Јас пре ќе си репетирам пиштол неголи да барам пари од маж за кафе. Многу сум и благодарна на мајка ми што ме воспитала амбициозна да сум, да си имам свое јас и свои пари заработени за да си овозможам се. За себе си кажувам да не ми скокате.
@Feminka22 Не сакам да ти ги кршам илузиите, и дај боже да ти се оствари се по домашен есап...ама реалноста е поинаква. Се знае колку се заработува во МАкедонија(со исклучок на некои професии), и можноста да се заштеди некоја значителна сума, под услов до 30г да те ранат мама и тато, и да живееш во детската соба. Уз пат да се поштедиш од сите патувања и надоградби и се што кошта пари... Еве, си заработил некоја сума. Си викаш човеков е арен, ќе се зимаме, имам сигурност. И опс, треба да се даде заштедата за се купи стан, реновирање итн. Човеков нели, асален е, деца ќе правите, иднина планирате. Се додека не е веќе и по икс години се штракне со паметот.
Ама затоа треба памет во глава, ако е заеднички станот, супер, ќе ги дадам парите. После ако ме вара, куферите и пред врата. А да даваш пари да се реновира стан на свекрвата што гласи, е според мене малце ненормално. Ем без пари, ем ако му текне може ко парлал да те исфрли. Затоа малце размислете пред да се расфрлате со пари во туѓ имот.
Па може нема да се мажи во Мкд може во странство ќе се мажи? Може ќе оди во странство да работи. Ете ти си во странство,Германија така? Таму со една плата може да живее едно семејство+породилно даваат до 2 години. Зошто секогаш мора Мкд да биде на тапет и да се бутаат и други предлози. Има милион начини да се заработат пари само треба да се мрдне од мртвата точка.
Па во тој случај станот е заеднички, голема олеснителна околност кога доаѓа до развод, значи ти имаш пола удел во сѐ, дури и право да останеш, додека најголем проблем е кога жени вложуваат во имот на родителите на мажот.
Јас имам каде да живеам кога ќе се иселам од дома.Јас за мене си зборам пошто имам до негде загарантирана иднина, имам вишок дом, башка едно дете сум.Затоа зборам така, да беше другачије, од 17 години ќе работев и ќе учев паралелно за да не сум им толкав товар на моите. Од мала сум многу пресметлива, сакам да имам некој план, по кој ќе се водам.Дека може да се растури може. Во еден момент ќе останев без татко, а татко ми само работи кај нас, мајка ми е со пензија.Од кога се деси тоа, одма почнав да мислам што ќе правам понатака, пошто готови пари брзо се трошат.За факс 400 евра давам годишно, а имам уште пола.Ако се деси да треба да работам по 8 часа, а другите да ги учам, нека се деси, морам да го соџвакам тоа. Нема моиве цел живот да се до мене, баш пошто се постари, треба да мислам што побрзо што ќе правам во иднина.Не можам да се ослањам на парите што ќе ми ги остават. Мене не ми е проблем и да работам и да учам.Нема да искачам некое време, се` што ќе заработам ќе носам дома или ќе го штедам, океј е.Живот е, шо да правам, ако дигнам раце ќе умрам од глад, така?
Ја мислам трудна остани, да те земе дечкото и да те издржува. Каква работа, какво учење.. немој така сама да не останеш
Размислена е мојата. Се надоврзуваме на дискусија за проблем на жена која живее во Македонија. Слободно може да речеме и за жена која живее Германија, проблематиката би се претставила од друг агол. Јас да требаше да се оставам стварно не знам како би преживеала од причина што не беше изводливо да работам повеќе години поради термините на децата. Претпоставувам немаше да бидеме на улица, нели, социјално обезбедено држава, но сите термии и развозувања немаше да биде изводливо без поддршка од партнерот да ги постигнам. Мислам и Македонија, кога детето има логопедски, дефектолошки и слични термини, не само што од свој џеб се плаќаат, едниот родител не ни може да работи туку секој ден треба да го развозува по центри и дома да работи со него. Секој со својата приказна, никаде не е едноставно. Возможно да, но не и лесно. Ама нели, станот требало да се плаќа 30 г, оти само учество платиле... Или одевме супер штедачка опција кога седејќе дома заштедиле по 30-40 000 евра.
