Па не беше грижата за тебе, туку баш еве за овие жени што ништо свое немаат. Да речеме, ќе трпат и ќотек и варање и се. И оп, умира мажот? Станот под кирија, или на кредит. Што според тебе треба на направат?
Ај врати се и прочитај шо прашање ти поставив. Дали негде напишав дека треба да трпи некој ќотек, неверство или шо и да е? Те замолив да ме просветлиш како се работат 3 работи и истовремено се одгледува дете, сам. Ама немаш одговор и ми ставаш зборови в уста.
I mene me interesira kako uspevaat da rabotat 3 raboti i deca da gledat,toa treba 24 h da se na rabota a dete samo da se gleda.
Абе, дур не му дој на гла на некој, ќе кажва приказни како требало-шо требало. Во теорија е многу лесно, во пракса ич не е.
Па тоа се обидувам да ти објаснам, дека мајка во очајна ситуација, наоѓа сила. Како- не знам, и се надевам дека никогаш нема да знам. Тоа се мајки, жени-кралици. И треба да им се поклонуваме и восхитуваме. Примерот за којшто зборувам, е жена со две дечиња, кога се разведе едното беше 2ипол другото 6. Маж и, дома не се прибираше, по кафани цел ден, ја вараше со која стигне буквално, а не па дома да помага и деца да гледа. Само што работеше, и станот што беше негов. Еднаш-два пати и ќотек јадела. И пукна филмот кога се вратил дома мртов пијан. Нормално му пререкла, и почнал да се дере, кара, и постариот син дошол до него и му рекол тато не викај и го фатил а овој го подбутнал, детево паѓање, си ја удрил главата, па на ургентно. Мајкава- наредниот ден пакување куферите, кај брат и 1недела додека најде стан. Најде стан, еднособен. Во дневна спие. Работеше во државна администрација 8-16. Плата 18.000. Децата во градинка. Се враќа, ги зема, јадат, после тоа си зема материјали и почна да заработубас о нокти правење. Првата недела-ништо, втората недела веќе направи 1500, и понатака се повеќе и повеќе. За викенди, месеше кифли и ги продаваше. И ова ти зборам, без алиментација, зошто уште не беа разведени и немаше обврска, и ничија финансиска помош. Блиска личност ми е, па затоа знам и детали. Не ми де верува дека објаснувам нечија тешка судбина и борба за живот. Ама ај, се надевам дека барем малце ќе ви ги отвори очите. Сега ти одговори ми на моето прашање, да умре мажот што ќе прават овие жени ако не ова?
Епа поретки се, ама ние збориме пошо мислиме дека има родители шо ќе си ги примат ќерките дома.Ја дур куцам во вакви теми, и им викам разведи се/иди си, ни на крај памет не ми текнува дека нивните нема да ги примат дома.Извинете шо мислам дека сите родители се совршени и дека би им се нашле на децата во црни денови. И ќе се водат такви старовременски муабети, се` дур не си стаат сите прст на чело малце. не и` се работело за 15,000 , на друга малце и` биле, она неќела со факултет у кафич да работи, она сакала почетна плата 500 евра, се жалат у темине зашо имало две интервјуа за прием на работа ако платата била 20,000 , и полесно им е дома да седат да родат дете, ќе си седи она на Фемина ќе си збори по цел ден, ќе си работи по дома, и после кога ќе искочи сопругот ѓубре скапано, епа пари немам, епа сеа како под ќирија, епа пелени епа ова имате пример овде од жена шо успеала сама.Вие пак ,,аМа КаКо"? не се ни обидуваат да пробаат, немаат муда за тоа. @Directioner005 џабе прашуваш тоа за починувањето, навикнати се да игнорираат пасуси шо не им одговараат.Ја сто пати прашав како мислат една жена да стане финансиски самостојна, уште чекам одговор
Едно нешто ќе речам само, освен ако не е швалерка и да не се грижи за своите деца, ве жалам оние жени шо треба да мислат како да најдат работа засолниште и да одгледаат дете, само то че кажам.
Членката не ни спомна ќотек, насилство.. Ако се собереме сите може и шпанска серија да снимаме. Од мравка слон направивте, стварно не можам да читам без да се смеам.
Поклон до земја на жената. Не мораше да објаснуваш детали, никој не заминал ако му е арно. Веројатно истото шо и таа, со таа разлика шо ако почини сопругот ќе остане домот во кој живееле, автомобил и шо и да имаат ќе остане нејзино, ако може да се каже дека е некаква предност, за разлика од тоа ако сред ноќ се спакува и замини со децата на улица. Јас не сум против развод, напротив. Не викам да се трпи неверство, ниту пак маж шо не е посветен на домот и семејството па макар и верен бил, за насилство ич неќам ни да помислам. Ама дечки, големи одлуки се носат со ладна глава. Ова се животни одлуки, не е импулсивно купување на нови чевли, па да речиш пу, пу не важи. Тука најгласни се тие шо не се во брак и немаат деца. Не е исто сам, во врска, во брак, во брак со деца. И секоја ситуација е различна и сите околности се различни, исто како и карактери, темпераменти и одлуки. Сфатив само дека штом дошол некој на темава да бара совет, не може/не сака да се разведи од одредени причини. И џабе е и 600 страни да се напишат 'разведи се', секој разумен знае шо е најисправна одлука, ама да не им си во кожа на тие шо се во таква ситуација.
Знаеш колку фамилии живеат под кирија или станот им е на кредит што жената треба да го одплаќа после? Така што тоа за олеснителна околност паѓа во вода. Исто е. Секако дека во некои ситуации не е најпаметно да се излета низ врата со децата( освен кога има насилство, или екстремни случаи). Ама и те како треба да се реши за развод и ако веќе нема работа, нема финансии, да најде начин да ги стекне, за да има за почеток. А ако спиеме на тоа уво дека ќе се смени, нема веќе така да прави, и еве го две недели немал испад сигурно е сменет - нигде не стигаме. Така се во круг ќе се врти, од караница на караница, а они ќе се тешат дека ќе се подобри, и ќе продолжат да седат дома, да готват пеглаат чистат и гледаат по некоја турска серија. Тоа не е начин. Треба да ги поддржиме, советуваме да стават крај на пеколот, а не да ги тешиме дека е криза на брак, и ќе се смени.
Тогаш мислењето ти е неосновано. Што според тебе е правилно во ваква ситуација? Како ќе застане на свои нозе? Мора од негде да се почне, а почетокот за жал е најтежок. И што преглагаш? Дај совет и мислење. Да контрираме е најлесно. Ако бараме причини зошто да не си отиде, и дека е тешко, ќе најдеме.
не може секој да замисли. зошто полесно е да се чека од мажот и да се глуми совршенство.. коа сме кај лажење де.. не знам зошто ме цитираш, искрено те немав ни прочитано тебе, така да...
Те цитирам за да те прашам,да ти посочам,на форум сме или бирате со кого дебатирате,ти не си ме прочитала као,еве јас те читам,така да....ти реплицирав,извини ако не пак а?
Не е за извини, сакам да кажам моето мислење не беше наменето за тоа ти што си го пишала пред мене претпоставувам, па ми дојде чудно ...
Што не прашаш со колкав кредит бев коа се разведов? Еве ќе ти кажам. 17.000 денари ми е месечна рата на кредит. И да, не верувам дека има родители што ќерката ќе си ја остават на милост и немилост со деца на улица.