@UnaLuna што и да си решила, со среќа понатаму. Вака ок звучиш, претпоставувам во тешка емотивна криза си била кога си пишала овде. Никој овде не треба да влијае врз тебе што и да каже зошто под твојот кров никој не знае како е. Мој совет лично кон тебе, бидејќи се претходно што пишав претпоставувам сфати дека е општо и без заземање страна, е само ова- Најди психолог. Лично за себе. Бидејќи ќе ти е потребно за да го свариш тој момент, чисто за да не ти прави фрки во иднина.
Некогаш се мислам во кој розов свет живеете, ама невработена, ајде и да се вработи, со една плата, 3 деца, сама под кирија е речиси невозможно. Тие деца треба да се прехранат, да се облекуваат, алиментација би добила најмногу 3000 ден по дете, а може ни толку нема да и определат. Најлесно е земи децата, разведи се. Ама што потоа, имате претстава? Флертувал, ваљда, со сестра и. Ок. Пред 20 години. Оттогаш е посветен татко и сопруг. Не ја тепа, не ја малтертира. Доволно и е тешка ситуацијата, не е лесно да проголташ и да одеш напред. Ама женава е пред се мајка. И многу разумна и трезевна во ситуацијата.
Е од ова си патиме… Најмногу би добила по 3000 од дете..тие 9000 малце ли се? Еве и 6000,7000 да се.Боље него 0 денари Не знам дали ја сум удрена или вие нешто сте заостанати, во лошо време израснати, итн… Тогаш била сестра ѝ, од кај да знаеме дека во тие 20 год немало некоја друга? И таа да не ќе ѝ каже? Еј абе маж ти ми се пушташе/имав односи со маж ти и пак они за парите Онака веќе греота ми е да трошам зборови и мисли за темиве пошто мозокот сте го затвориле во кутија и не сакате да сфатите некои работи.Најлесно ви е да жалите некој и да сожалувате.А за практично решение нигде ве нема.Затоа и сме пропаднати ко држава Само на Фемина и Фб ве бива да паламудите и да бистрите умови, а решенија нигде
Кој што сака нека прави. На крај секој со своите маки. Сепак ако довербата е расклатена тоа ќе трае долго и засекогаш... За жал. Некои може да живеат со тоа некако, други не. Кој како сака така.
Членката одлучи нема што да се мешаме повеќе во нејзини одлуки. @UnaLuna советот од @LiliBoz не е лош, некогаш сеанса на психолог многу помага и во денешно време е подостапен,со упат од матичен можеш да си закажеш термин. Ова сфати го како најдобронамерно. Ти посакувам среќа.
@UnaLuna со среќа нека ти е, ти си знаеш зашто и како вака одлучи. Според мене сестра ти не би требало да ти каже кога веќе толку години молчела.
Јас не се расфрлам со конкретни совети во комплексни ситуации, каде притоа треба да се носат животни одлуки. Можам да кажам објективни опции, решение на проблемот ќе си донеси тој шо треба да го реши, не јас, не ти. @UnaLuna ти посакувам среќа од срце и мое мислење е штом веќе си одлучила да останиш и продолжиш напред, да не копаш повеќе по минатото за да не се измачуваш себеси.
Пред да се вработам за 15.000 прва плата, се прашував каде им одат во месецот парите на моите. После кога почнав да ја заработувам, одприлика вака одеше приказната 3000 храна за на работа и факс и пропратни трошоци, 1400 карта за автобус, Испити за на факултет 2000, Сметка за телефон 1400, Трошоци нередовни за алишта за на работа или сезонски обувки ако немало од претходнп (сепак не можев во патики да одам на работа заради типот на работа), и ќе купев нешто за дома за јадење или ќе излезев на некое скромно кафе и оп платата отишла. Зборот ми е и јас викав ееее двајца родители работат и каде се парите што некогаш викаат немаме, а јас сама со минимална плата, нивен покрив на глава, без деца, и многу скромен придонес кон семејниот буџер (една сметка и нешто за јадење) едвај дотуркував до плата. Теоретски лепо звучи, малчича је друкчије у пракси. Проверете во моментот колкава е основната потрошувачка кошница, чинам околу/над 30.000 денари, што значи за покривање на основни производи се потребни бар 2ца со минимална плата. Многу е лесно да се продаваат бубрези тука, ама со мала плата и 3 деца, без покрив на глава под кирии, сметки, па се разболеле деца, па и они имаат потреби алишта школо родендени, тешко дека ќе се излезе на крај. Да не зборам колку примери знам што мажите не ја плаќаат алиментацијата и со години се тужат за тоа... Значи да не сте во кожа на мајката, многу е лесно дома во топло, се подмирено да се кажуваат совети. И да, не мора никој да ве послуша, тука сме да споделуваме мислења и искуства. На жената и посакувам да се износи со ситуацијата како најдобро знае и мисли, и да се обрати на стручно лице кое ќе ја упати полесно да го прифати моментот што се случило, или да и укаже на евентуален излез и решение.
