ауч. многу ми се сфиѓа кога ќе видам млади особи ко мене, женски поготово, што мозокот им работи пар екселанс.И што мислат со свој мозок, а не како мисли околината.Браво
Бидејќи ми ги вадиш зборовите од контекст а не ме цитираш еве пак ќе се повторам на што мислев: Поважно ми е моето ментално здравје и мир во мојот дом (макар било тоа гарсоњера) отколку да морам да легнувам до крај на животот до човекот кој ѝ се пуштал на сестра ми дури сме биле во брак. Во тој контекст беа ноктите и фризурите спомнати па пак извртувај ми ги зборовите.
Ти не ги знаеш моите причини. Јас се разведов со едно дете и имав кај да се вратам. Она има три деца и нема кај да оди. Види, јас не и велам трпи. Велам дека не е се така црно и бело со разводот, како што некои членки претставуваат. Пред се, мора во прв план да се децата. Што и како понатаму, кај ќе ги носи, дали може да ги одгледува сама, дали може психички да го издржи целиот тој период. Парите и нестабилноста се сериозен проблем. Ќе си кажеш, налет и неверство, ако децата ти страдаат, а ти си толку немоќен. Не сакам никој да види како дете страда во таа ситуација.
Јас познавам повеќе млади личности, околу 30г што се разведени, отколку постари. Младите сега не трпат многу, дури и без работа да се, се враќаат кај родителите
Има многу причини. Од мрза, од љубомора, од здравствени причини, а има и доста жени кои сакаат прво да ги пораснат децата, па потоа. Не секогаш има кој да ти помогне за одгледување на децата. Некогаш децата се болежливи, па градинка не е опција. Со деца никогаш не си на чисто.
Ние девојчињата денар што немаме заработено, учиме и работиме на нашата иднина. Не раѓаме деца по 3 деца на 20 кога немаме денар во џеб. Кога ќе изучиме, и ќе почнеме да заработуваме, се надевам повеќе од минимална плата што ја верглате тука, ќе почнеме да размислуваме за семејство, за после да нема кукање како 3 деца да чуваме сами со минимална плата.
Не те цитирав зашто видов два три пати спомнато, не само од тебе, и не ми беше соодветно. Со болдот се согласувам, ама само членката си знае како и е стварно.Ние од страна читаме и може само некоја замисла да направиме, нејзината реалност може да е скроз поразлична од филмовиве тука што ги правиме.
Супер. Уште да стане јасно дека не иде се како што си планираш и животот може да ти се смени од корен за една недела. Не знам стварно зошто толку осуди, како да на копче да се случуваат работите и секој ги има истите привилегии што ги имаш и ти, без разлика дали си свесна. Спојлер п.с. - не сум мајка на 20 туку исто така некоја што учи во рани 20ти.
Точно, ако е возможно да се одржи таа заедница без кавги, ако се доволно спремни партнерите да ја надминат ситуацијата. Кога се деца во прашање, неколку пати ќе седнеме и ќе бараме решение.
А не ни знаат дали иаме заработено.Баш со бубаче во лп зборев, како сум се снаоѓала за да не им трошам пари на моите пошто ми е глупо.Не дека нема да ми дадат, глупо ми е.Не сум толку мала веќе.Ама они се знаат
Епа не е баш така, барем во 21век има 500 начини да се заштитиш од несакана бременост, и тука нема изговори. Ама едукација треба! Едукација!
Ох, кога ќе слушнам лавица, коса ми се крева. Најискрено. Секој со својата приказна и својата судбина, ама не може некој да ме убедува колку е се лесно. Возможно да, лесно не секогаш. Има од причина до причина за развод. Со некои луѓе и нивните грешки за мене нема втора шанса. Но искрено верувам дека некои работи се решаваат со искрен разговор и нов почеток. Секој си знае најдобро кои се неговите граници на толеранција и најдобро може да процени со што и со кого може да живее. Јас сум дете на разведени родители. Не се трпеше веќе и не спакува сите и отидовме под кирија. Е немаше работа во моментот, па дедо ми ја плаќаше киријата со нивната скромна пензија. Куќарчето уште поскромно. Се сеќавам ``бањата` беше во дворот. Немаше плочки. Немаше ни врата. Зимоска бањањето беше хорор. Ништо чудно што икс пати заглавував во болница со пневмонии.(апропо исмевањето дека не е ништо без греење со мали деца). Со месеци чекавме секој ден некоја од тетките да ни донесе тенџерето од нивниот ручек. Екстра ставаа плус, да има нешто и од нас. Сиромаштијата беше лукзус за нас. После копаше лозја мајка ми, па имавме за ниво плус од најскромното. Ова е само мал, премал дел, од една приказна кога беше стварно неиздржлив животот со еден хроничен алхохоличар па моравме да бегаме само со алиштата од таа куќа. Последиците од оваа фаза за жалост цел живот ги носи брат ми... И да, реален проблем се финансиите. Каква и да донесе одлука не треба да биде осудена и исмеана.
Абе гледај со таков став сама да не си останеш од толку планирања. И пази што ќе земеш за маж, знаеш се што пиша и се што велиш дека тебе нема да ти се случи, бетер може да е. Дај разлаз на темава на некои членки кои упорно пишуваат глупости и врска немаат ни од брак ни од деца.
Јас се најдов за сходно да ти реплицирам, пошто почна да вреѓаш.Ниедна овде никого не извреѓа. Ти почна со муабети глупа ваква-таква.И ја сум избувлива и некогаш избрзувам, ама на ниедна членка овде НИКОГАШ не сум и` рекла дека е глупа.Дури и да го мислам тоа.Си преќутувам. А ти ако имаш комплекс на нижа вредност, па мора да ги вреѓаш другите, за ти да се осетиш подобро... е веќе нешто друго.И ако не можеш да рационалзираш како што треба.Прво, треба да ти е срам на годините да користиш такви изрази. Второ, се` сфаќате лично овде, јаките изградени особи. Трето, не знаеш да расудуваш. боље сама него да ја читаме во темава за некоја година, и да добива пропалитетни совети ( не сте вие пропалитетни, него советите шо се даваат се кршовини).Од што се брза за мажачки, се дешава ова. Ни работа, ни сигурност ни ништо, деца ќе праиме, свадба ќе праиме.И после се кука.. И се чудите на оние деца што поинаку се воспитани од вас, вие сте за крстење бе
Почна муабет за мајки лавица,од кај тоа дека некој или поточно подржа несреќен брак.Реков убаво,ќе се бориш за детето грижиш,ама да не заборавиме и дека животот мине а ти си се истоштил.Само тоа реков,дека е тешко на тие мајки.Таа какви сака или не ме занима