај видете околу шо се случува, видете кај живеете. Смешни сте за читање.
    И со 15000 можела самохрана мајка да преживее со дете без помош или со минимална помош од страна. Па поголема глупост од ова немам прочитано. Во состојба кога цените вртоглаво растат на основни продукти и гориво, кога вкупно сметките на крај на месец идат и до 10000 со греење во две соби, со мало дете кое има свои потреби, вие ќе го покривате сето тоа со мизерни 250е. Мислам, не знам шо мислам.

    Тоа секако не е изговор за да останиш во несреќен брак кој те убива и да осудиш дете да е сведок на караници и насилство, али со толку мали приходи, би барала начин прво да ги зголемам некако, после тоа да се тргнам од токсичната средина. Толку.
     
    На Oneo, Zumbulche, flower30 и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Не се растура брак оти имал швалерка или се попалил на сестра ти, јеби га, се дешава :D Не им го давајте задоволството на швалерките да ви седнат во домот во кој сте вложувале за да вие седите во мувлосана соба со две деца под ќирија со 15 000 плата и да мешате мармалади за викенди за додатни илјада или 2000 илјади. Шега е, ама во секоја шега пола вистина :!: :D
     
    На senjorita-v, Lilit, Oneo и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    19.865
    Пол:
    Машки
    Се радувам шо повеќето се теоретичари, отколку испраксирани како мене. На сите ви поскаувам убав брак, среќни да бидите и детето да е колку толку среќно, ако ништо друго да не се почувствува како партал или осамено. :D
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    ОВА!
    Се фатиле децата та децата,не сите деца се инволвирани во нефункционалноста на родителите.
     
    На Осе, IRBBB и Мамичка им се допаѓа ова.
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.297
    Допаѓања:
    33.606
    Пол:
    Женски
    Те молам просветли ме како успеваат овие жени што ти ги знаеш да работат 3 работи и да одгледуваат бебе/деца паралелно?
    Јас еве изгледа неспособна сум шо со едно бебе и сопруг кој е вклучен во сите обврски и во домот и околу бебето не стигам тв да пуштам.
    Не сфаќам, прави нокти и бебето го дои паралелно? Или оди трета смена и бебето го носи да спие таму? Или си доаѓа од трета и стига да среди низ дома и да зготви 3 оброци за бебе/дете и за себе?
    Ако постојат такви, јас до земја им се поклонувам.
     
    На Oneo, Zumbulche, flower30 и 17 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.262
    Ич не е филм.
    Реалност е на еден куп жени во Македонија.

    Ти со колкава плата беше кога се разведе?
     
    На Oneo, forumce, Emy867 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.407
    Еве ќе ти кажам, поизводливо им е да го дојат бебето и нокти да прават, одколку искршени од ќотек да готват 3 оброци за бебе/дете, себе и мажот што ги тепа.
    Од убавина никој не работи 3 работи. Твојот сопруг е вклучен во сите обврски, и ти пак не стигаш, знаеш дека на 70% мажите со прст не мрдаат дома, па ништо ново не им е да работат сами по дома само минус ќотекот.
    И друга работа, не е само разводот причина за да треба да си независна и способна. Секакви работи се дешаваат, не дај боже смрт на мажот, и што ќе правиш? Ќе останеш на улица со бебето или ќе правиш нокти и ќе доиш за да се прехраниш?
     
    На buba4e89 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.370
    Пол:
    Женски
    Не
    Прво, не збори безвезе коа врска си немаш.Пошо рече дека е во БРАК направено тоа.
    ПО ТРИ ГОДИНИ БРАК.
    А и да било пред брак.Шо да ѝ речеме? Браво шо си се омажила со тој шо те варал у врска? Кој еднаш вара, ќе вара пак за жал.Не им иде паметот натаквите гадови.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Ти спомнуваш агресија,кавги,незаинтересираност на таткото за детето,членката не спомна ништо такво,100 пати кажав,многу различни ситуации се во прашање и многу фактори,РАЗВОД не е шаблон.
     
    На Oneo, Snowflake97, LiliBoz и 2 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.098
    Пол:
    Женски
    На крајот рече “Ќе се снајдеш верувај ми нема човек што не се снашол”. - си легна на брашното. :D
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    19.865
    Пол:
    Машки
    Дај теоретски сите размислувате ко автоматски родителите че ве примат дома, поретки се случаите, барем еве кај мене баба ми и дедо ми имаа две куќи и стан и пак одвај ја примија и едната и другата во одредени фази од животот кога заминаа од кај своите мажи. Секогаш беше истиот терк на муабет "Sama si go birase"
    "Koj te terase tamy da ojsh?"
    "SEGA TRPI, IMA I POLOSHO".


    Факт е дека на жената е потешко кога се работи за вакви одлуки, оти овде се водат по некој старовремски закони и пишани и непишани... барем јас така гледам на работите.


    Форумов не е мерило за да утре земиш да заминиш, треба триста работи да размислиш, преспијаш и пак уште неколку дена да видиш шо че ти се сони.
     
    На Oneo, honey.11, Emy867 и 13 други им се допаѓа ова.
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.297
    Допаѓања:
    33.606
    Пол:
    Женски
    Јас не прашав шо е поизводливо, туку како стигаат.
    За мене не се грижи, ако умри маж ми, нема да останам над улица оти имам покрив над главата, исто и стабилна работа и поддршка од моите и блиски пријатели. Ама тоа сум јас, а не реалната слика на голем процент на жените во мкд.
    Башка има животно осигурување, можда и ќе се офајдам.
     
    На Oneo, stsmua05, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.