Ама што мешате дали имало и со други флерт? Ок, сега длабиме за оваа ситуација, за која не знаеме подетално детали, да, е гадна ситуацијава. Да, се согласувам да најде психолог за неа лично. И да седне повторно со маж ѝ, ако можат да разглабат за да ја изглатнат ситуацијата. Инаку 9000 не се за потценување, ама како ги преувеличувате, алал. Нам 9000 сметка за струја нѝ дојде, со умерено штедење.
Епа пошто црвот постои.Јас во лага кога ќе фатам некој, познаник/другарка/другар било кој, после кога разговараме за подетални работи секогаш го премислувам пошто имам сумља дека ме лаже.
Живот има надвор од форумот. Излези, прошетај, па после ќе зборуваме. Ок. Реалноста е нешто сосема поинаква од она што вам ви се свртело во главата. Ама млади си, па ти се простува. И јас бев вака вжештена, јас ова, јас она, ама многу е поинаку кога го одеш тој пат. И пак ќе кажам, не правете споредба сами, со едно дете и со три. Деца се во прашање, не кучиња. Никогаш ова не сум го рекла на никого, ниту пак ќе го кажам. Секој сам си одлучува за својот живот. Само пробувам да ја сфатам одлуката на жената,прво како мајка. Секогаш велам мајката за да биде добра мајка мора да биде среќна. Ама мајката нема да е среќна ако нејзините деца се гладни. Она нема услови да се врати кај нејзините, не можат ни сметки да и покриват, ништо. Ама еве ќе го остави мажот и со три деца на улица. Вака замислувате? Еве каде ќе оди?
Јуле, кажав претходно што имав и како замислувам јас да сум на нејзино место. Јас не би била среќна да живеам со сомнеж и да ми е гад да легнам до него и не би си ги изложила децата на тензична средина, нервози, препукувања и сл работи кои би следеле по “простувањето”. И не, нема да заврши на улица ама ете некому не му се напушта удобноста и сеа одма се вади најцрното сценарио. Исто ко една шо пиша “имам куќа кај да одам ама нема греење во неа”. Изговорите пуштени на најјако. Ама јас сум јас и моите размислувања се такви, ти си ти, членката е сосем друга и таа одлучи да остане, така што пак ќе речам, наздравје да ни се триците.
И мене ќе ми се гади и во ист момент ќе заминам, ама јас имам кај да одам. Она нема. И тоа е разликата. Те прашав, каде да оди? Ако веќе бракот не функционира, нека се вработи прво, нека проба да се осамостои па потоа нека се сели. И секако нека се договарат, да делат трошоци околу децата. Тогаш да. Вака јас сум само реална.
Како да немаат некои луѓе директен контакт со реалноста и живеат во роза свет. Се додека се децата под покривот на родителите, најголемиот дел и се трудат да ги поштедат од сите помали и поголеми битки кои ги водат на работното место, со институциите и се што е тековно додека се наполни фрижидерот и се платат сметките, изгледа ќе имаме и вакви ситуации. Чудење како тоа било невозможно кирија да плаќаш, да гледаш, раниш, облекуваш три деца со една минимална плата. Секој заслужува искрена љубов, верност и доверба. Ама не е секаде така, животот некогаш си има свој план и некои скршнуваат од истиот. Некои ќе ги надминат проблемите и се трудат посилни да испаднат од таа криза. Некои не. И да, одма се вика оди си оди си оди си. А каде ќе оди? Сериозно, како се замислува животот со три мали деца и минимална плата. Свесни сте дека е борба за место во градинка? Свесни сте дека фазата на адаптација може да трае со месеци и некој треба да дреме во дворчето или да е на повик. Свесни сте дека барем првата година се повеќе дома, болни, одколку во градиката. Свесни сте за сите термини кои се потребни за се да функционира и цела организација кој ќе го вози детето и ќе седи до него, кој ќе седи со другите итн. Се надевам членката ќе има искрен и долг разговор со сопругот и ќе донесе одлука која ќе и донесе спокој и мир.
Точно мила, не ми се напушта удобноста, но не мојата туку на децата. Искрено, никогаш не би можела сама да им овозможам се што имаат сега. Пред нив функционираме најнормално, не се расправаме, мама и тато се сакаат најмногу (јас знам како се носам со сето тоа) и пред децата и пред сите други. Со него легнувам кога јас имам потреба, а имам. Погадно би ми било да легнам со друг па да си ги гушнам децата. Лично за мене, морам да побарам помош од психолог за да во иднина се изборам со сето тоа и со себе, а последици во бракот секако ќе има (веќе одамна има)