Па ти нели ќе створиш капитал, ќе бидеш независна, зошто ти е битно дали би те примиле или не родителите? На таква независност, верувам нема да имаш потреба да бараш такво нешто.
Ја пратам отприлика темава, не се сеќавам некоја конкретно баш за тоа да барала совет, не знам зошто си измислуваш, и сигурно се свесни дека овде може секакви опции да чујат, затоа и пишуваат, не очекуваат некои лице да им прават. Исто така никоја не ѝ пишала овде на некоја членка што барала совет дека е глупа. А што е проблемот ако некој се изјаснил што сака, нормално е сите да се стремиме кон нешто, стварно не разбирам што ти е проблемот?! Прво викаш да не им се пишувало за развод, после и ги обесхрабруваш да бараат било каква помош. Се ложиш на несреќни или што?
Да ти кажам право не мислам сега да вртам страна по страна за да барам дали и кој кога барал совет за да надмине неверство, ама ете нека сум грешка. Не постојат такви што простуваат и бараат подршка. Директно ниедна не вели 'глупа си', туку 'јас не сум глупа за да трпам'. Ако тоа не е индиректно навредување, еве и за тоа нека сум грешка. Се извинувам. Сите брзини ги измеша. Нормално е сите да се стремиме кон нешто. Тоа што упорно ми го цитираш беше упатено кон младите девојки што не се ни блиску до брак. Дали имам проблем? Не. Ама верглање едно те исто дека тие (ќе) се независни (дур мама и тато носат храна, плаќаат сметки и даваат џепарлак) и такви треба да се сите е даааалеку од реалната слика на мнозинството жени. Никого не обесхрабрувам, напротив, поддржувам сечија одлука, оти секој за себе ја носи најдобрата одлука и последиците од неа. А дали се ложам на несреќи? Не. Ама изгледа ти се ложиш штом убедуваш дека самохрана мајка со деца може да живее само од социјална помош. Па дури и обука им најде, да го пополнат слободното време, да не се бадијалџии де.
Читам цело време... Различни мисли, ставови, совети...Ви благодарам за истите. Сите сте во право, иако илјадници филмови се направија (никогаш лично од мм не сум имала никакво физичко или психичко малтретирање), ниту во врска ниту во брак, кажав и претходно, мислев дека имам идеален партнер до мене. Во врска со поддршка, да имам каде да идам, ама не сакам (моите родители живеат во стан од 45квадрати, значи во никој случај нема да можам да се сместам 'комотно' со децата, различна возраст сите три. Дома сите имаат посебна соба. Финансиска поддршка од моите немам, земаат мин пензија. Заштеда имам (работам од мои 20г уште како студент, освен последната година и 2*3 месеци неплатено, после породилно да не ги пратам во градинката на 9 месеци, работев до последен ден од бременоста за да имам повеќе време со нив дома. Никогаш со мм не сме делеле мои и твои пари (зема двојно повеќе од мене) Членката што спомена заштеда од 500е, не сакам погрешно да ме сфатеш, но дефинитивно немаш влезено ниту во маркет со 3 деца, а да не зборувам за во пицерија, игротека...За облека, обувки...(иако најголемото и најмалото ми се девојчиња, ретко што можам да искористам од облека и обувки) Несогласувања во бракот меѓусебно сме немале (кавгите секогаш беа околу влијанието на неговите, никогаш за ништо им нема повратено збор, секогаш молчеше и правеше се што ќе кажат, додека не завршивме на брачно советувалиште), расправии веќе пред децата избегнуваме... Од страна гледано некој што не го знае проблемот, ќе каже семејство за пример. Искрено и јас мислев дека сме... Многумина ќе ме осудат, ама останувам во брак. И да... поради децата(а тоа никогаш во животот, што и да се случи нема да им го нагласам), останувам за да не им го уништам домот, да имаат се што сама нема да можам да им обезбедам. Иако за жал имав испади и пред нив (периодот кога дознав) и сакав да си одам неколку пати. Беа сведоци на неколку големи кавги и се надевам тоа ќе остане зад нив. Фамилијарните односни веќе никогаш нема да бидат нормални, тоа ми е јасно. Е психички колку ќе можам... Тоа ќе видеме. Секое добро на сите
Добро зошто пак измислуваш? Каде тоа јас убедувам самохрана мајка дека се живее од социјална помош? Ниту има таква овде, ниту има само социјална помош по линковите, да сакаше да разбереш ќе видеше дека има опции и за домување, ама не дај боже некоја да разбере дека има опции. Засрами се.
@UnaLuna само еден совет сакам да ти дадам како дете што имал таков родител. Никогаш немој да им велиш дека заради нив си тука, бар не додека се мали, или па при расправија со нив не му фрлај се в нос дека се е заради нив сите кавги започнуваат, оти ти си останала. Ти поскаувам се најубаво и да си пронајдиш мир! Обично не влегувам во вакви теми, ама на некој начин се најдов ете овде.
Никогаш! Ветувам и на тебе и на самата себе (децата се мојот живот, никогаш нема да си дозволам да ги повредам )
Неосновано е од причина што не даваш решение на проблемот. Да седи и да трпи, а притоа да и се гади од него и да не може да го поднесе не е решение. Притоа, да и има нанесено таква психичка траума на сестра ти, тоа може многу лесно да и се случи дури и на твојата ќерка или нејзина другарка понатака, затоа што тој човек не е нормален. Каков хармоничен брак жити се, пиша не можам да го поднесам. Ако е добар и посветен татко, супер, нека биде и после разводот. Татковството тука не му престанува, напротив, ќе се докаже колку е добар татко кога ќе треба да се подмират трошиците на децата и алиментација да се плати. Што е со животот на таа жена што ќе остане во несреќен брак? Зарем не заслужува и она среќа? Или родила и тука нејзиниот престанува? Еве што би ја советувала ти членката, или жената од Крушево?
Уште еден доказ дека за џабе јадиме лајна овде, да ми извините на изразов, со совети и за џабе се прашува за мислење кога не се ни зема во предвид истото.
Убаво што даваме совети, може на друг ќе помогнат, ама еве кажи со една плата, 3 деца, каде да оди? Мислеш лесно е да им го уништиш домот на децата? Она знае како и е и што се проголтува во себе. Не е исто едно дете и три деца.
А ти мислеше ќе напишеш мислење и некој ќе се просветли и ќе те послуша? Цел живот ќе си го промени во секунда оти СуперДевојка на форум рекла дека не е ок?
Да де, не е лесно со три деца. Не е лесно да го напиштиш мажот шо зема дупло поголема плата. Ама флертувал со сестрата (и со којзнае колку можда за кои не знае), чудо големо, битно плата носи, деца гледа… И ова е ок, ама не барај совети, не брукај се… Не бе, Бриџит, ич нека не си го расипува ратлакот. И сестра ѝ нека ја викнат да живее со нив, поубаво да му е на мажето.