Не знам, јас друго прочитав наназад страни. Дека останала во несреќен брак со татко ти, завршила факултет и се развела. Ти си знаеш како е навистина, мене ништо не ми менува.
Па еве никоја не се јавила што мажот ѝ се пуштал на сестрата да пише за конкретната ситуација, во спротивно не треба ли да се пишува? Еве јас пишувам во улога на мајка, ако мора да ми бидат валидни мислењата. Колку што знам мажот ми не ме изневерил досега, но да дознаам дека се пуштил на сестра ми, за нас ќе нема живот под заеднички кров веќе. И јас нема каде да одам во моментот но да се најдам во таква ситуација, полесно би ми било да си скратам од нокти, фризури, масажи отколку да треба да спијам до таков фрик. И доста го претставувате разводот како крај на светот за децата, или како и они да се разведуваат од таткото. Хармонија не се одделните соби и пари за оригинал патики, јас не би можела да ги лажам цел живот за "нивно добро", отсекогаш се трудам да сум отворена за сѐ со нив. Од сѐ што имам видено, немам дилема дека од несреќни бракови не може да излегуваат среќни деца, не е ни некоја наука ова. Но ова е само моето размислување.
Епа тоа ми беше муабетот,ќе се бориш,ќе ги чуваш од мали,ќе забаталиш твојот живот,ќе се посветиш на децата.Ама пак ќе ти кажам тие се измачени жени.Им поминал пола живот на 50 год,а за себе ништо друго не си направил,освен што пола живот ти бил борба за децата.И ова сега правиме муабет за мајки кај што таткото стварно не дава никаква помош,а они немаат помош ни од домашните.
Што се објаснуваш јас не знам…овде од мравка слон се прави. Сега мајка ти испадна од корист била со татко ти. Страшно е што се без осет се пишува. Викаат “ Сто стапа врз туѓ грб не болат” а тие истото го прават. Од мене имаш подршка.
А кој ја навреди или не и дал поддршка.Се навреди зошто и реков дека мајка и е лавица и браво,ама дека за да биде лавица се истоштила.Незнам што погрешно и се кажа за така да реагира.
И шо ако им поминал животот? После некое време може ќе имаат време за себе. Сама ќе се лакирам и фризирам.Не мора да терам со сите марифети. Боље да немам луксуз него со дибек некој да седам. Не е сѐ во парите.Кај е душевниот мир? Самопочитта? Вака ќе си ги учиме децата?
Искрено ич не се замарам хахах. Ако била од корист мајка ми тогаш оти не пишавте дека членлата останува во брак од корист
Страни назад го напишав истото, дека нема да можам да простам вакво нешто. Меѓутоа, жената се изјасни дека останува во брак од нејзини причини и сега девојчиња што денар немаат заработено во живот и прават математика како со минимална плата да чуваш 3 деца. Тоа ми беше муабетот за воздржаноста, не дека нечии мислења не се валидни, едноставно не се реални.
Преиспитај се сама. Не мора јас да те преиспитувам. Претерувате. Барате пример и да прочитате разно-разни брачни приказни а молите Бога никој да не пише.
Епа нема изгледа мир и самопочит. Не испохејтаја прво тебе оти не си со исто мислење после мене оти кажав пример што ми е дома и сето то оти не сме ограничени со мозоците
Нема ја што да се преиспитам.Тврдам дека не сум ја навредила на никој можен начин ама она почна да напаѓа непотребно.Само вие мислете си дека во животот се е црно бело.Дај боже бајковито да ви биде.
Па и јас сум на истиот став со нив, заработувам и ги знам математиките, и не е сѐ така безизлезно или невозможно доколку некоја сака да излезе од лоша домашна ситуација. Не мора да бидеш тепана за да ти биде неиздржливо во сопствениот дом.