Има Лили. Има верувај. Инаку мислам дека доста е на темава. Многу, многу се избега од неа и мислам дека е доволно. Кажавме сите што мислиме, ако членката сака може да и се помогне со совети за работа, плати, кредити во банки и слични практични работи. Ајде да не земаме болна точка и да си мериме кој има најголем, доволно беше.
јас немам сретнато до сега таква животна приказна. ама ете.. имало и такви. Кејт јас не си "го мерам". баш напротив. после се што истерав ама баш ми е гајле ако некој седи дома и измишља причи од шо нема шо да прај ја дали сум имала помош или не. и моето се знае и туѓото (што не постои) се знае. Никогаш не сум се сведувала односно моето постоење не зависело од ниту еден маж на светот, али да, у право си. Темава забега пошто се најдоа со мувата на капата и одма другите лажат... у реду је. хехе.
Има, јас лично знам. Со муабет ти си го најде, ти ќе си го гледаш. Ние те изгледавме, те омаживме, нашето заврши. Цела куќа на братот на женава, неа ништо. Н и ш т о. Не дека мислев на тебе кога реков за мерење, општо зборам. Се губи суштината на проблемот само за да се докаже поента, а на девојката многу покорисни ќе сме и ако гледаме практично да и помогнеме, отколку ако само се караме ние меѓу себе.
Ама треба даима вакви муабети, да се работи на колективната свест.Проблемите на жениве овде што се искажуваат се тригер само.Од шо се ќути е на ова дереџе доено.За сите теми овде кај шо се јадат трици, од потомство на 40/50 години, кај шо и таму успеаа да се спукаат, но свекрви и снаи, до насилство во брак/врска, до неверство Само ќутете си Кучињата лаат караванот си врви
Ајдееее сега ќе испадне дека сите шо не сме одма за развод,имаме мува на капата и сме во слична ситуација ама си ќутиме и трпиме
Знаеш колку има такви,многу. За жал. Пред десетина години на спратот што ни е на приземје имавме прибрано подалечна роднина со две деца 11 и 13 год.мажот пијаница и насилник.Едвај ја натеравме да остане,срам и беше не сакаше. Родителите и беа со став дека е возрасна и сама треба да си ги решава проблемите со животот,не и отворија врата на нејзиниот поранешен дом. 2месеци кај нас живееше. На крај отиде под кирија во една соба со школски деца ,машко и женско. Свекрва ми со јадење им помагаше,друга подалечна тетка и даваше некој динар зошто со една плата не е возможно да живееш со школски деца. Така да,едно е кога имаш каде да се вратиш и да живееш со родители пак,што и не е финански товар кога родителите храна и сметки ке плаќаат, а друго кога немаш каде. А многу немаат каде,навистина. Исто знам и еден сумустрак маж од 45год. Се разведе со жена му,се заљубил као и кај мајка му се врати да живее. Нема секој пари да се разведе и да почне живот во свој стан.
Никој на никого не посакува да му се растури семејство. Ама, неверство бре не се простува. Алал да им е на тие што можат. Озбилно, алал да им е. @LiliBoz какви има да знаеш. Ауу не може да доаѓаш тука ќе сметаш на снаа ти и брат ти. Ами ќерко тоа е маж, ќе подвикне, ќе удри, потрпи кај ќе одиш. Иди цела во модрици, мајка и и вели пудра стави да не се гледа.
Искочи од контрола темава. Нели служеше само за совети делење на тие што се сретнале со неверство. Имате тема мислам за "финансии во бракот". Ако нема отворете. Или пак "развод или не". И пишувајте кој е за кој е против развод.
Ете, од нигде никаде вака човек ќе дознае и не знам што повеќе ме нервира. Дали мажот ретарда или родителите ретарди. Абе еднаш дете-заувек дете! Тоа ќе е мое и кога ќе има 30 и кога ќе има 60. Моја работа е да му го чувам грбот. Не значи да го направам шмокљан ама во вакви сериозни, да не речам клучни моменти во животот ако не сум тука за моето дете подобро да ме отпише од живите.
леле човек, те молам не се пронаоѓај у тоа што го реков си знае таа за која е кажано патем јас никаде не реков дека сум за развод
Некои и ги отпишуваат,многу родителско -детски врски се прекинати поради тоа што не помогнале кога требало. И јас на ќеркиве им велам дека цел живот ќе ми бидат деца. И секогаш ќе им бидам грб што и да им се случи во животот. Ама немаме сите исто мислење. Имаш луѓе ќе речат еј нека наполни 18 год и чао,што сака нека прави,нека нема кај да спие,нека нема,бездомник нека биде. Така и овие што не им отвараат врата на своите ќерки кои се жртви на насилници.
Сфаќам да сакаш да го осамосталиш. Колега има проблем со син му што на 22 год сем игри на пц ништо друго не го интересира. Ама во ваков клучен момент бре. Иди ќерко ја те раѓав за ќотек да јадеш. Одвратно.
Тоа не се родители искрено У службен весник ќе се откажам така Или ќе им го однесам говедото да си го чуваат
Прво пред да прекинеш брак, гледаш да бидеш независен колку можеш. Второ е да имаш кај да се вратеш. Во Македонија со една просечна плата и деца е речиси невозможно да опстанеш. Враќање кај родителите е најдобра опција, храна и сметки се барем подмирени. Ама многу родители не прифаќаат, не даваат поддршка. Не е само жената да собере храброст и да се разведе, мора да се мисли и што потоa. Помош треба, некои и од трети лица си ја добиваат. Значи јасно е, или родителите ќе помогнат или швалерот. Или си ИТ, доктор, имаш некоја јака работа, па имаш пари да се осамостоиш. Трето нема.