Јас јас јас сите реченици со јас ви почнуваат, ок разбравме независни сте, имате кај да одите, имате избор и најпаметни сте. Оставете ја женава со 3 мали деца и без работа да се бори најдобро што може за среќата и животот што го имаат децата до сега и од сега, некогаш и таква жртва е за пофалба и таа е лавица во мои очи.
Не знам дали толкав број жени бараат пари од мажот за кафе, јас лично барем не познавам, што океј, можеби моето мислење не е релевантно заради средината и други околности, ама проблемот е што во поголем број семејства ем двајцата работат ем пак едвај истуркуваат месец. Значи за заштеди и пари на страна пак треба повисоки приходи, па прво да се задоволени сите потреби, па од тоа што ќе остане да се тргне. Таа удобност ја немаат сите и нормално од тоа не ни можат сите жени во секој момент да имаат пари за "бегање".
Еее, тоа е најлошо кога вложуваат во имотот на родителите од мажот, а делот од куќата сеуште не е препишан на мажот. Така една моја другарка ко појде невеста кај нив, немаат буквално ништо. Го изреновираат спратот комплетно, за на крај мажот и почна да си брка швалерки,по цел ден по кафани, а она дома со свекор, свекрва на глава и се качуваа. Кога ќе му спомнеше сакам дете, абе ајде има време млади сме. Се дур не го откри, дека типот слободното време си поминувал со колешка од работа... Среќа што немаат детенце, си ги собра парталите и си замина кај нејзините. Ја бараше само првиот месец, да се врати и толку...
Сепак доаѓаме до заклучокот кој го кажувам страници наназад ДА СЕ БОРИТЕ. Едн жена што се бори и во Македонија,може да се бори и во Германија. Може било каде да се бори. Секој почеток е тежок и сите почнале од нула ама се избориле. Јас сепак не верувам дека мирно спијат ради лапсуси на партнерот, но тоа си е нивно.
Па да, баш тоа и го зборам и мислам. Жени немаат ништо од родителите што е и океј, не може сите да имаат. Денар на страна немаат и влегуваат во брак. Потоа доаѓа до тоа тој да ја изневери, ваљда и самиот свесен дека жена му тој ја издржува и нема каде да отиде, плус тоа деца и за децата таа мора да мисли, тој не. И потоа жената ќе дознае и ќе пише овде. Решение нема, буквално нема никакво решение за вакви ситуации. Ќе си кажат што мислат и ќе си останат со мажот, во вакви ситуации решение не е развод оти на улица со деца не се оди. Дома нема да ја примаат и така. Може некогаш на моменти ќе и текне на тоа изневерување и ќе се моли да е само тоа едно. Ќе проголта таа се и толку е. Жал ми е за ваквите жени, ама тоа е. Личен избор е дали ќе си имала пари на страна стекнати пред бракот или не.
А што толку ве заболе вас тоа??? Што и правиме ние на жената??? Каква иронија пак почнавте. Не се збори со вас дефинитивно,се нешто ви смета,ве повредува. Значи страшно!
кај пишав дека го спечалив? прво, на моите е второ, и да сум го спечалила, замисли може сум курва, може продавам дрога, може на лото сум добила
Да бе, 100 години се плаќа.. Преувеличувате само и само да бидете во право. Хипотекарни се обично на 20 години, учество се дава на почетокот, после 10 години брак пола е отплатен и имаш капитал моментално кој вреди трипати повеќе отколку во моментот кога сте го купиле, и што е најважно никако не си на улица со децата. Е па да ги пофалиме сите пожртвувани во име на бракот и децата и да го затвориме форумот, нема потреба од борба и дискусија.. Ако не се согласуваш со туѓи размислувања тоа не ти дава за право да му кажуваш на друг дали да пишува овде или не.
Е тоа е проблемот, а со тие пари ќе дадеше учество за стан кој и да не ѝ останеше, немало да ѝ пропаднат.