Така е скроз се согласувам. Не сум во брак не сум ни блиску ама сум дете на разведени. Мајка ми се избори како лавица. Се можеше да му земи на татко ми ама ништо не зеде. Татко ми не плаќа алиментација никогаш и фала богу немало потеба. Од сите другарки се остаени родителите и мајките имаат потреба од алиментација ама ете не плаќаат татковците то е. Сите можат в место да тапкаат и да се жалат оти сите се различни карактери и индивидуи. Опкружена сум со жени што се избориле како лавици исто и од жени што се ограничуваат и не прават ништо.
Џабе сите примери шо ги давате..они упорно не сфаќаат, или не сакаат да им сфати мозокот нешто повеќе. Алал да ѝ е на мајка ти
Да не заборавиме и дека татковците ги земаат децата за викенд ден ипол се кај нив,и тоа одредени татковци.Најчесто тераат инат не плаќаат алиментација и не ги гледаат децата.Мајката се бори како лавица,трча на сите страни и успева.Ама што се пропушта?Нема време за приватен живот,нема финансии да си приушти викенд или не дај боже масажа. Цел живот го поклонува на детето.И се појавува таткото клошар после 18 год ја криви мајката ја ебе психата на детето.Колку таа мајка се истрошила и физички и психички.Успеала ама многу жртвувала.
Некогаш треба и сам човек да си ја фати судбината во раце... еве мене мајка ми секогаш ми вика од многу мала немој од маж да зависиш, немој да се мажиш млада, изучи си за докторка ќе си бидиш рајат за да не живееш како јас што живеев.
Ама зошто се коментираат само парите? Каде се чувствата на децата? Расипуваш семејство,рушиш дом,доста сте запнале само за финансиите. Во случајов децата живеат во хармонична средина,проблемите и кавгите ќе си ги решаваат подалеку од нив. Цело време само за пари се коментира,емоциите никој. @LiliBoz ти ја препорача серијата Maid? Вчера ја почнав,да ја догледам и ќе споделам мислење.
A demek ako se vo brak 90% od makedonskive zeni so ovie plati se utepaa od idenje na masazi..za edna masaza od pola saat da ziveam i delam krevet so nekoj netokmu kreten.
Сѐ е до перцепцијата и приоритетите, на некои комфорот им е жртва, на некои менталното здравје, некои што и да прават ќе се ставаат во улога на жртви и тоа сѐ е во ред. Секој си прави како му одговара во однос на сопствените приоритети, се друго се изговори.
Не можев една недела да си дојдам при себе од серијава може и дека во пмс бев, ај баш сподели впечаток. Плачев додека ја гледав, не знам зошто толку многу ме погоди. И дај стварно, тие што не сте биле ни приближно во ваква ситуација воздржете се малку. Во ред е да напишете како во моментов размислувате и како би постапиле ама ни најмалку не сте свесни што значи улогата мајка.
Не сакав тоа да го кажам.Јас како мајка во брачна заедница имам помош од маж ми.Ако ништо друго во аптека ќе тркне,ќе однесе децата во градинка,ќе ги избања.Тука мајката е цело време сама.Не дека треба да трпи,воопшто не.Ама ние ќе се клањаме на мајките ќе викаме лавици,а они истрошени до срж.Таа ми беше мислата,во смисла она е лавица ама животот како и поминал она си знае.А сите имаме еден живот.
Демек никој не трпе изневерување, а во реалноста толку многу има жени и мажи што се жртви на неверство и остануваат во брак и покрај сѐ
Обично тука се доаѓа за совет, ако одговорот е очигледен и повеќето истото го кажуваат, членката ќе го примени тоа. Тука ми изгледа како да е тотално несигурна дали треба да остане во брак. Многу жени не сакаат да излезат од несигурни бракови поради понатамошните препреки и тешкотии, па остануваат несреќни, а тоа децата ако не сега, покасно ќе го сфатат и сами ќе се осеќаат виновни, и онака хармонијата во домот никогаш нема да е иста, а таа тензија е тешка.. Не ја осудувам членката, она си знае што ќе прави, само онака гласно размислувам оти е најчест случај. Остануваат..
Ни ми си под кожа, ни знајш што сме поминале, ни знајш зошто работи мајка ми ко лавица а ни како и поминал животот за да кажуваш.
Значи ништо лошо не кажа членката, зошто вака ѝ пишуваш? Ако е за кажување пола од коментарите овде не треба ни да ги има
Самото тоа што кажуваш дека е лавица, кажува каков живот живее. Може од твоја перспектива е едно ама таа најдобро си знае. Лесно не е во никој случај.
На мајка ми како и поминал животот јас знам не знаеш ти, исто како што не знаеш зошто мајка ми останала долго во брак. И не, не е истрошена и има време и за нејзе и за мене и сегде си одиме и си шетаме заедно. Како ЛАВИЦА се избори за да си го достигни сегашното. И преубо ни е
Не можи еден збор на форум да го опиши животот на мајка ми Едит- мене муабето ми беше дека мајка ми се бореше не остана во несреќен брак и не цупкаше в место
Алал да ви е ви посакувам се најубаво. Јас незнам ни дали се развела ни дали останала во брак.Ама знам дека оние што сами чуваат деца без никаква помош не им е лесно.А уште ако сами се грижат за финансиите.Да одиш на една две работи,да чуваш дете,шеташ,и притоа да не си истоштен е преголем успех,дури малку и нереално.
Не е ни битен животот на мајка ти туку тоа што го кажуваш. Членкава ја напаѓате што останува во брак и како пример ја даваш мајка ти како лавица, а уствари била зависна од татко ти, го искористила да ве издржува додека таа завршила факултет, вие израснати и тек тогаш се развела. Од кај знаете што и е планот на членката? Ти си знаеш како ви е навистина дома ама примерот со мајка ти не е соодветен. Ќе беше ако си отишла во најтешкото, па се изборила како лавица како што викаш.