Напротив вие и поединци што седите дома и чекате парички од маже мислите дека се е црно-бело. Јбг, не можеме на исто дереџе да бидеме.
Абееее За да те хејтам треба да ми значи твоето мислење. Ти се фати во голема лага, па сега пишуваш глупости. Не знаете каков план има членката како што веќе пишав, оставете ја на раат. И ја не знам, доаѓаат овде од деца бараат совети.
Комфорт го сведовте на нокти, масажи и шопинзи. Премногу серии гледате изгледа. Разводот не е крај на светот, ама во нашата држава е можеби потежок и од неверство во бракот. Комфорот и сигурноста, пред се, се за децата. Траумите не ги ни спомнувам. Селењата исто. Врска вие немате како тоа се одразува врз децата и низ што тие поминуваат. Син ми се уште ме прашува во која куќа ќе се враќа. Јас сама знам низ што јас поминав и низ што помина он. А имав поддршка, немав никакви финансиски проблеми, живеав и подобро дури. Никогаш не сум за останување во нефункционален брак, ама не го преставувајте разводот како лесен. Не е, особено кога немаш поддршка и немаш кај да се вратеш. И периодот после не е лесен. Но многу зависи и зошто се разведуваш. Има ситуации и ситуации. Не е исто ако се разведе жена поради тоа што е малетрирана, изневерена и поради тоа што и она самата си изневерувала. Тогаш разводот и е и олеснување.
Неповрзано со членката и ситуацијата. Ама чисто ме занима како тоа стапувате во брак без работа и без пари? Не стравувате дека баш ова ќе се деси? Ете јас сум детиште па ме занима баш како повозрасните мислат на оваа тема. И тие што имаат деца.
Реално, во многу бракови во кои е простено неверство, нема тензија. Се навикнуваат на новонастанатата ситуација.
Не стравував. Оти бев глупа. Вие, пошто сте далеку посвесни од нас, нема да си дозволите такво нешто. Нели?
Не знам Вајлд. Може летам со паметот. Ама, искрено се разочарувам пошто испаѓа дека скоро сите наши замисли се џабе, детски и дека за некоја година тоа се ќе е заборавено и ќе правиме спротивно од тоа. Баш така јас сфаќам од поголем број мислења "абе и ја така мислев на ваши години".
Јас само можам да замислам колку хармонични ќе бидат собирањата во фалимилја после сознанието дека мажов се пуштал на сестрава.. А бе идила. Ама ете кој како си мисли дека е правилно така нека прави. Пак ќе кажам после толку години немало потреба да се отвара пандорина кутија, освен ако и понатаму не се случува нешто и не останало само на тоа пред 20 години.
Тоа сакав да кажам. Не значи неверство и дисфункционално семејство(значи за луѓето што не читаат, не оправдувам неверство). Може да не ни има неверство а да е целата средина најтоксична што може. Еве и денес ја отварам темава и пак читам луѓе во меур - нокти и фризури. Демек сите прават секоја недела нокти и фризури па од тоа ќе се скрати и ќе се има пари.
Членка доаѓа си кажува приказна,долови дел од својот живот а ти и скокна небаре делови од твојот живот кажа.
И вработен да влезеш во брак, можеш да останеш без. Тоа не е гаранција. Кој и дали работи во брак е негово, нема зошто ние овде да разглабаме. Точно. Или и жената ќе изневери и ќе врати. И потоа може да имаат и добар брак. Зависи како ќе ја надминат кризата.
Не Не испаѓа така. Испаѓа дека сте посвесни од нас. Испаѓа дека ние бевме затуцана генерација. Работата е што грото од жените во брак се од мојата, а не од твојата генерација. И затоа има толку недоразбирања околу 'трпењето'
Ако се водиме по мислењава овде така ќе биде, најубаво слушај си дома како те учеле.Форумов ако треба да не` воспитува, и жени што на 30-40 години имаат речник ко 18 годишњаци..далеку ни` е летото со нив.Или како и да беше тоа. Дали ПМС или климакс ги дрма, нешто ги дрма очигледно.
Не, во брак без финансии може да влезе само некој наивен или ако доаѓа од полошо, па со бракот мисли ќе се спаси. Секако натака животот е непредвидлив и може да останеш без работа, без заштеда ама жена секогаш треба да има своја сметка со пари за не дај боже.
Зошто не? Јас не зборам конкретно, зборам генерално. Зошто жената и кога ќе пораснат децата е дома и финансиски сеуште зависна од мажот? Не мислам за ниедна членка, те прашувам општо. Или само кога ни одговара ќе одиме во детали, а инаку "не треба нас да не интересира"?