Не знам кое мислење ми е неосновано, очигледно не сме на иста фреквенција. Во каква ситуација конкретно те интересира моето мислење? Ете кажа за пријателката, браво, треба да е позитивен пример како една жена, мајка треба да се бори. Ама пази сега, да речеме дека некоја жена од Крушево на пример разбере дека пред 10 години маж ѝ се додворувал на некоја колешка. Притоа имаат хармоничен брак со деца, каде што сопругот е посветен максимално и како маж и како татко. Шо би требало да направи жената? Да го остави и да почни од 0? Да, супер. Кои 3 работи би ги работела во Крушево? (нека не ми се лутат членки од Крушево, само како пример за помал град со помали можности го земам). Занаетчии се тие шо се и и да те бива за нешто, тешко е да се пробиеш во малите места. Ај друга хипотеза. Финансиски и станбено е моќна да замине за 10 секунди, ама децата не сакаат да одат со неа, сакаат да се со татко им. Тој не го губи правото да е татко со тоа шо бил неверен. Друго-се јавува кај родители, брат/сестра, пријатели и ја кажува ситуацијата и добива ветер во грб да замине. Да прости, бидејќи тоа било во минатото и таму треба да остане? Еве, иста ситуација ама различни "сценарија". Не можи решението за сите да е исто. Барем јас не мислам дека тие одлуки се толку едноставни. И јас кога бев сама или во врска мислев дека за сите работи можеш да сечеш директно в корен и чао пријатно. Ама не било така, а тоа посебно ми се докажа откако станав мајка. За да не бидам разбрана дека со ова сакам да алудирам на простување на психичко или физичко насилство или пак неверство, морам да дадам конкретен пример. Додека живеевме заедно со маж ми, тогаш дечко знаев да експлодирам зошто кафето не ми е во омилената шолја или зошто водената крпа не е ставена на радијатор и тоа да го направам да биди толку голема кавга, како да треба поделба на територија да правиме. Во брак почнав да ги зборувам тие работи, ама не и да се карам за нив, а откако имаме дете среќна сум кога кафето ме чека на маса, па макар и во тањир било. Убаво е секој човек да е независен, да има свои примања, свој фонд, па и свој покрив над глава (незаеднички со партнерот). Реалноста е дека во мкд и со две просечни плати (не минимални) 4 члено семејство врзува крај со крај ако со тие плати треба да се обезбеди становање, сметки, храна, облека, кола и трошоци околу колата, летување, зимување, трошоци околу бебе, трошоци околу дете, трошоци околу студент. А за да успееш да го стекниш тоа и плус да имаш настрана лично твои пари, треба да имаш месечни примања од по неколку илјади евра. А ако го сметате вие за независност живеењето со родители и имањето на штедна книшка 3000€, многу сте во заблуда, многу.
И државата потфрла. Како што спомнав и претходно во темава, по Устав се декларираме како Социјална држава, а социјалните услуги се скоро па непостоечки.
Јас не верувам во простување кога се нема избор туку му доаѓа како изнудено под притисок кога изневерената страна нема каде да оди па мора да го преџвака понижувањето или некои што би кажале овде, работење на бракот. Не е простување ако живеењето со некој ти прави емоционална и душевна болка секојдневно. На луѓе заглавени во лоши домашни услови, нефункционални средини спасот им е можеби во наоѓање излез од лошата живеачка, дали ќе биде тоа кај родители, пријатели, роднини, не е важно, важно е да бидат подржани дури застанат на нозе после такви трауми. Независноста сама ќе си дојде кога ќе добиеш шанса за нов почеток во животот. Има секакви шанси, но мислам дека луѓето не се информираат или не се трудат да се информираат, еве што ми излезе при едноставно гуглање на подршка за невработени жени http://av.gov.mk/pocetna-ns_article-ipa-staff-mc3.nspx Имам гледано огласи и за други работни места, а на сајтот на АВРМ има и други ресурси, која сака може да го разгледа. Мтсп имаат други програми, дали и колку се спроведуваат може да го знаат само оние кои ги побарале или аплицирале за нив, а овде никој нема споделено, барем по темите кои сум ги прегледала. Еве комплетна листа од МТСП: https://www.mtsp.gov.mk/uslugi-i-prava.nspx Може ќе ѝ се најдат на некоја членка. Сигурно има и други опции овозможени од невладини и организации од други институции.
Во ред, тоа е твое мислење, можеби и мое, можеби и на поголем број на членките тука. Ама доаѓаат и членки што бараат совет и поддршка за да простат и продолжат понатаму и да ја надминат душевната и емоционалната болка. И нив не треба да им за звоца 'разведи се, не биди глупа'. Ако немам што паметно да кажам, одминувам, во сериозни проблеми не е само да се каже/напише нешто шо да е. Ај препрочитај ме уште еднаш пред да ме цитираш. Пишував за тоа колку додека сме сами мислиме дека можеме да сме независни и самостојни, ама реалноста е малку поинаква. И во брак е претешко, а камо ли сам со деца. Оти тука рипаа некои членки дека ќе направат капитал за не дај Боже ситуација, за да бидат независни. А под независност не мислам отворена врата со платени сметки и јадење кај мама и тато.